Здраво мајки, да прашам Се работи за детенце од 2 годинки на моја комшика (нејзините се во странство) гори од температура, не сака да јаде а не са да го носи во болница бидејќи е хаос секаде со короната. Што да му дадеме освен сирупчиња и чепчиња а и полесна храна со ќе ја јаде.
Колку е висока температурата? Ако е надд 38.5 мислам дека треба доктор да го види. Електролити давајте за да не дихидрира, вода, туширање без глава за да се разладува телото, мачкање со етанол.
Не ми текна на пудра, ама зедов спрејче му го смири чешањето одма. Исто цинк оксид е составот на двете мислам. Фала
Мајки искуство со уртикарија? Малата вчера се исфрли целата, страшна беше за гледање. И дадов лоратадин и ја носев кај матичната каде ја боцкаа урбазон. Опструкции на дишењето немаше. До вечерта се потсмирија малку уртиките, но еве од сабајле пак се проширени. Не знам за колку време би требало да исчезнат, читам по нет и до 6 недели траеле... ?
Кај малата траеше 5 дена. Исто така кога беше со терапија покриена и се повлекуваа, па после пак се појавуваа. Кај малата 2та ден отечи во лицето па ја однесов на детска. Таму беше со урбазон и инфузии уште 4 дена.
Веќе сме хоспитализирани, ни рекоа ќе прима терапија неколку дена. Многу е страшен осипот Откривте ли вие од што е?
Кај малата беше од алергија на кравји производ,покажуваше малку црвенило околу усте ама организмот се презасити од алергенот и избувна уртикарија. Тогаш беше 8м, сега е 1.5г и пак исто и се прави, пробав со сладолед, ама со време дадов сируп. Нека ви минува брзо
21 ден било потребно за да зарасне таа коска. Најмалку толку. Јас мислам дека еден месец помина. Ама и ден денес кога ќе дигнам рамо од таа страна се слуша крцкање на коски. Мака немав после зараснувањето ама незгодно е зашто не се прави операција на таа коска. Од таа страна изгледа како таа коска да ми е пократка. Многу е важна имобилизација и лежење на грб јас носев и ортопедско помагало,мислам фиксатор за граден кош се викаше. На внука од жена му на маж ми ист проблем имаа,исто и рекоа не може операција мора мирување без движење најмалку 21 ден. Мене мајка ми ми правеше супа од коска. Варена коска со сите зачини и фиде демек коскената срцевина од коската јас треба да ја испијам. Покрај тоа и калциум шумливи пиев.
имам прашање за раскрварен нос, изгледа си го раздразнила и сега понекогаш пак и тече по малку крв, како да го чистам и со што да го мачкам, некоја маст/спреј? во аптека на свекор ми му дале маст за очи антибиотик се нервирам дури како е можно така да се расфрлаат со нив како бомбони.. бепантен можеби или? немам можност да се посоветувам со доктор наскоро
За антибиотска маст треба и други симптоми и плус брис кој покажува бактерија. Давајте бенил или едил капки во нос, 5-7 дена, витамин Ц капки или таблети за џвакање, зависи колкаво е детето. Доста течности да пие овие денови, и избегнувајте директно изложување на сонце, само наутро, и доцна попладне, да се внимава да не го чепка и удара носот и тоа е. Доколку не поминува по овие денови, консултација со орл специјалист
Офф, мојов два дена лежеше, денес не седна. Немаше болки денес како првите денови, а мобилизирана му е во лонгета, ама се разлабави. На 10ти ден сме на преглед, па ќе видиме.
Дали некој се има соочено со хоанална атрезија т.е стеснување непроодност на носните канали со коскена атрезија..Ова дијагноза ја добивме уште од раѓање а сега сме 24м.Треба да се прави компјутерска томографија на синуси на главата а од роднини имам доста коментари слушнато дека КТ предизвикувала рак и сега сум преплашена а мора да се направи таа снимка и таа операција за да можи нормално да расти и функционира...
Нека не те плашат, нема да добие рак, премногу е низок ризикот за да се случи тоа. Честа процедура е, ако беше толку штетна, сите кои ја направиле ќе имаа канцер.
Има големо зрачење СТ, но не е толку штетно ако е еднаш, после тоа ако пие млеко давајте нека пие повеќе, ако се снима повеќе пати и на пократок рок тогаш е повеќе штетно. Без гајле, ако мора мора.
Пушеното месо прави рак, исто така. КТ не е штетно еднаш. И мојата ја снимавме кога падна и поврати. Само мораш да ги држиш детето мирно за да не му пуштат анестезија.