Ние често правиме инхалации. Но од 9 месеци прават бронхит. Исто и јас. Ако навремено почнеме со инхалација, понекогаш спречуваме спуштање на гради. Секогаш физиолошки раствор #1. Ако продолжи полошо >> воведуваме Пулмикорт. Ако падне на гради >> Вентолин. Ако имаме страшна кашлица од која не можат да спијат, Дексазаон, ама тоа е супер ретко. Секогаш одиме на опција, препорака од Педијатар. Ако не помогне инхалација, одиме со Антибиотик. Тој е последен.
Јас сум на ставот секогаш да се слуша матичниот лекар, оти тој го знае детето, го следи и му ја знае историјата. Ако смета дека треба инхалација, сигурно со причина ја дал. Имаш оправдана причина за инхалации, реално, и треба да слушаш лекар. Јас повеќе сум против препишување инхалации за секоја можна кашлица, макар и само со физиолошки. Проблем е што го спомна и @mimiiiii претходно, со инхалација може да се разнесе бактерија кај што не треба. Па уште поголема белја да се направи. Тоа ми беше муабетот. Пошто има лекари што препишуваат антибиотици уште непрегледано детето, за секој случај. Така ќе прават и со инхалациите, за секој случај.
Јас како дете одев на инхалации на ОРЛ за проблеми со синуси. Не се нешто ново само што во мое време се одеше во Амбулантите на ОРЛ одделенијата и таму имаше еден инхалатор за сите. Моево дете добива инхалации заради голем трет крајни (и од педијатар и од ОРЛ). Еднаш само добил Вентолин при опструкција инаку добива Пулмикорт или Дексазон ако многу кашла или е затнат инаку увото му страда. Еднаш сум го инхалирала и при ларингит вирусен зашто препораката од ОРЛ беше Урбазон инекции и антибиотик што немаше логика. Така што секој со своето искуство и според дијагноза. Овде сите доктори испаднавме.
Обично на доктор се носи, па да ве упати понатаму ако треба. Во упатството што пишува за предозирање?
Јас ги немам дома да прочитам, а на интернет за поголема доза не гледам да пишува. Само за возрасни најдов.
Тука пишува дека витамин Ц не е штетен ако се земе во поголеми дози, ама секако да се обратите на доктор. Јас мислам имам читано дека може да предизвика пролив поголеми количини витамин Ц, ама не сум сигурна дали е точно ова. Во секој случај, не би требало да има сериозни последици.
Не би требало да има проблем, и јас така мислам. Мојот е заљубен во нив, најгоре во кујна ги кувам. Секој ден ме лажи дека не му дала мајка ми за да му дадам уште едно, па после маж ми го тера да му даде. Како бомбончиња се баш.
На другарка ми педијатар од клиника ( секоја настинка спушта детето, сега е 5 годинки) им препорача секојдневно навечер инхалација со физиолошки. Дури и кога е здраво и право. Јас се сеќавам дека сум била како мала над тенџере со камилица или топла вода кога настината а често и кај матичниот на инхалации. Сега , точно и матичната и др.од Ремедика и двете на секоја кашлица одма ми викаат инхалација со физиолошки прво. Јас одма носам дете на преглед и правам крвна слика па сигурно не им е од ракав. Ама има секакви педијатри,за жал Почитувам, досега се покажало во ред. Не би да си играм ако педијатар рекол така. И двете последно даваат антибиотик, еднаш сум ги молела да дадат, па сметам дека знаат што прават.
Владее некој стомачен вирус периодов? Малава цела ноќ од 1 до сабајлево се утепа од повраќање... се исцеди дете, мислам на 20мин стануваше и повраќаше, киселина веќе почна од што нема веќе што... И гасови само, пролив нема, темп нема... Чудно дека нема друг симптом си помислив да не изела нешто што не треба (мада не пика во уста ништо). Има некој ваков вирус?
Офф душичка Има вакви вируси, на мојава секој стомачен вака ни поминува, само со повраќање. Давај ѝ од Орс електролитите или пробај финтата со кока кола голтка да се напие за да с престане повраќањето. Нас понекогаш ни помага.
Стално има стомачни вируси. И кај нас најчесто е така, само повраќа без тт, а пролив ако има тек нареден ден е. Дури повраќа само по лажичка електролити му давам
Ке се снаоѓаат до 1 со баба, до 5 со тато... Сега вода пиеше, за 10мин ја исповрати И направи свекрва ми супа, им дадов пробиотик.. ке и кажам ако успее и елктролити да и дава...
Дај и Наусолвит капки или Локомотив сируп. Тие спречуваат повраќање. На природан база се (ѓумбир). Пробиотикот не помага многу при повраќање.
Мојава поткашлува чат пат, суво ко нешто да ја грепка, ама онака кратко 1-2 и толку, може 2-3 пати на ден и ноќе 1 така. Гласчето у тој момент и делува ко зарипнато а вака не, се друго е супер, јаде, пие, игра скока, ништо невообичаено. Нема мрсули, нема тт.. Не ми се носи на док во оваа ситуација. Некој совет?
Mali goltki voda, po edna goltka, dve, duri da se stabilizira. I hrana isto. Vazno e da zadrzi nesto organizmot.
И јас помислив на тоа, еве мене веќе ми почнаа, кивам кашлам, очи чешаат. И пишав на матичната, баш да видам што ќе предложи.
Океј е, нема пролив, нема повраќање, само апетит нема.. но нормално. Како тргна реков што ке биде леле На 10,20мин повраќаше цела ноќ, заспи стани поврати заспи стани поврати.. Ама добро е