Супер е . Повлечен. Моментална реакција на полазено. Ќе знаеш за следен пат дома обевезно нешто на база на лоратадин.
Малата, скоро 3г, денес има 4-5 потечни столици(како шлаг густина). Од тие 5 и една потврда... Се жали и дека ја боли стомакот. А јадена е супер, иако штрајкува со глад у последно време. Весела е вака. И дадов пробиотик и електролити ама и измешав со малце кока кола(никогаш до сега нема пиено..) ама другачие знам нема да ги испие. Ова и се случува прв пат, не сме имале до сега ваков проблем. Треба ли и друго да давам? Не знам ни дали се рачуна за пролив. Смее ли на дете активен јаглен? @Alishan30?
Ништо не давај. И моево вчера така цел ден, се жалеше на болки во стомак, имаше чести столици, ама не беа течни, ни густи ни тврди. Дадов само пробиотик, полесна храна, бистра супа и печен леб... помина, еве денес фала Богу е добар, не се пожалил.
Мајки кажете кое е најдобро сирупче за кашлање,и двете ми кашлаат прво носовите почнаа да им течат сега кашлаат ,за над 3 год. ?
Фала ти ,ќе беше полесно да сме дома ама на одмор сме немам толку услови овде,сирупи никогаш не пиеле,дома кога ке кашлаа им зимав природен сируп од еден човек,во фрижидер треба да седи инаку одма ќе се расипе а овде ни фрижидер имам ништо...фала уште еднаш.
зависи каква е кашлицата.во вакви случаи сум одела право на педијатар за соодветна терапија да даде.По правило ни поминувало со ногрпипин и инхалации а не сум давал сируп никогаш.Со лесно само
Ако си во Македонија сигурно во местото каде што сте сместени или во близина на тоа место има аптека. Побарајте во сите аптеки го има
Сега малку се испаничив.Дали е можно дете по втор пат да прележе варичела? Се работи за ќерка ми, моментално е кај баба и во друг град и ми се јавија дека има брунчиња,ја однеле на лекар и им рекле дека е варичела,а она ја прележа на 20 месеци од градинка ја фати уште тогаш.Многу ми е чудно, брунчиња има само на бутовите позади на нозете и на рацете по некоја,тт нормална,јадела ,си играла расположена.
Да не е коксаки? Се прави ист осип како варичела, ама само на раце, нозе и уста. Нека ја проверат во и околу устата. Не верувам да е вторпат варичела.
Не сум докторка, ама ни мене не ми личи ова ни на коксаки, ни на варичела. Баш на полазено, или евентуално нешто алергиски. Да пробаат со синопен да намачкаат, што и да е, би требало да смири.
Ова не личи на варичела. Повеќе личи на убод од комарец. Кај варичелата пликовите се полни со вода. Избиваат по цело тело. Може е подобро да и дадат сируп за алергија. Јас на големиот сум дала сируп за алергија кога бил испокасан од комарци затоа што му се прават огромни пликови.
Здраво, малата има една година, пред една недела имаше некои 24 часа температура со проливче. Следниот ден ништо само осип по телото и потечени оние топчињата зад ушите јазлите. Да напоменам нема ниеден заб, па ние се надевавме дека е од тоа. Утрово еве пак е малку топла и исто испакнати и се жлездите/јазлите зад ушите. Што може да е? Матичната малку ме откачи на телефон, вика се што е во големина на зрно грашок е нормално. Нема ни кашлица, ни кивање, ни мрсули. Од памет се извадив