Што давате за повраќање? Што олеснува повеќе? И батково го фати, многу повраќа Пробиотик, електролити, к.кола... Нешто др?
Кока кола најмногу ни помага, потоа оризова вода ако сакаат да пијат, а од аптека лижавчиња на база на ѓумбир, Антиметил апчиња исто на база на ѓумбир или Наусолвит капки (ама последно кога ги барав во Зегин рекоа дека не ги увезуваат повеќе).
Чај од ѓумбир, црн чај, чај од нане....ама не му давај штом повраќа ништо оти пак ќе го поврати, треба да се смири стомачето за да почне да прима нешто од храна или течности.
Смекта или во краен случај давам реглан сируп од едно-две давања престанува, а после тоа продолжувам со смекта.
Мојата кога фати вирус со повраќање во мк.Бевме во многу аптеки и никој ништо не ни даде, не давале за деца.Па со молење оти требаше да патуваме тој ден мм доби реглан сируп.Наменет бил за деца што примаат хемо терапја.Многи јак ама после сирупот не поврна пак.
Нeмојте Реглан, ве молам. Особено не на своја рака. @mariz јас на ќерка ми давав лижавчиња за патување и и помагаа. На база на ѓумбир се. Исто така и кока кола помага. Никаква храна додека не се стабилизира мешето. Електролити (обавезно), пробиотик, вода...
Пуштив сега маж по лижавките, смекта. Електролити, кока кола имам давам... Ама во рок од 2 саати 6 пати повраќаше Веќе вода, киселина повраќа... пиеше чај, го поврати, кока кола по некоја голтка и по 10мин ја повраќа. Сестра му повраќаше од 1 до 5 (5ч така на секое), тек по 5ч се смири и последно поврати во 8 сабајлето два часа по последното повраќање... Така да и кај него очекувам така... до 12 има да тераме вака Со повраќање му олеснува, па полека полека се собира грозното чувство, плус болка во мешето и пак повраќа..
Мариз има некојнсируп Локомотив, не сум го давала ама ми го има спомнато доктор дека смирува повраќање. Аман бе ве сотреа вирусиве, нека минува побргу само
Малата поручекта се удари од креветот од страничната иверка, поплачи, беше црвена ама ништо, одма се смири. Сега ја успивав и чепнав на тоа место топче, неможам да дефинирам дали е џумка. Што да правам, тоа ли е?
Смектата мислам за пролив е. Електролитите се најважни во моментов. Да се рехидрира, друго ништо не му треба додека се смири стомачето. Види со лижавчињата, може ќе ви помогнат. Ако повраќа и во текот на ноќта, омалаксува, цело време спие, носи го на инфективна, ќе му стават инфузија, колку толку ќе се подоправи. Или по приватниве некаде. Јас дека лошо искуство со ќерка ми имам со ротата, па затоа веднаш на инфективна праќам. Ова чисто како инфо да го имаш, не верувам дека ќе има потреба. Со лесно
@mariz нас обавезно за нагоните за повраќање ни даваат вода од мента. По една лажичка ама се освежува одма како со чај од нане само појако. И мене ко ќе ми се лоши пијам по една лажичка и ми е подобро. Исто како @An-na и ние ноќе сме го носеле и за инфузија кога повраќал на секои 10 минути, ни електролити ни друго што ќе го напиев не се задржува дури трае повраќањето.
И мене ми се вртеше дека смекта е за пролив, ама ај му дадов.. лижавче до пола и му се спиеше, заспа пред 15тина мин. Па ке видиме... од кога ви пишав 8ипол до пред 15мин уште некои 5,6 пати поврати и тоа ептен се цеди до крај до желудечна киселина За носење не би го носела сега за сега, ако е истиот вирус од малава се надевам до сабајле ке е подобар...
Инаку за Регланот некој погоре спомна. Јас знам се дава ептен во екстремни случаи, за вирус кој се лечи во домашни услови, јас никогаш не би дала. Регланот не е обично сирупче, туку делува на централен нервен систем. Мене би ми бил крајна опција, ако ништо друго не помага.
Јас го имам дадено, но многу повраќаше, од едно давање и престана. Еве во 2ипол години само една лажичка има испиено. Инаку @mariz за смектата од доктор ми е кажано дека кога повраќа да давам од неа како електролитите голта по голтка и од неа престанува. Ми рекоа дека го прочистува организмот, валда и затоа го дават и за пролив.
Смектата е за диареа. Во самото упатство си пишува. Јас колку што знам делува на тој начин што ја стврднува столицата.
Мораше сепак да си поминат 5,6,7 саати. Кај малата толку траеше, кај синко 2,3ч плус и почесто... издржавме добро е.. последно поврати во 3 сабајле и еве го арен е сабајлево
Мила не си досадна подобро е да провериш истото мајка ми го правеше со мене немој да се грижиш. Јас добив мензис 1ва година средно,мајка ми се плашеше дали воопшто ќе добијам можеби нема да можам да имам деца ова она иако бев висока градите почнаја да ми растат здраво дете бев спортист ништо не ми фалеше,додека мојата брачеда со која сме иста воздраст разлика 1 месец само доби на почетокот на нејзината 10 година ... Јас колку што знам во пубертетот се уште растеш и се развиваш до некоја одредена граница колку што сум упатена...
Фала ти @mime87 Ја однесов кај педијатарот , ми рече не е воопшто рано , дека процесот е започнат ама дека не мора да значи дека би добила баш сега. Може процесот на добивање да трае и 2 години. Ако е така би добила на 11 години, што е ок. мене поради растот ми беше најмногу страв, ама сега колку расте нека расте, само да е жива и здрава