Ќе ја кренеше куќава у вис ако и ставев хидроген. А и од хидроген некако кожата и се прави прво бела, па црвена како изгорена и страв ми е да и ставам. Не знам дали е тоа нормална реакција. Сега само ја измив и јод и ставив. Не знам дали да ставам солкосерил крем на оваа гребаница, дека на него пишува да не е крвава рана. Не дека има нешто крв, ама прв пат се повредува повеќе и ептен ми е жалче.
ставај и од ова побрзо ќе засуши и ќе помине. Не е многу страшно по сликата што ја гледам ама пече и не е згодно посебно за дечиња. Ова е прашок порано имаше бивацин спреј не знам дали има уште од тоа.
Малиот ми има 5 дена пролив. Меѓутоа линекс му давам. Слабо ми јаде. Банана нејќе за да му ја зацврсти. Што друго би можела
Не знам колкави сте, ама од искуство нам најмногу ни помогна леблебија. Можеш да ја истолчиш,сомелеш и да ја смешаш со нешто што сака да го јаде. Исто помага ориз, оризова вода, двопек,соленки,компир варен без зачини. Со помин нека е
Покрај диетата за пролив, кај мојот провен најдобро делува. Веднаш му го среди стомакот лани за еден подолг стомачен вирус.
Направи му рестрикција на храната. Сува и посна додека се смири мешето. Јас сум и за да му го промениш пробиотикот. Линекс е најслаб. Ваја или Пролајф. Дури можеш и Диастоп капсулите , прашокот од внатре да му го даваш само во лажица со водичка.
Мајки шо може да е ова?Јас мислеб од комарци ама некој ми вика алергија. @Annath @Alishan30 ве молам да ми кажете или некој друг
Црвенило гледам да, не гледам внатре убод и незнам дали се во ниво или над ниво на кожата промениве. Личат како печати и асоцираат и на габичка. Пробај дај и лоратадин сирупче и витамин ц, доколку се намалат се од алергија. За креми прво почни со белата течна пудра, јас не сум за веднаш со кортико креми. Можеш и со антифунгол крем, таа е за габичка, па ќе видеш дали се смирува. Доколку трае ова повеќе од 1 недела, ќе мора да ве виде дерматолог
Гледам има точки на убод само на сликата не се гледаат затоа мислев да не е алергија ама штом има топче значи убод е така?
Црна точкичка ако има, а околу него како круг црвенило е убод од инсект или полазано од болва. Не видов на сликата, затоа и со резерва одговорив за хипотетички можни дијагнози.
Лоратадин се дава еднаш на ден, обично навечер зошто има приспивно дејство. За деца од 2 години над 30кг ако имаат 10мл. А ако имаат под 30кг се дава 5мл сируп. Дај и денес, доколку ги снема алергија е значи. Обично неколку дена се дава лоратадин и само 1 на ден е дозирањето.
Фала многу значи слободно може да и дадам лоратадин без последици.она е 12 кг значи 5 мл вечер да и дадам.фала ти многу
Ќерка ми има 4 ипол год и во последно време скоро секој месец има некој нов тик (неконтролирано движрње. Во моментов има три. 1. Ги лиже рацете (па сега со коронава, на раат не можеме да излеземе) 2. Си мава чврги на левото уше. 3. После секој три четири збора ја затресува вилицата и чука со катниците исто како кога ти студи па продолжува . Овај последниов и е најнов. Од секогаш била комплицирана, и со свои инати чудни. Не е немирна, не прави белји, не е цимла не плаче воопшто, дури ни кога ќе се удри. Инаку можам да кажам дека јас и сопругот премногу внимание и обрнуваме, по цел ден играме со неа, ја шетаме. Дома имаме бебе но гледаме повеќе внимание да и обрнеме. Во градинка не прифати да оди премногу си е поврзана со нас а и имав кој да дојде да ми ја чува. Расте во здраво семејство дома сме ние четворица, нема ни кавги ни викотници. Незнам каде грешиме.
Начин на искажување емоции, некој стрес или притисок. Можеби има некои стресни ситуации што ја тераат така да прави, можеби приновата во семејството има влијание врз нејзиното однесување, секое дете различно реагира. Чаре - вие си го знаете детето најдобро, и каков карактер има, како реагира, што ги предизвикало промените. Кога почна да го прави последното? Некоја ситуација конкретно што го предизвикала тоа, може да процените и сами. Ако ве загрижува и ви треба помош, психолог може многу да ви помогне. Ја препорачувам Тања Зорчец на детска клиника, ако не таа, можеби некој од психолозите во заводот за ментално здравје кај деца и млади. Јас сум многу задоволна од нив.