Немам лично искуство со стомачни вируси, генерално лесно сум ги поминувала, затоа прашувам. Доктор ми кажа дека може, ама ете, јас да прашам. Детево има типична симптоматологија за стомачен вирус, ама се плашам да не е нешто друго.
@Annath не се вакцинираше пред повеќе од 2 недели? Можно е пак да има фатено толку брзо по имунизација?
Понеделник или вторник ќе знам. Иначе немам поим од каде, досега во градинкава немаат пријавено случај. @kristina.k пред месец дена. Не знам дали може да фати толку брзо, ама се е можно. Може не се морбили, ама паметот натаму ми оди
Дај боже и двете да немате проблем, и да не пројавите морбили. Јас не ни размислувам, на толку заштита секогаш постои сомнеж да се заразам, ама тоа е. Со лесно да ви мине вирусот
Ана глава боли од температура, ама не качуваат над 38.5. Барем кај нас кај рота вака беше. Ама секакви вируси има па може. А да пробаш со Неофен на Белупо е, јас го открив во Словенија, го има и овде. Досега најефикасен ми е.
Може секако. Иако доктор ми рече дека вака тазе вакциниран не би требало да фати. Во градинка досега немаат пријавено ништо, колку што знам. @JuLleE додека симнува од парацетамол, не давам бруфен. Можеби над 39 ако крене. Иначе тт се движи во интервал од 37.6-38.6, прееска само еднаш покажа 38.9, ама можеби лошо измерив. Сега во моментов е ок, јаде бисквити. Има апетит, бара благо, веројатно да ја врати енергијата. А давам течности цел ден, чај, вода, цеден сок, супа од петел. Друго не сакаше.
@Annath зошто не бруфен? Пак да спомнам, еве во Словенија не даваат никако парацитамол, туку само бруфен. И за притисок, бруфен. Ама за се. На мајка ми за ревматските болки исто. На деца тоа. Велат дека парацитамолот не бил добар. Кај син ми парацетамол не делеува. Он секогаш крева високи т оти најчесто го фаќа грло.
Може многу нагло да симне. Затоа давам само над 39 ако се качи. Инаку да, донекаде е подобар од парацетамолот. На големиот сум му давала кога имал гнојна ангина, оти тој крева над 39 тогаш. А на малово сум му дала само за болка во уво, оти не помагаше парацетамол. Ама не цела доза, едно лажиче само.