Ќе расте, јас добив на 12, само што наполнив. Знам дека на првиот систематски во средно, бев 158, на вториот во 4та 159, еден ден, значи се расте, сега се мерам 160...
Ептен ја утеши @koritsaki мислам немаш простор за грижа, но и кај секого е индивидуално колку и ќе порасне. Пример од околина ми е каде девојче доби на 9г, но нередовна, еднаш на 4м да речеме +/-. Сега е 16г и е 1.80висока. Растот зависи и од гени Јас добив на 14г, полни, од тогаш до сега пораснав уште некои 7см Сестра на 13г мислам, едвај уште 2см ако порасна од тогаш, но пред да добие нагло се извиши
Син ми е 8год.и му откривме алергија на млеко и казеин. Бидејќи е во растот и сега не прима доволно калциум, а пиеше многу млеко, дали треба да му давам калциум во таблети?
Најдобар показател е ако испитате калциум во организмот. Калциум се добива и од други намирници не само од млеко и млечни производи, не значи дека ке има дефицит.
Има ли некој вирус со покачена температура? Големиот поврати и на допир е топол. Температура имаше 36.7 сега после пола сат мерам 37.6 ми звучи зарипнато а денес не беше. Ама вчера вечер и вечерва ми е со затнат нос.
Да минатата недела беше 4 дена со тт син ми, со кашлање и носот течеше. @koritsaki најмногу е генот битен за висина, а јас да ти кажам мој случај, Spoiler: ... прва менструација 12 год, 7 дена имав потоа запре и по 2 дена продолжи и крварев премногу цели 17-20 дена, ме задржаа на патолошка на гинекологија, јас дете 12 год, никако не запираше крварењето и докторите мораа да ми дадат хормони оти лошо беше мн 60 дојде хемоглобинот, па ајде трансфузија, не сакаа да ми дадат хормони оти нема да сум растела, така и би останав на 160 см, не пораснав повеќе, но останав жива ама ова ради хормонските апчиња, пиев 3 месеци циклопрогинова
Нормално дека моето дете кожен проблем ќе фати у вакво време. Имаше како лишај, рапаво, сега е црвено. Не е толку страшно како на сликава, тука се чешаше,па се довцрвени. Само овде има, на стомакот околу 5цм нека е. Ново јадено нема...
Да пробаш со некоја крема. Такво слично како лишаи само не црвени ми се прават летно време, валда од жешкото и со канестен маст се мачкам ми поминуваат. Консултирај се со доктор за деца не знам дали може канестен маст да се користи.
Канестен се дава кај деца, само не знам дали ова ќе помине само со Канестен. Може ќе треба и кортико, јас имав нешто слично и тоа ми беше терапија, Афлодерм и Канестен. @TeddyGrey најдобро консултирај се со матичен и види што ќе ти каже. Исто можеш да пробаш со Еуцерин млеко за атопична кожа. Исто прашај и за цинк-оксид крема дали би помогнала во ваков случај.
Не ми се носеше по ординации сега. Зборнав со @Alishan30 , и на вибер со матичната. Двете ми рекоа со Антифунгал маст прво да пробам, а ако не се смири многу тенок слој афлодерм, не повеќе од 3 дена рече матичната.
Отприлика таа е терапијата. И на ќерка ми и имам ставано. Ако често се случѕва ова, можеби има атопична или чувствителна кожа, па можеби би требало да пробаш со козметика за атопична кожа, како Еуцерин, Мустела и сл. Нас драстично ни се намалија ваквите појави откако користам исклучиво Еуцерин за ќерка ми.
Синов закачил грипче . Ете го кашла , има и секрет ама не може да го исфрли никако . Се слушнав со матичната , сега за сега ми рече хербион за искашлување два пати на ден и марисол капки за носето . Дали е доволна оваа терапија , или треба и антибиотик да му давам ? На 31 март ќе полни 6 години .
Ако рекла матичната Хербион и спреј за нос тогаш тоа е терапија. Зошто би му требало антибиотик за вирус???
Обично сум го носела на преглед , ама сега со коронава и за него и за себе ми е шубе да се пикам во болница ( бремена сум ) и по телефон и објаснив . Затоа реков да прашам за мислење . Ти благодарам за издвоеното време и советот .
На малата пред неколку дена и се појавика вакви брунчиња, се на се ги има 6. Не му обрнав внимание додека не почнаа да се шират. Матичната и препиша Адвантан крем 1 на ден ама многу брзо се бриши кремот . Инаку изгледаат како со водичка полни. Знае ли некој што може да е?