Бевме во лабораторија да испитаме од кога завршивме во болница, тогаш воведував млечно. На 11м почнав жолчка да воведувам, па после 1г и белка, без никакви реакции. Си јадеше по цело јајце рендано во кашите. Потоа направив една ден макарони потпечени со домашни јајца(тогаш прв пат), се исфрли околу усте. Уште еднаш и дадов и пак исто. И јас незнам како само на домашно, сите доктори ми кажаа дека нема врска, ама ете пред мене покажа алергија. Дали може има врска со 'јачината' на јајцето? Последен пат јајцето беше потечно, па може и така е појако Незнам стварно, мислев од кога ќе испитаме ќе биде лесно ама не е така.
@BabyT* мојот повраќаше обилно од домашни јајца, а од купечки нема гајле. Појаки се домашните. Потечно немој во секој случај да даваш, поради салмонела, само тврдо варено за дете.
Прв пат дадов така затоа што подолго време ми го одбиваше.Ама веќе нема да давам така, до душа сега страв ми е секако да давам
Требало да ти кажат после испитувањето што имате за проблем, ова што го имаш прикачено како фајл не знам да го читам. Можеби @Annath може да помогне, ама ова со јачина на јајцето не го разбирам За млекото, стварно би требало јасно да знаеш дали имате проблем со казеин (кој е протеин во кравјо млеко) или со лактоза (која ја има во секое млеко и млечни производи). Ама по ова што го кажуваш веројатно јајцето е проблем. Не ми текнува дали имаше некоја врска меѓу јајцата и вакцинитe
Точно требаше. Бевме кај Сајковски, па од кога ги добив резултатите не ми крена на мобилен, ниту пак ми врати на пораки. Тукашните педијатри креват раменици, не сакаат да сносат никаква одговорност. И така ќе си прашувам тука со надеж дека некој ќе знае За јајцето стварно незнам, го поврзав тоа дека отечи во устата од кога изеде неколку парчиња од лебчето со јајце (јајцето беше течно) и тоа е.
Јас и сестра ми бевме алергични на домашни јајца како мали Сега веќе не. Бш кога пишав тука и мене ми се чудеа демек јајце е јајце.
Баш мене ми кажуваше ти, јас кога прашував. Незнам што да кажам нема некој доктор кој би ми помогнал. Јас кажувам, они дигат рамења, и така.
Исто и свеки ми кжуваше за колега на свекор ми дека бил алергичен на домашни јајца и секогаш секаде напоменувал кога јадел јајца да не му даде некој домашно. Значи ова не е изолиран случај, па да се чудат др.
Домашните јајца се ,,појаки,, од купечките- индустриски. Па не е ни чудно да дадат реакција. Е сега кај БејбиТ е комплицирано. А за алерго тестови е мала. Па само со елиминирање ќе се види што смета. Иако не значи дека ќе остане така. Најчесто тие алергии се губат како растат децата.
Види она тоа што го јадеше го јадеше 5м, без никаква реакција. Јас затоа сум цела прашалници. Вчера се нафрли на мешето и грбот, брунчиња не типични за алергија. Ама и 2те докторки велат дека е од тоа, дека алергенот уште не бил исфрлен. Па уште пие сируп. Сега ми рекоа скроз да исклучам млечно, како ќе биде детето без тоа незнам.
Пробај со елиминирање едно по едно. Веројатно со тек на време ќе увидиш што не и одговара. Знам оти е тешко ама ќе помине. Нема секогаш да сте вака. Најдобро консултација со добар лекар. Ама сега ни за тоа не е време, за маткање по лекари.
Мајки работат ли оддели на Детска клиника? Бил ли некој скоро? Вртев пред некое време, на тел од оддел кај што ми треба да одиме (гастро), ми викаат не работеле амбулантни и не правеле прегледи... но што со оние дечиња кои имаат здравствен проблем и мака?
Verojatno zivees vo pomal grad ama probaj da najdes mleko bez laktoza, vo pogolemite marketi vo skopje verojatno gi ima. @mariz nemate iskustvo?
здраво мајки , незнам дали прашањето е соодветно за оваа тема ако не е слободно избришете син ми има 15 месеци и последната недела приметив несекојдневно гледање со очите нагоре краткотрајно пример 2 сек не секогаш али се дешава 2 до 3 пати на ден е сега незнам дали е навика дали што гледа во тв појма немам или се работи за нешто друго некоја со слично искуство !? Фала ви однапред имајте убав ден
Прашајте матичен, мојата правеше слично, па и ради други работи ја однесов на невролог, кој препорача еег само ради погледот таков, се испадна уредно,со тек на време приметивме дека наметно прави понекогаш.
Ќерками ја изгреба раката на трендафил, мн ја печи и се вцрви. Со шти да ја намачкам? И ставив само малку јод.
Ништо ќе помини. Горниот слој на кожата најмногу боли и мојот беше рани пред некој ден од трендафили. Инаку јас стално чистам со хидроген прво, па прскам оксикорт спреј, побрзо му заздравуваат раните. Ама можеш и само со јодот, им заздравува за брзо нив. Знам и кантарион дека ставаат, немам пробано јас.