Ќе го препознаеш веднаш. Одма почнуваат со повраќање, омалаксани се, збунети. Не и е ништо, смири се.
Ако може некој да ми помогне/протолкува. Детево утрово стана со тт 38.5 и растеше. Дадов ефералган и спушти. Се пожали сам на ушите. Во консултација со матичната направив к.с. и урина. Во меѓувреме ги проверивме ушите и се во ред, со ептен многу благо зацрвенето грло. Резултати од урина се добри, резултато к.с. покачени гранулоцити и црп. Матичната вика бактерија и препиша атб. Ама второ мислење од доктор што се најде во ситуацијава вика нетипично во к.с. е мирни леукоцити и препорача да направиме тест за корона. И сега немам памет. Бркаме за термин и трето мислење, ама дали некој може да посоветува во меѓувреме. Да напоменам к.с е правена само неколку саати по тт, зошто утре е неработен ден па да видиме како се движат параметрите. @Alishan30 @LiliBoz @Annath или било кој што има искуство
Може леукоцитите и покасно да се покачат. Гранулоцитите упатуваат кон бактериска инфекција, а и црп е покачено. Доколку доктор видел, и сметал дека треба антибиотик, тогаш треба. Тест за корона ако се направи, тоа не смета во оваа ситуација
Арно вели алишан. до утре и кс ќе смени. но и да не крене леукоцити, небитно, гранулоцитите кажале што е. ако прајте тест за ковид земете брис па дајте терапија што рекол докторот.
Ви благодарам многу. Антибиотикот по секако морам да го дадам, зошто кај него мора и како профилакса, а во ситуацијава и к.с. укажува на бактерија, а и двете докторки беа сложни за тоа. За корона матичната не може да даде упат зошто сме прилично изолирани. Нема контакти, а уште помалку со заболени. Бркаме за на приватно ако може, ама и тоа тешко оди, најран термин во петок.
Толку ли се чека и на приватно? Ццц Обично убаво е да земат брис, па потоа да дадете антибиотик, да не ја маскира клиничката слика, ама тоа е.штом нема термин ќе мора да дадете
Нема термини. Филип втори петок, систина недела, авицена и биотек не можеме ни да ги добиеме на телефон.
И јас наминав да прашам да не има некој вирус со температура, без симптоми? Малата ја осетив жешка кога си дојдов од работа, ја чекав да заспие и измерив 39. Од сабајле била добра, други симптоми нема, освен забите што тргнале сите наеднаш да излегуваат, 4ки и 3ки.
Малиот синоќа ми крена баш висока тт 38.8 и поткашлуваше. Од далерон и чорапчиња со оцет му падна. Денес е добро.. Дали има место за паника? И да,му искачаат 3ки заби доле..? @Lolipop23 Скроз ист случај сме и ние. Вие денес добри сте? Гледам погоре неколку исти случаи. Баш се замислив сега да нема некој вирус нешто?
Вчера ми качи до 39,5 и во 18и30 и дадов неофен сируп. Симна по 1 час и беше расположена, ноќта дежурав докај 03 часот и беше стабилна, сабајлево пак качи 39. И дадов пак сируп и добра е сега, весела, расположена. Забите и се страшни, горе 3ки, долу и 4ки и 3ки, отоци има, а вака не е нервозна ко да ја боли... баш пред некој ден си велев колку лесно ги вади забите. Некој вирус е сигурно, ќе почекам и денес, секако не работи матичната, ако не утре ќе ја водам на лекар.
Исто, и мојот синоќа пак качи тт цела вечер имаше но сега е добро. Навечер само качува.. Почна и да поткажлува ме загрижи, дали е можда од базенот што се бањаше.. И да и мојот вади 3ки
Се бањаа и моите во базен, ама пред 5-6 дена мислам дека беше, затоа не помислив дека е од тоа. Секоја година овој период во најжешкото ми се разболуваат, очекувано беше и овојпат.
Zdravo devojceto mi e 4 godini nema alergija do sega pokazeno na nisto sinoka na edniot obraz sitni brunkicki i se pojavija na drugo mesto nema
Јас сум,драги мајки,очајна и затоа пишувам тука. Детето ми е 4.5нгод и тотално истрауматизирано од се живо што брчи,вика и галамо. Ја знам причината која доведе до ова ,но сакам да и помогнам да си го надмине стравот. Не се смее,не е весела , избегнува собири. Штом викнеме или било кој др веднаш ги кука ушите и плаче. Штом примети дека нешто не е во ред со мене и татко и, бара да се боксираме,да се скокоткаме ,да се смееме лажно... И таа се смее со Зор што се вели,и тоа ми го кине срцето. Правам се што можам да и ја намалам анксиозноста,но не знам веќе што да правам ништо не помага. Лошите односи меѓу мене и татко и доведоа до ова, посебно неговата насилност,и сега таа е извадена од памет,а богами и јас. Очајна сум,не сака од дома да мрдне и е страв од мотори што брчат ако некој се кара итн. Некој совет
Посетете психолог. Консултирајте ја матичната да ве упати. Не е ситуација за занемарување. Жал ми е, се надевам ќе се среди за скоро.