@anu6kaa Што направивте? Мојов вчера попладне се разбуди целиот црвен. Вратот, од страна на стомакот, под пазуви и скроз до доле од двете страни и над препоните. Не се точки туку вжарено му е . Докторката уште не ми врати на пораката од синоќа. Не знам дали да го носам на лекар а и каде воопшто со оглед на ситуацијава
Аман веќе од кожата на ова дете... Беше како црвено со црна точка, денес стана вакво. На грб е. Што може да е ова? @Alishan30 @Annath , било кој, пишете нешто, паничарка сум.
Што знам, ми личи на крастичка... може било гнојна бубуличка претходно, пукнала и се формирала краста. На тоа ми личи вака на сликава. Се чешаше?
Не. Беше како црнка. Бубуличка. Со врвче црно. Дури мислам кога ќе го допрев како да ја штрецав. Сега не направи така. Изгледа пукнало. Само едно е и вака веќе неколку дена и стоеше. Од што може да е ова? Опасно може да е? Да мачкам нешто?
Малата при мала нужда се пожали на болка. Ја измив и потоа на бришење имаше крв. Потоа ја легнав и видов дека е крвава доле. Ја прашав да не се чепкала, вика дека ја чешало и преку алишта се почешала и изгребала. Но гребаница немаше. Матичната вика не може да знае што е без да ја види. А потоа ми рече не била ситуацијата за по доктори. И да сме се чувале Прашањето ми е, дали е можно од што се почешала да се повредила? Вака добра е, не се жали на ништо освен дека ја чешкало прееска. Кај да одам, што да правам сега во оваа ситуација? По лекари ли да одам, од дома не сме мрднати од страв П.С. на сета мака ме насмеа. Кога видов крв искоментирав гласно дека има крв и ми вика "аа па треба да ставам улошка значи"
Писка малава не може да мокри. Дали знае некој, смее ли увин чај да пие дури земеме резултати од уринокултура?
Чај од брусница, ама ќе барате плод од брусница, не тој во ќесички. Најверојатно се работи за уринарна инфекција. Ставај ѝ топло на стомакот, накај мочен меур за да ѝ ја ублажиш болката.
Твојата е поголема, околу 7 мислам, има едни капсули Утисепт, на природна база се и многу се добри за уринарна инфекција. За неколку часа ја намалуваат болката. Ама се за деца над 7 години. Можеш да консултираш фармацевт ако случајно имате дежурна аптека, па после ако покаже бактерија најверојатно ќе ви дадат антибиотик. Инаку за чајот ефикасен е ама не знам дали може на деца да се дава, подобро брусница ко што кажа Нарцис.
Ви благодарам женски. Во тој момент прво на увин ми текна. Потоа се сетив на брусница. И дадов, сега пак мокреше, рече дека не ја боли. Мислам дека е настинка, но ќе видиме резултати што ќе кажат. @Lolipop23 5 ипол има, штом се од 7 нема да може мислам.. се чудам матичната ништо не ми спомна, па дури ни чај од брусница.. @NarCis@ од таа брусница имам за среќа. Еве мене не ми текна да и ставам нешто топло доле а баш добро ќе и делува мислам. Одма ќе пробам. Фала многу.
@Alishan30 @Annath ве молам за совет. Син ми има 4 и пол год и вчера заприметив на вратот отечена жлезда баш кај грлото. Му го видов и грлото баш на таа страна крајникот му е отечен ептен. Нема никаква мака ниту се жали на болка во грлото. Дали е можно жлездата да е од отечениот крајник? Со ситуацијава не ми се носи по лекари ама и премногу ми е страв. Мене ми изгледа дека крајникот се познава од надвор од што е толку отсечен. Немам веќе ум во главата. Утре ќе се слушнам со матичната ама да слушнам и ваш совет.
Секако дека е од крајникот. Симптоматологија може да развие деновиве, иако обично паралелно се јавуваат и оток и симптоми. Нека го види матичен лекар, ќе ви каже најдобро што да правите, зависно од општата состојба на детето.
Да, реагира лимфниот систем (жлездите) при отечени крајници. Јави се на матичниот, и нека го виде. Би требало терапија да прима и лрвна слика да се направи.
Не е многу итно прашањево но веќе почнав да мислам дека нешто може а иритира .. Значи малава (3г) веќе една недела па и плус константно се чешка на носе дури и се вцрвува малку некоаш на ноздрите , буквално на две мин се чешка , можно ли е алергиско нешто на полен или прашина нз.. сите забчиња и се излезени неможам да поврзам со тоа .. Дури и самата ми вели да а намачкам со некое кремче да не а чешкало ..
А има ли нешто да и олесне нешто полесно илип на природна база било што јас се нервирам кога ја гледам а не па она цело време да се чешка :/ за сируп за алергија не е мислам , јас дома имам али тој е за ептен изразена алергија ова кај неа е друго ..