Познаници мои мака мачеа со малиот од бебе, константно имаше констипација. И кога веќе не биваше му правеа испитувања на гастро, а после и на детска хирургија. Тоа на 3 годишна возраст. Требаше да го прават операција, ама засега е на некои лекарства наменети за проблемот. Детето за да оди по голема нужда, мораа да му стават клизма, а тоа па си носи други проблеми. Знам дека на детска хирургија доаѓа тим од Бугарија и тие му го вршеа испитувањето и му правеа биопсија, нашиве не го правеле тоа. Али мој совет, запни му на матичниот да ви даде упат и пополека да испитувате дали има некаков проблем кој мора да се решава навреме.
Ovaj go zemav denes sekade barav nemase kako prasak samo ova bese so go najdov uste denes pocnav da i go davam...pa da vidime
Ce teram uste malce so ovie raboti go zemav eden sirup na devojkata pogore so mi imase spomeneto da stivne do nekade situacijava so pandemijata pa ce baram care.
Мојава немаше пробано до скоро, па некој и даде и мама мама шо е ова, мастика, сакам.. Еве, ама мастиката не е како бонбоните, се џвака малце па се плука.. И така грицнува врти 2 пати и плука, па ја учеше и баба и како се џвакале мастики.. Иначе мислам дека не е опасно, порано нас не лажеле дека е, дека ќе ни се залепат цревата...
Здраво мајки. Јас ако денес преживеав ќе живеам долго... Син ми(3 и пол год), му залетна бомбонче..... Неможеше воздух да земе, душата ми трепери уште неможам да се соземам. Фала му на господ маж ми беше дома му го поттурна, дете го голтна и зеде воздух.... Избегавам обично бомбони, пуканки, моркови, краставица... Денес од црква зедовме бомбончиња... Господ го чуваше... Капиларчиња му испукаа под очи, помислив готово детето..... страшно беше многу... Дали има некоја од вас искуство вакво?не дај боже. Или дали некоја знае што се прави во ваква ситуација, доколку би била сама (не дај боже) дали би се снашла... Ох душа ме боли, потресена сум многу
Дали има некој искуство каде се оди за курето на дете 13 месеци , не му се отвара , многу малце и кога ќе го повлечам надоле таа кожичка што му се гледа е многу црвена , викам навечер да не заплакува од тоа да не го боли, незнам више па од друга страна и преку ден ќе плаче , искуства ??
за мајка верувај најтешко е да се најде во ваква ситуација. Со првото имав нешто слично ама лесно го исплука. Имаше јаболче враце пресечено, 1/4 како кришка. Тоа као демек си се чешка на непцата и ништо страшно го цица сокот од јаболкото додека не одгриза парче и му залетна. Јас инстиктивно само го земав го фатив за стомаче т.е под гради и со горниот дел надолу и тупкав всушност удирав по грбчето и успеа да го исплука парчето. Не знам зошто односно не се сеќавам ама имам читано кога кај човек ќе залетне страни тело важно било да се држи под гради со удар на задниот дел на грбот каде што се белодробните крила. прво на матичен потоа ако има потреба ќе те прати на уролог. не можеш така,ако имам недај боже мака после поголеми проблеми ќе се јават. Свекор ми за детето на околу 3 години на инекции го носеше зашто никако веќе не му се отвараше и не ни можеше да мокри
Јас се имам задавено на бомбона како дете, на 3-4 години, баш задавено до помодрување. Баба ми ме гледала, и само ме тапшала по грб мислејќи ќе плукнам. Мајка ми за среќа влегла баш во тој момент, пробала со рака да ми ја извади и од грло, и кога не успеала, ме превртела наопачки држејќи ме за глуждовите и со сета сила 2 пати ме удрила по грб и бомбоната излетала. Грлото ми било испогребано, очите крвави, мајка ми вика дека модра сум била во лицето кога влегла. Дали ова е правиот начин, не знам да ти кажам, ама ете тоа мене ме спасило. После тоа мислам дека со години не ми даваше да јадам тврди бомбони, и голема бев првиот пат кога ми дозволи, и тоа пред нејзе морав да стојам додека ја јадам да ме гледа, на ова и се сеќавам, значи сигурно сум била барем 10 години. Децата имаат одличен рефлекс за плукање на тоа што не можат да голтнат, ама бељата не прашува. Едноставно мора да ги гледаме додека јадат. Ние сме возрасни, па ќе се случи да ти залетне некогаш.
Вчера го шетнав син ми на езерце . На челото го каснало нешто . И премногу е набубрено. Ден после на врат му се појави. И сега на ногата . Што може да е ? Како да постапам тоа на челото најмногу е набубрено и не го чеше
Некој да не имал слично искуство.. Сабајлево го боли стапалото, неможи да стапни на него, го крева, сношти најверојатно се има свиткано, удрено не го сетивме, ама сношти беше ок, го фаќав седнат ништо не реагира ама неможи да стапни, нема оток...не ми гледа дека е нешто посериозно, на доктор не бевме треба да одиме на итна, од таму сиг Битола ќе не пратат, за се таму праќаат, а не ми гледа дека е сериозно @Annath да не имаш вакво нешто поминато со дечките?
Немам искуство за вакво нешто, ама ако го боли дај му нешто за болка, парацетамол или бруфен. Дали може да го врти и витка стапалото без да плаче? Ако може, најверојатно не е удрено или свиткано, а прво на што ми текнува кај деца вака, е излив во зглобчето, дали на стапало, дали на колено, дали на колк, од прележана настинка/инфекција во скоро време. Може не е ни тоа, може само лошо спиел, а за дијагноза треба ортопед да го види.