Moite koga pagaat im stavam ladna lazica i ne im otekuva i ne se pravi mnogu sino. Od baba mi e "receptot",proveren i za novopeceni majcicki super. Koga mi padna J pred nekoj den na glava, odma i staviv lazica i ne i otece, samo crvenko i se poznavase malku, posle se izgubi.
Мајки за пролив што давате нс децата? Големиот фати стомачен вирус со висока температура. Цело време се жали на болки во стомак и има често пролив, а помалку повраќа. Давам блокмакс со ефералган сируп за тт, пробиотик, наусолвит капки и електролити. Нема апетит но поткаснува по малку. Ентерофурил дали да дадам?
Банана (никако презреана, малку позелена да е), ориз, особено водата во која се варел оризот да ја пие многу помага, компир варен, двопек, соленки. Пробиотик и електролити обавезно, за ентерофурил немам искуство. Лошо е што има висока тт, а Блокмаксот го иритира стомачето, јак сируп е. Можеби чепче е подобро @Alishan30 сигурно може да помогне со медицински совет.
Колку столици има дневно? Колку годинки е детето? Дали е весело? Се од ова што даваш е во ред, зависи се од погорните прашања и колку долго трае оваа состојба. Ентерофуралот на вирус не делува обично, повеќе даваме посилни лекови за пролив како диастоп, или линекс почесто.
5 години има. Од вчера вечер почна проливот а тт од вчера сабајле. Весел е ко ќе спушти тт. Но се качува на секои 4 часа. Пробиотик провен давам дупла доза. Од вчера вечер до денес има околу 15-20 столици. Се мислам да го носам до лекар. Но педијатарката вика стомачен вирус е.
Чепче ефералган ставив вчера и не симна воопшто тт. Се утепа од плачење за чепчето и затоа дадов Блокмакс.
15-20 столици, не е малку. А викаш дете не е малаксано. Па ќе се исцеди со толку. Јас би го јавила на лекар, да се направи лабораторија и урина. Нели ти мириса на ацетон?
Не мириса на ацетон. Пие електролити цело време, вода, чај од нане, кока кола една чаша испи и кокошкина супа. Го однесов на дежурен во Сандански, не пратија во болница Козле. Сега пак качува тт да симнам па ќе го однесам
Дај ентерофурил и одете една кс направете, иако мислам е вирус. Еве и мојата од сабајле е со пролив. Давам и јаглен, смирува стомак.
Направивме крвна слика. Високо ЦРП и покачени гранулоцити. Не задржаа во болница. Најверојатно салмонела
Малата за 2 секунди зема средство и си шлапна на главата. Средство за плочки. Одма ја видов и ја измив, во окото и немаше капнато ама сеа се мислам може ли нешто да и биде?
Ја измив одма со купка нејзина. Убаво 2 пати и ја поминав. Ама ептен е јако средството не е како тие обичните миризливи само.
здраво мајки,дали е можно да е касната од комарец веќе трет ден по ред и се појавуваат вакви огромни брусчиња и ги чеша.Претходното лето немавме вакви од комарци.Има околу 5-6 на нозете.Дури како оток има од што се огромни.Што ги прскате против комарци
Еве ги и моиве од сабајлево со тт и повраќање .. големото ми е 7 год а малото 2 ипол .. земав електролити, сирупчиња,чепче и атибиотик ми дадиа .. мачкам со алкохол 70% чорапчиња во оцет му ставам, тушрам ама тогаш за тогаш се симнува и пак качуваат .. нз што да правам уште ... некој искуство слично ???
Зошто антибиотик? Пробиотик обавезно давај им. Со помин да е. @Miss.Sweet со помин и кај вас, се да е во ред за најбрзо. Да прашам јас, дали би носеле на психолог сега дете, заради ситуацијата? На приватно, знам дека ќе работат под протокол, ама јас сепак се плашам, а не ми е за оставање за потаму.