Нам па обратно, кога е спуштено дексазон, кога не е вентолин. Кој ќе им најде крај, сите различно кажуваат? Како и да е, реков дека се различна група, не можат да се споредуваат по јачина, нема логика. А за предозирање нормално кој и да е лекот ќе настанат проблеми.
Си има правила сигурно. Само што вентолинот е навистина опасен и може да доведе до гушење (обратен ефект) ако не се дозира правилно. И се случи на моја колешка и знам дека баш не е наивен. Моментално прави проблем ако дозата не е како што треба. Другиве два не прават таква реакција.
И нас обратно, прво пулмикорт, ако не се смирува тогаш и вентолин. Вентолинот може тахикардија некогаш да предизвика. Сте приметиле како им мириса здивот од вентолинот кога инхалираат? Инаку, така си е, лековите сите си имаат нешто.
Дааа многу му мириса. Од Вентолинот ли тоа? А јас мислам од грлото му е па само го проверувам, никогаш не си поврзав дека е од Вентолинот.
Значи ме просветли. Син ми фаќа бронхит напати и во тој случај ни даваат вентолин.... Здивот... Да не коментирам. Миеме заби, грло проверувам... 300 чуда. Ни на крај памет дека е од тоа. Јас направив филмови дека има проблеми со варење на храната
Не го одмина и синко вирусот со тт и кашлање, добар се наеднаш вечерва тт крена, 38.5 му е ама не спаѓа, му ставив чепче во 21ч еве го 2ч уште иста тт, стапалата и шаките му се камен ладни, а на гради, грб, чело е жежок, прв пат крева тт досега немал (15 месеци) и нз како ќе реагира, исто и кашла како со шлајм, ова се денес од нигде никаде, вчера бевме во игротека, можно е одма да го прифати? Утре ќе го носам на доктор ама долга е ноќва.. спие сега и си офка цело време
Ја знам дека лошиот здив имаат кога има шлајмче или инфекција, а у принцип вентолин даваат кога има спуштено на гради Со лесно мајка 7 ден сме со тт 38.5 се симнува до 37.3 и а помине дејство на сируп се враќа. Вчера бев на лекар Изоприназин 3 ×5мл ни дадоа, 2 инхалации со Пулмикорт 1×1 физиолошки Ц витамин 10 капки и електролити 1шумечо во 100мл. Со лесно.
Фала со помин и вас да ви е, 7 дена мноогу, леле душа исто е и кај синко 38.5 му паѓа и штом помине дејството на лекот пак крева, бевме на доктор малку и грлото му е црвено, ама крвна слика не направивме, му даде Алмацин сируп ако не му поминело за 2 дена да го почнам, е сега јас незнам што да правам, утре ќе барам крвна слика за да видиме дали е вирус, оти ако е, да не му давам антибиотик. Незнам стварно на мене е оставено да решам, јас не сум доктор
Ако почне да го боли грлото, ќе му го даваш сирупот. Ќе приметиш дека ќе одбива храна, а и одвај и вода ќе пие. Кај син ми минатата недела беше така, температура до 38.5, сам спушташе, црвено грло, омалаксаност. Го виде матичната, препиша Алицеф и рече да почекаме, да дадеме само ако почне да боли грлото. Следниот ден крена до 39.6, почна и болка во грлото, и почнав со сирупот. Ама и понатака креваше, уште еден ден над 39, после само над 38 и се стабилизираше третиот ден од антибиотикот. Ова кај моиве се случува од гнојна ангина.
Денеска бевме на контрола, подобар е, уште знае да се закашла ама гради и грло му се чисти, да продолжиме уште неколку дена инхалации само со физиолошки. Сега пак малата префати, полна е шлајм, кашла, нос и тече... и таа доби 5 дена инхалации со вентолин.
Мене страв ме фаќа како ги даваат овие кортикостероиди и бронходилататори кај кој стигнат. Колку што сум информирана, се даваат кај деца склони на опструкции. А не на секое дете, и за секоја кашлица. Јас немам ни инхалатор купено, иако еднаш матичната ми препорача да правам инхалации со пулмикорт на малово поради јака кашлица. Иако позајмив инхалатор, не го користев. Фала Богу, не ми затребал. Нема да се мислам воопшто доколку детето е склоно на спуштање на гради или опструкции, ама па на секое закашлување одма со инхалации... Не ми е струка, ама пак мислам дека се претерува, како и со антибиотици.
Истово го има кажано и докторката на малата. Не треба на секоја кашлица да се инхалира, па дури и да е со физиолошки. Малава ми кашлала само после течење нос. Се смирува само по себе, ни сирупи, ни инхалации. Да се има проблем, да, океј, и не зборам за на форумов, општо среќавам мајки што изнакупуваа инхалатори, а децата освен вируси и обични кашлици друго немале, никогаш не спуштиле на плуќа. И сега, ваљда затоа што го имаат, одма инхалации прават.
Не знам ни јас што да кажам. Нашата постојано ни дава инхалации, антибиотик многу ретко. Сируп друг некој за искашлување никогаш не ни дала. Секогаш прво инхалации. Еве малава ми е 11 месеци, ова ќе е трет пат како ќе ја инхалирам. Баш денес ја прашав за вентолинот ми вели немај гајле апсолутно е безбеден доколку се дозира правилно, ја прашав споредбено со кортико ми рече ова е помалку штетно. Се сложувам, се претерува во се, некои со антибиотици, некои со кортико, некои со овие имуноглуканите за имунитет... Јас сум најмногу за што помалку лекарства, за да се остави организмот сам да се избори, да се употреби нешто природно... ама кога лекар ќе ти каже, шубе ти е да не го послушаш.
Мојата обавезно спушта. Ама секогаш. И затоа сме често со инхалации, најчесто физиолошки и пулмикорт. Некогаш се смирува за три дена, некогаш мора и вентолин. Тоа е, знам како било со ништо не е и ќе помине, затоа подобро вака него алтернативата.
Мене и матичната и педијатрот од Ремедика ме натераа да земам инхалатор бидејќи имаше шлајм и кашлаше и инхалирав со физиолошки, па и најдов ултра модерен што е мал и не брчи уопште за да не се плаши и лупнав 4000 ко будала. Татко ми кога го виде се прекрсти и вика еве ја орл сум не сум педијатар ама инхалации за глупости не давам башка што ако има бактерија во носот може да се разнесе у грло, ме фати шубе и го спакував. Башка што на детето не му требаше инхалации туку антибиотик нешто што и двете докторки викаа упорно не и ме тераа да ја лечам со инхалации... ама друга тема е тоа...
Инхалации нашите мајки од секогаш ни правеле, над тенџере со крпа се сеќавате? Инхалации даваат за да се влажни стеблото, вентолин даваат за да се отворат бонхиолите, а пулмикорт за да се намали воспаленоста на белите дробови и душникот. Некогаш пиеме дури и зиртек. 8 ден спушти тт, правиме 2 пати на ден инхалација со пулмикорт за да се смири душникот бидејки кашла. Имавме направивме крвна, се беше супер само леукоцитите и тромбоцитите во пад, направивме и брис и чекаме резултати денес, ако има бактерија ќе почнеме антибиотик ако нема продолжуваме со Изопринозин.
Не. Нас никогаш не ни правеле инхалации. Еден куп деца бевме, ниедно не било инхалирано. И педијатар имаме во фамилија, никогаш не предложила инхалација за кашлица. И сега никогаш не ми предложила. Факт е дека не е за секое дете, туку за оние кои лесно прават опструкции и спуштаат на гради.
Баш ме замисли муабетов. Син ми е 2 години и 4 месеци. Нема до сега никогаш спуштено ни па бил нешто болен. Деновиве беше настинат со мрсулчиња и ни рече педијатар правете инхалации со физиолошки и пулмикорт да не спушти. Јас од пусти страв одма почнав да правам. (како мала сум имала хроничен бронхит и тоа ми се трауми од детството)