Значи морам пример упат за гастро оддел да земам, па они да ме пратат, односно они да креираат упат за крвна слика? Претпоставував дека е вака ама да си прашам..
Да. Они ни црп не даваат,немаат опција. Нели секогаш од матичен приватно си го плаќаме. Исто и брисовите
После колку време од даден сируп парацетамол може да се стави чепче или сируп пак да се даде,малата од денес ми е со тт?
Majki sovet kako se spravivte so virusov,osven sirup za tt sto mozam da dadam drugo,c vitamin davam,ama nedto drugo dali ima,izbezumena sum ne izdrzuva ni 4 saati so sirupot,kreva pak visoka tt,place,ne jade jade ,nejke tecnosti,a bre kje poludam,davajte sovet,ima li nekoj sirup za 3 godini za nastinka,grip?
Нема многу што да правиш. На моето му помага Алвоген (раствор за рехидтратација) да пие голтка по голтка. Му помага и за симнување температура. Исто таа помагаат и супите купечки што се пилешки само со фиде (пример таа со петелот на Подравка). Како раствори за рехидтратација се. Инаку температурата сама по себе не е страшна ако не е превисока и ако детето не е многу малаксано. Ако крева брзо после сирупот пробај со друг. На пример ако после парацатемол крева брзо, пробај со ибупрофен. Или ако со ибупрофен крева пробај со парацетамол. Мислам дека вториот ден е најбезврска кај вирусов, а потоа се подобрува состојбата.
Моево веќе 3 ден е зомби, ништо не јаде, повраќа, вчера и пролив, тт цело време, спие, матичната ништо не ни даде антибиотик, ворус некој, само течности, витамини и пробиотик. Среќа течности пие, вода и ОРС. Само кисело млеко јаде, што друго да пробам да му дадам? П.С. Што убаво се радував дека конечно 10.5 кила има на скоро 2 годинки, отиде радувањето, се топи секој ден.
Ориз варен/ печен но без зачини, компир исто така,супа некои грицки како двопек, соленки. Само да не е зачинета храната да не му направи проблем на желудникот, да не му го иритира. Сокови одбегнувај овие денови и благо млеко колку што може на минимум дури да се среди со проливот. Сируп за повраќање и за пролив не ви дадоа?
Еве на Вибер и пишав рече сируп Локомотив. А за проливот пробиотик, додуше нема денес пролив, ама за мешето да давам. Што вирус ќе беше ова. Страшно. Поживо и повеќе преткаше во инкубатор со 1300гр. кога беше. Сега не сака ни да оди, не се насмеал 3 дена.
Пробај да му дадеш пилешка супа од готовите (како таа со петел на Подравка). Моето со температура и стомачни вируси само таква супа го поткрева малку. Инаку форсирај солени стачиња, двопек и такви работи. Можеш банана од овошје и комопир и ориз да му дадеш. Нас матичната при вакви состојби ни дава Наусолвит капки или Локомотив сируп (двете се на база на ѓумбир).
Истото го помиваме минатата недела. Стомачен вирус. Дури после 5ти ден беше подобар. Од весело и активно дете тие неколку денови беше хорор, клапнат, со цифкање цел ден од болки во меше. Јас давав ентерофурил. Не сакав ама кога видов колку го мачи мешето, какви гасови имаше, а пролив не многу. Неколку пати само течна столица, на крај дадов. Се препороди после 3тата доза. Цело време сакаше да спие и стенкаше. Ништо не јадаше.Само ОРС и вода. Среќа цело време пиеше течности. Дури деновиве се враќа на старо. Инаку варен компир, ориз, крекери некои. Со помин да е. Мојот се исуши.
@JoyJoy Да беее петлето, го заборавив. Добра идеја. А грицки нејќе со очи да види. @duffi Толку долго тера вирусов? Леле. За спиење чудо е, цело време би спиел. Гасови ужас. Ќе пробам компирче и морковче после да касне, или супа со двопек. Не може само вода, ОРС и кисело млеко.
Гасовите го држеа најдолго. Повраќањето се смири истата ноќ. Ама гасови ужас. Кој знае колко ги боли. Уствари и јас го поминав. Ужас е. Целокупното оправување толку. Една недела. Се измачи и ние со него. Прв пат вака сериозно да биде. Мислам да биде вака малаксан. Ако сака да јаде нуди, супичка секако, таман ќе се хидрира. Мојот освен за орс и вода, за друго уста не отвараше. Се му беше НЕ. Тие неколку денови само НЕ слушавме по дома.
За храна што не внесува да не му се секирај, по страшно е ако не внесува течности. Тоа што спие е од што е омалаксен, истоштена му е снагата, сила нема. Околу една недела држи вирусот и уште една недела ќе му треба да се врати во нормала со јадењето. Мојата септември месец го помина вирусот и тоа тешко многу уште ми е сликата пред очи, сега овој да не а подречам како да ја одмина, ептен минимално дури и не го осетивме.