Мајки ми треба совет сега со вирусот дали доколку имате контрола си одите редовно или не Не сум од Скопје керка ми има вродена болест имам пишувано тромбофилија и и прават контроли обично на 3 месеци последен пат бевме во Јануари требаше Мај, но ни одложија и сега никако неможам да ја добијам докторката незнам што да правам дали да си вадам упат и да одам Треба упат од овде да земам и да одам Ама незнам каква е состојбата
Син ми падна од тротинет пред 15 мин, удри на позади на глава од страницата на вратата. Сега има Голема џумка ја осеќам на допир, ама не дава да му ставам ни мраз ни ништо. Не повраќа и нормално си разговара, иако плачеше доста. Дали да го носам на итна, и колку време да не го успивам? Веќе му е и време за спиење и не знам колку да го држам буден.
Остај го бар 1-2саати буден,чисто да не има промена.јас не сум трчала на лекар за џумка.ако не повракал,немал вртоглавица,зборел нормално ,немало длабока рана.
И мојот секогаш пред спиење паѓа. Марфи.. @sweet.november 2 часа и јас обично го држам буден, го прашувам, му зборувам да видам како ќе одговара, дали е дезориентиран. Пушти некои песни што ги сака разиграј го или со играчки, редете коцки, што било за да се задржи буден. Мислам дека ќе нема ништо, силни им се главчињата, кој знае колку пати се чукнати.
Еве киндер јајце отворив за да го расонам, добар си е се грижам за џумката, можно ли е да премине у нешто пострашно Може паничам за глупости ама прв пат паѓа вака, не знам како да постапам. Пробав да му ставам мраз ама не дава да го допрам, вика '' боле коса''
Ништо нема да му биде од џумка, ќе му помине. Не ставај мраз, најдобројот замрзнат грашок во помало кесе и завиткано во крпа да не му студи многу. Ама и без тоа ќе поминете.
Јас путер му мачкам, не знам кај имав прочитано дека делува да не се направи џумка или за модринки беше. Ама не остава и мојот најчесто. Ќе му помини, од ударот е.
Од вчера му е отечено и црвено едното увце. Мислам дека е каснато од комарец, се чеша многу гледам и нервозен е. Му ставам една крема за ладење за убоди од комарци е има и алкохол во неа ама од лани ми е многу краткотрајно го смирува. Немам никаква крема за алергија дома имам само сирупче, дали да му дадам сирупче за алергии да се смири малце или некој предлог нешто друго зошто дури му е заклемпавено малце само се чеша и нервозен е?
Така и мислев но морав да прашам пред да ти препорачам. Маст Синопен (за деца над 2 год е дозволено) се става малку на прст и со кружно движење убаво се втрива во кожата (може и да остане бело, не мора целото да упие додека триеме). Исто за деца да намали чешање од убод ми помагало ладен чист алое гел. Но синопенот го имаш во секоја аптека а многу помага.
Мајки малата има 3 и пол години...еве двс три дена крева температура од 37 до 37.5...давам парацетамол кога има потреба..муабегот ми е почна 1 Да кашла шѕо да и давам за кашлица
на таа температура не се дава ништо. Од 38.5 може ете од 38 ако ти е шубе. Не оставате децата да градат имунитет. Јас вистина имам паника од тт ама до 38 ништо не давам. За кашлица зависи каква е дали сува дали продуктивна. Вероватно станува збор за црвени грло
Малата е година ипол и се фати гласот малце а на одмор сме, вчера и мрсули и вадев, што да и дадам или да ја носам на лекар? Имав страв од воспаление на увца кога беше помала фати и и беше зарипнат гласот
Кашла? Ако е само мрсули спреј од диво оригано кај нас доста се покажа ефективно. Или пиши на матичен док за совет. Обично давам вит ц во инфект дупла доза, ама тоа по препорака од педијатар секако. И ацидосалус обавезно.
Сега ми падна бебе мое. Во фаза на проодување сме, баш јадевме и она почна да оди од стол до стол, незнам како го бутна столот накај неа, и падна со се стол на земја, на ламинат. Кратко заплача, ја фатив нема џумка, сега ја заспав време за спиење и е. Не ни поврати, ја прашував колку годинки е и колкава ќе порасни, не е збунета. Оффф ќе си умрам од мака, само нешто да не и е