Денес 4ден како минуваме со тт Сега да не ја подречам не е качила од 19ч, но цела е испотена а само на пижамка без ништо е ме загрижува тоа потење и синоќа така се испоти но тоа беше после сирупот за тт Црп 26 леукоцити мирни, пиеше амоксиклав сега рече да прекинеме од утре со Сумамед да продолжиме Има и пролив од вчера, убаво си јаде игра весела е на тт од 39.7 таа играше се смееше неможеш да приметиш дека има тт е кога качи 40 почна да заспива ама веке имав дадено сируп па тт полека почна да се симнува Се надевам повеке нема да качи доста беше 4дена
@blessed.an потат после температура, се регулира и враќа во нормала температурата. И моево секогаш така и знам дека нема да крева тогаш. Со помин да ви е, ми се чини нема некој што не помина некаков вирус или грип деновиве. Од деца на другарки, комшивки, па и на колешка детето со тт и стомачен вирус. Само нека поминува кај сите.
Мајки 16мл Сумамед зар не е многу? Или да ја менувам одма, мене ми стои многу никогаш не сум дала толку мн сируп плус јак антибиотик
Ќерка ми имаше теменица како бебе, но откако ѝ се исчисти повторно малку ѝ се појави кога имаше околу 3 години. Така што веројатно тоа е нормално.
Од колку мг е сирупот, има од 100 и од 200 мг. Никаде не пишува 16 мл да се даде за 16 кг Ако е од 100 мг, треба 10 мл да се даде за нејзината килажа, ако е од 200 мг треба 5 мл
Да од 100мг е Што знам така ми кажа уште еден док ама сепак уште не бев сигурна и не сум дала Тогаш 10мл ке дадам Ви благодарам на сите
Од мене апдејт. Ќерка ми вчера почна многу да кашла, од кашлање поврати во спиење, температурата многу тешко ја симнуваше, блокмакс прв пат дадов и имаше ептен слаб ефект за разлика од далеронот. Се растекоа мрсули. Заради кашлицата го дадов антибиотикот со тешко срце (ова и е втор пат да пие антибиотик). Утрово е полуомалаксана, послабо течности ама еве до пладне е со 37,7 (се радувам на таа тт), се надевам веќе ќе почне да се средува. Живци искинав. Се надевам другите полесно ќе се справувате со вирусиве или ќе ги заобиколите
Ужасен е. Мојата беше со тт од петок до среда. Првите 3 дена под 38.5 не беше. После 37-38. Вонуста ништо не сакаше да стави. Арно цица, па тоа ја држеше. Нудев се. И здраво и нездраво. Ми јадеше едино супа петле на подравка. Мајка ми и дала дур јас бев на инфузија. Бев против ама тоа, тоа. Битно да се хидрира и јаде.
Мојата само на вода е. И супа и се нудам некогаш ќе касне едно лажиче, некогаш воопшто ништо. Од дете што не прибираше што јади, сега уста не отвора. Еве денес до сега само една лажичка овошен јогурт и тоа. Бевме пак и на доктор. има спуштено на гради. Па сега плус и инхалации со вентолин.
Мене уште првиот ден кога крена тт ми кажа докторката дека има некој таков вирус до 10 дена држел. На матичен кпга ја однесов, докторот кажа по кс може и грип да било. Те прочитав за брис и за утврдување грип. Следниот пат ќе правам.
@kukla21 ем брзо, ем знаеш кој тип грип е. Ама се надевам нема толку лошо да се разболат друг пат, уште се опоравуваме ние еве две недели се направи. А што се разгали, што не јаде ништо освен глупости , друг муабет.
Дали вашите деца при стомачен вирус имале главоболки? Малово од вчера ми е со тт, вчера еднаш поврати, денес пак само еднаш, течни столици имаше неколку, ама се жали на болки во стомак и главоболки. Вчера креваше најмногу до кај 38.5, денес оди до 38.9 и нозете му се ладни, значи уште ќе крева. Давам само ефералган, за среќа го пие, ама кратко го држи. Блокмакс не сакам да давам, освен ако ми качи над 39, не дај Боже. Немам кај да го носам на лекар, иако има дежурни, стварно ми прпа сега.
Јас со стомачен секогаш имам многу јака главоболка. Дека дехидрирам и паѓа притисокот, ужас е. Вирусов со кашлица ме фати мене, јадни деца како трпат, ова не е човечко колку кашлам и се давам. Умот и на бронхит ме одвеа, до толку не можам да се искашлам.