Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.463
    Допаѓања:
    38.522
    Пол:
    Женски
    Од вода не се качува температура. Следи го како ќе е до вечер.
     
    На Cka и kukla21 им се допаѓа ова.
  2. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Се уште не ја нормализираше температурата. Давам Далерон сируп, последно стигна до 38,8.
    На крај пред спиење пројави апетит. Рака од уста не извади, се лигави премногу. Изгледа тројка запче доаѓа.
    До сега ниту еден заб не извади со температура, ама ете, за се имало прв пат :/
     
  3. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Цел ден ми изгоре температура, спушта со парацетамол на 4часа, ама до 39.2 39.3 одма после. Сеа спие, освен систина не ми текнува кај да го носам ако качи повеќе. Туширав, ладам, некоја друга идеја.
    Прва температура ни е.
     
  4. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.423
    Допаѓања:
    7.783
    Пол:
    Женски
    До 39 ти спушта? А инаку колку има? Пробај со етанол 70% да мачкаш, наизменично сируп и чепчиња ефералган. Ако има над 39 температура најдобро да го однесете на итна може диазепам чепче ќе му стават.
     
  5. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Ќе спушти со патацетамол до кај 37.5 па пак ќе качи. Од коронава уште повеќе ми е страв кај да го носам.
     
  6. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.423
    Допаѓања:
    7.783
    Пол:
    Женски
    Не знам каков друг совет да дадам лани кога мојата имаше температура 40 на итната и ставија диазепам чепче против грчеви, дека од мн висока тт може и грчеви да добие и инекција за тт и цела вечер не крена од неа, после дејството пак качуваше но со чепчиња и етанол ја регулираа(тоа во болница бидејќи не задржаа црп беше високо).
     
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.483
    Пол:
    Женски
    леле со деца човек раат да не е. :( како сте сега? Јас со тт 39 обавезно на лекар го носам мора да се види од што крева температура.

    И ние сме на мака денес. Големиот багабонт невиден цел утепан модар со гребаници (да е жив и здрав цел живот е така) денес згазна на шајка и тоа што убаво му се закоја во стапалото.... Направив компресија дома намачкав јод исчистив средив не е страшно тоа но после ме фати јанза дека треба инекции да прима и морам на лекар. Да беше нешто друго немав гајле ама шајка во стапало... Па од хирургија ни рекоа само антибиотик. Нешто друго треба? @Annath @joy1 ..... Во мисла ми е да не загнои
     
    На drugarka и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    4.538
    Одете на детска клиника или Козле. Ние пред 2 недели мислевме дека е стомачен вирус со тт, па заглавивме 8 дена во болница од Салмонела. Кога го однесов прв пат на дежурен во Јане Сандански ми рекоа дека со температура примаат само во Козле. Не го ни прегледаа, не измаршираа. Па дојдов дома и вртев на детска клиника и од таму ист одговор добив. На крај го однесов во Козле. Му направија веднаш крвна слика, црп и ацидобазен статус.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.659
    Допаѓања:
    202.179
    Пол:
    Женски
    Ако ви дале само антибиотик, терај така. За тетанус, не секогаш се боцка, плус дете е, скоро е вакциниран. Не би требало да има проблеми, следи ситуација.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sweet.november

    sweet.november Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    3.095
    Вчера си дојдовме од Дојран, бевме на неколку дена. Вчера имаше пролив, 5 столици во цел ден, сите пролив. Му давав само банана, бисквити, компир и супа. Цел ден си пиеше чај од нане и вода. Е сега денес нема пролив, т.е нема какано ич, ама тоа што ме загрижува е што е многу поспан и само спие, што е тотално нетипично за него. Секој ден уште во 7 е на нога и си игра, сега уште не може да се свести а е веќе 10. Стана пред малку, апна една банана и една чаша чај и седечки заспа. Му давам само ваја пробиотик. Нема тт ама се препоти во спиењето. Нормално ли е оваа омалаксаност, да го носам ли на доктор?
     
  11. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Што направивте? Му се нормализира температурата?
    На моево му продолжи температурата, ноќеска качи 39,5 и не сакаше со Далерон да се спушти. Го однесовме во Систина, го прегледаа, проверија крвна слика, црп и ни кажаа дека не е до забите туку е вирус. Пиеше Блокмакс сируп, се препоти и сега плаче, липа не можеме да го смириме.
     
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.752
    Допаѓања:
    145.211
    ОРС обавезно да го освежи. Најверојатно е некој стомачен вирус. Знае да се понаша така, ги малаксува. Нека внесува течности .
     
  13. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Цела нок го туширавме и ја држевме од 38.5 до 39.5,не сакаше сируп никако. Од сабајле е 38.5 не сум дала ништо, сега го успивам и ставив чепче. Ама весел е, матичната рече џабе ке го носиме вирус е, си цица, нема пролив не повраќа. Тек од понеделник. Го прошетав малку воздух да го фати.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sweet.november

    sweet.november Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    3.095
    Не сака да пие, солено му е и го тера на повраќање. Може ли да му го ставам во кока кола и да пробам така? Иначе пак заспа... :(
     
  15. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.423
    Допаѓања:
    7.783
    Пол:
    Женски
    Во оваа тема мислам дека прочитав за децата што не сакаат орс може кока кола во чаша од 250мл и една или две лажици шеќер и голтка по голтка да се пие исто и од готовата супа што е од петел дека солена да се дава. Советот беше даден од членка што пишува се мислам дека во оваа тема или во темата 40.
     
    На babydust му/ѝ се допаѓа ова.
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.752
    Допаѓања:
    145.211
    Земи ОРС на Алвоген. Не е солен и давај со лажичка, голтка по голтка.
     
  17. sweet.november

    sweet.november Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    3.095
    Веднаш го пратив мм да купи, се надевам ќе ги најде по аптекиве. Кога ќе стане ќе му дадам веднаш.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Електролити обавезно, и јас би ти рекла на Алвоген. Не дека не се гадни за пиење и овие, ама имаат минимален вкус па децата повеќе ги прифаќаат.
    Пробиотик исто така продолжи да даваш, ама дупла доза, еднаш сабајле, еднаш навечер. При пролив секогаш педијатар така ме советувал.

    Друго што многу помага е ориз варен во вода и да ја испие водата во која се варел (секако и оризот може да го изеде, уште поубаво). И давај соленки, стапчиња.
    Вирус е, ќе помине. Нормална е омалаксаноста, не се секирај. Јас го пројдов пред недела дена, страшно ме бутна, едвај функционирав. Среќа децава не го закачија :whew:
     
    На babydust, duffi, sweet.november и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. sweet.november

    sweet.november Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    3.095
    @duffi @Sexybaby86 ви благодарам девојки, секогаш сте прави другарки за помош :hug: Сабајле стана во 11, весел се напи вода и две бисквити, и плус ОРС на Алвоген се напи. Ама што ми требаше ај да не е гладен му понудив компир на пареа, иако ми рече дека не сака го убедив да проба две три лажички и се исповрати. После некое време касна некоја соленка и малку кока кола, и некоја лажица орс и заспа, уште спие. Сега му варам супа од петел па се надевам подобар ќе е.
    Уф, ужас одмор, кај времето не ни се погоди па и со стомачен се вративме:whew:
     
    На Sexybaby86 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.752
    Допаѓања:
    145.211
    Не е битно да јаде, не му оди, нормално е. Само нека пие течности и орс. Сосем доволно е. Апетитот за некој ден ќе му се врати.
    Ете супа може ако му оди. Она е како инфузија.

    Затоа обавезно пред одење на одмор обавезно пробиотик. И додека сте таму.
    Нормално е појава на стомачни додека сте на одмор или после тоа. Промена на клима, вода, си го прави своето.
     
    На Coco31, Sexybaby86, sweet.november и 1 друга личност им се допаѓа ова.