Колку што читав јас, ако е некој само еднаш вакциниран може да фати (95% е заштитата). ако има примено и ревакцина, тогаш веќе многу потешко, 99% има заштита. А вакцината почнувала да делува две недели после примање. Јас како дете сум фатила иако еднаш вакцинирана, ама лесно сум ги прележала. Ама сепак недај Боже. А сакам да ве прашам за грипот што се шири низ Македонија, нас ни го донесоа, се разболе мажот ми и малото (1 година има) - имаше температура два дена до 40 креваше, и давав ибупрофен, еднаш парацетамол, на третиот и се симна, ама ми кашла па чудно една сува кашлица, и денес (5ти ден) почна и носот да тече. Имал ли некој слично искуство? А мене не ме фати ама грлото ме гребе, како за кашлање ама не кашлам многу - што можам да преземам (уште доjaм)? За имунитет се што знам правам/јадам, гаргара исто.
за симнување температура за деца? тука (во Германија) строго викааат не на тоа, опасно е зошто може на внатрешните органи да им се покачи уште повеќе температурата. само лесна облека, а облоги на нозете евентуално со крпи и само со млака вода.
@KidA исто беше и кај нас. Еве уште поткашлува иако две недели поминаа. Јас само кашлица имав. На малово преку ден носот му течеше многу, преку ноќ се затнува и кашла страшно. Докторката ни рече кашлицата од грип долго се задржува. За тебе, повеќе течности да пиеш, витамин Ц обавезно, друго знаеш овошје, зеленчук, солен спреј за нос исто можеш. Јас прскам и прополис што ми беше чудно во грлото, ама искрено не знам дали смееш.
Цел живот ми симнувале тт со алкохол, оцет и андол здробен внатре, никогаш не сум имала проблем. Не верувам дека преку кожа влегува на внатрешни органи.
Мислам дека логиката е дека надворешно го лади организмот, а внатрешно температурата тлее, а не дека влегува во органите.
Еве од денес малата се затна цела очи потечени неможе да дише исправена а не пак да легне Само што замина тт и помислив поминавме еве друго Ке пробам со инхалации дома и сл спрејче за нос бидејки повеке не ми се носи по болници Не кашла одвреме навреме знае да закашла па би сакала нешто на природна база ако знае некој А и денес и е 5ден од антибиотик Нели 7смее максимум или грешам?
@blessed.an и јас знам 7 дена антибиотик дека се пие. За затнат нос нас најмногу ни помогна ацц спреј за нос и лепенки спиранто за преку ноќ, му лепам на пижама и мене дури ми се пушта носот од миризбата (на ментол мирисаат).
Имам оперил и септа назал за деца спреј А за лепенките какви се да се јавам на мм го пратив да земе од аптека нешто Имам едни на ментол пред некој ден ги земав кога имаше тт па имам уште
Мене ми давале од 5 до 10 дена антибиотик, зависи како ќе процени докторот. Тебе како ти рекоа? Јас Оперил и Септоназал не би давала повеќе од 3 дена и тоа со одобрение од доктор. Инаку и јас давам АЦЦ и прилично успешно е. А какви се тие лепенки @kristina.k ? Како делуваат, го одзатнуват носот?
Искрено Германија не ми е репер за лечење со оглед што за некои работи ич не му ја мислат и лек за све им е воздух и природа. Не дека не се во право но една обична стрептокока може фатална да е ако не се внимава.
^оперил се дава максимум 5 дена,повеќе не. А септаназал до 7 дена. Бруфен само на температура над 38,5 и тоа доколку детето не реагира на парацетамол. Чепчињата се безбедни Анат и за неговата килажа може.ќе пуштам дозирање и за нив. Едит: Упатството е такво криво, не се поправа затоа е ваква сликава
Истово на инфективно ми го кажаа. Од збор до збор. Ми се развика за блокмакс тек кога видоа дека парацетамол не делува ми дозволија да дадам.
И јас се лутам кога директно се дава бруфен, а не е ни пробано со парацетамол. И по нас цркаат Лили специјалистите, затоа по нивно кажување вакви совети даваме
По совети од вас и јас давав парацетамол два дена не ја симнуваше тт по 38 Е веке кога качи 39.7 бев во неизлезна ситуација и и дадов блок макс кој и делува одма За спрејот почнав од денес и знам колку се користи препорачан ни беше пред некое време од матичниот Сепак ви благодарам многу на сите
@kukla21 јас не можам да престанам денес, ништо не ми помага. Кај него се смирува барем. А немав други симптоми од грипот, ни омалаксаност, ни температура, само кашлицата сува и глас што немав 2-3 дена. Многу чудно.