Офф душичка Без секирации и брзо нека помине! @Pepa B.. а даваш ли од сирупите за спуштање температура? Разбрав само чорапчиња со оцет и туширање..
Мојот денес пак со тт. До 39 стасува му ја симнувам со чепче и туширање. Незнам зошто за месец дена два пати ми качува тт Само тоа е, јаде пие течности друго ниш нема
Обавезно, ама малиот само на заби ми се жали. Веќе се збори и вика мамо заби болат Мн слабо јаде но течности пие барем.. Можно ли е уште да има мака со заби? 2 ипол е
Според мене не. Не се крева толку висока тт од заби. Сигурно има некое жариште. Доколку не јади види да не е грлото. Можно е да има гној па затоа го меша со забите. Нас така ни се случи пред недела дена. Не јадеше не јадеше мислевме од жешкото е затоа слабо јади, течности си пиеше и наеднаш тт. Кога ја однесовме на доктор цело грло загноено.
И според мене не е во прашање излегување заби, ако на тоа мислеше. Не креваат температура на таа возраст од заби, може расипан, а секаде го боли или некое запче конкретно?
Уште вечер ако е пак со тт утре сабајле го носам на педијатар. Она најдобро ќе види, вака јас само наѓаѓам Има горе кецовите веќе му се поцрнети ама не верувам дека од нив може да е .. Ај за сигурно ќе го носам да видам.. Прееска имаше 38.8 му дадов ибубруфен сируп и смири. Ептен ме загрижи
Не, цела вечер беше без тт еве го и сега е добар, почна да јаде сам бараше јајца. Ќе го следам денес па ќе видиме
Што помага за болка во уво кај 9 годишно дете, утре ќе го носиме на лекар ама вечерва има болки во увото нема крв, гној и слично само има болка внатрешно во увото. Што би можеле да му дадеме за сега?
Малиот го касна некој инсект и потече, му дадов сируп Аериус вчера. Денес пројави проливче неколку пати. Сега влегувам во соба, стана од спиење и имаше што да видам. Си ја извадил пелената, се искакал на креветот и најверојатно јадел затоа што устата му беше замачкана. Кажете ми ако знаете што да му дадам да пие во случајов. И дали денес да му дадам пак од сирупчето.
обично медицински црн јаглен даваат кога дете ќе касне нешто што не е за јадење. Мада не верувам дека вкусил. Вистина мало ама не би дотолку. Како сте денес?
Пишав на матичната да ја прашам за јагленот, таа на одмор и уште чекам одговор. Инаку супер си е, не какаше после тоа пак, весел беше како и секој ден, буквално нема промена во однесување. И јас се надевам, штом нема некоја промена се надевам дека се е во ред... Стварно се сака да пика во уста, од кремата кога му менувам пелена, до играчки, земја, ама волку не очекував. Врв...
пожелно е да се има медицински црн јаглен кога се има мали и палави деца зашто не се знае кога ќе ни затреба. Баш види што ќе ти каже матичната и во аптека можеш да прашаш. Супер е што е добар и нема никаква реакција
Дома имам во секое време ама не му дадов. Сабајлево качи малку температура, ама тоа му е од вчера што си играше со вода, па излегува заб и му се спои... Важно ми е што е весел