Потребен ми е совет,уште подобро од стручно лице Децата имаат бронхит Кашлаат многу и жолтеникав/зелен секрет имаат 4ти ден со антибиотик се,опструкции повеќе не "слушам" Инхалирам 2 пати со салбутамол и давам 2 пати мукосовлан Кашлицата е интезивна а шлајмовите тешко излегуваат Дали да прекинам со нешто од лекови? Да додадам? Една недела веќе трае ова и ми е мака да ги гледам веќе вака Топла бања заради секретот секоја вечер,да не е премногу? Мед по едно лажиче секој ден Солени капки по 3-4пати на ден! Не знам да не претерувам? Како да постапам,што уште би можела да направам Секој совет би бил добредојден
Мукосовлан сирупчето би било добро да се прекрати, можно е да предизвикува поголема количина секрет и да не се постигне да се исфрли на време, од страна на децата. Битно е и колку дена правете инхалации со салбутамол? И дали доктор ви кажал дали има или нема обструкции? Можно е да ви го заменат и антибиотикот со некој со поширок спектар. Консултирај се те молам и со докторот на дечињата, сепак ги знае, ги слушнал и ќе ве насочи. Мој совет би бил само за муколитикот да се исклучи додека ве чуе вашиот доктор, да спијат на повисоко и со тапкање по грбче да се подпомогне да искашлаат.
Нашиот матичен е затворен заради случај на корона Мора да се обратиме во клиника а некако се плашам да одам каква е ситуацијата Не прими еден општ доктор пред 4 дена и беше со опструкции Сега се подобри,ама кашлицата е интезивна и многу секрет имаат Со салбутамол една недела инхалирам,прво 3-4 пати на ден па докторот кога ни го даде антибиотикот ни рече да намилиме на 2 пати Ќе видам како ќе се до утре па ќе ако морам ќе одиме некаде да бараме педијатар @wannaBeMomma шо сируп е тоа? Да прогуглам да видам овде дали имаме
За искашлување, ама лек е. Еве слика Малава кога веќе има секрет доле и го дава матичната, 5 дена се дава. И помага многу
Iako sme vo karantin ne odime nikade i ne se mesame so nikoj site po doma ne boli stomak.Malata 3 god i 3 m se zali na bolki vo stomaceto i ima prolivce. Posle sekoe jadenje ima prolivce. I dadov linex prasok i b6 apce.Sto drugo smeam da i dadam.Seuste se zali na bolka
Јас сепак не сум за да се експериментира и да се пробува ниту Ацц ниту ништо друго. Доколку имало опструкции тие треба да се слушнат за да се знае дали да се продолжи или не. Можеби и самиот салбутамол е доста за примање, можеби и муколитикот. Во секој случај лекувана опструкција треба да се слушне повторно, ако матичниот не е во можност, негова замена или докторот кој веќе ви ги препишал лековите. Можеби и премногу терапија да прави проблем, може и потребно е друг антибиотик, секое дете е посебна индивидуа и кај едно можеби делува одреден лек, а кај друго воопшто да не е ефикасно. Години не ни кажа, на децата? Лабораторија испитавте? Битни информации кои не ни ги сподели претходно @Mari*
@Mari* ќе ти пишам како кај нас делува Салбутамолот. После инхалација кашлаат интензиво, изгледа дека се влошува ама всушност им помага за искашлување и еден ден магично исчезнува кашлицата. Ама ги држеше 10тина дена. Момата ти е голема, терај ја да ги плука шлајмовите кога ќе и дојдат во уста, мојот сега последен пат успешно ги плукаше. А малиот тапкај го. И обавезно да спијат на поткренато.
Наеднаш вечерва во спиење почна да се врти дете немирно да спие мерам тт 38, 5 од нигде никаде, имате инфо околу матичниве како работат или во козле треба да се обратиме?
Следи ситуација, види други симптоми дали ќе пројави. Матичен консултирај по телефон, ќе ти каже што и како понатаму.
Колку што знам козле го означија како центар за деца заболени со корона доколку имаат потреба од хоспитализација, а другите случаи ќе се упатуваат на детска клиника. Најдобро слушни се со матичен орво
Лабораторијата овде е луксуз Ништо не им направија,заради опструкциите им даде антибиотик Едното скоро 4 другото 2ипол Вчера не им дадов од мукосолванот и кај малиот денес подобрување има шо значи не треба ни оној ацц дека и тој е за искашлување нека стои за недај боже Е сега големото има кашлица која ќе пробам да ја опишам Некое болно кашлање и вели дека ја боли грлото и градите додека кашла,опструкции нема,и цела ноќ мирно спиеа,дури и не кашлаа Е сега проблем се докторите овде Сабајле баравме во радиус 25км или термин за една до две недели или воопшто не не примаат Многу е комплицирано со нив Во клиника не ми се оди никако со децава Многу чекање,многу болни и заразени па не би ризикувала Затоа побарав овде совет,можеби глупо звучи ама каква е ситуацијата прво ќе пробам вака... Утре големата ќе ја носиме кај нашиот матичен ама малиот одбиваат да го прегледаат
Бидејќи повеќе време поминувам со малата , ја приметив дека чудно ги подгазува домашните чизмички, односно петичките и одат благо навнатре Ме фати паника зашто не е време на ортопедски прегледи, со оглед каква е ситуацијата со коронава уште долго ќе седиме дома и ќе биде ризик да одам на преглед. Сакав да Ве замолам, дали можеби имате некој совет во врска со ова или можеби некоја вежба. Детето има 5 години
имаше едни на постер во градинка... како ежиња се лепат округли се. уз игра да гази на нив... препорачани од ортопед..
Нека не оди дома со обувки, најубаво без нив, облечи и подобро подебели чорапчиња, или два пара. СОветот од ортопед е дома да не е облечено во нешто детето. @Mari* опструкција обично треба да се преслушува на неколку денови да се види дали се подобрува, некогаш треба лекарствата да се сменат/дополнат. Види и за малиот дали барем можат да го слушнат само.
@Mari* што направивте? Подобри се малишани? Од ортопед ние имавме препорака никако босо дома, демек стално со папучи и влошка. Обавезно, ај натерај дете да носи папучи дома. Носи влошки скоро од бебе, главно во папучи во градинка и во чевли надвор. Промената е очигледна, на подобро. Ама главно, поголем дел од времето е дома и боса. И на балет одевме, да вежба одење на прсти, мислам и тоа помогна.
Подобри се,ништо не ни дадоа од лекови,со се да престанам Ми препорача пумпа за нос за правосмукалка И во денот да внесуваат премногу овошје со мед и зеленчук Смутиња со мед вчера цел ден правев и некако деца до вечерта ми се расположија Онаа пумпата извади еден тон секрет Искрено прво се разочарав од пристапот на докторката ама сега мислам дека е во право Тие јадат овошје ама деца ко деца каде ќе изедат,каде ќе остават Не знам дали се должи на ова ама вчера псвен кога трчаа па ќе се закашлаа повеќе не ги слушнав Мали и тој е добар,вчера имаше проливче два пати преку кој мнпгу шлајм исфрли Во смутињата ми рече да ставам по 3-4 лажици мед (за двете деца) ми се виде малку премногу тоа ама помага доста И свинска маст мачкав плус.... Овде и онака е тешко да се дојде до доктори а периодов е уште потешко Плус мора да одиме во болници каде што лежат заразени па не ми се ризикуваше никако Тие болни и не дај боже уште короната на крш имунитет ќе се распадниме мислам