Мене еднаш ми го даде педијатар и после си продолжив на своја рака. Ова најдесно, со бебето на слика.
И моево беше болно до вчера, 3 дена со температура до 39.1 Го прегледа,правевме кс рече вироза дека е. Вчера доби и осип по телото. Туширање на 2,3 часа, лесна храна свежо овошје и зеленчук, домашна супа и многу течности. Го разладував со раствор од цеден лимон и 1 лажиче сода и му ставав чорапи со оцет. Ќе помине
Пак јас,вечерва како да зачести со кашлање,еве го спие и кашла. Ако се нешто влоши ноќеска со одглед на ситуацијава,каде да го носиме? Во козле знам го направија ковид центар.
Нормално е навечер да се влоши од што е легнат .Стави го на повисоко ако имаш викс за бебе мачкај му ги градите и грбчето ќе му го отпушти носето и многу смирува 2-3саати сигурно .Капки обавезно и побрзу да мине
Моник и син ми до вчера беше болен. Точно една недела. Почна со затнат нос, кивање, кашлање, така суво па влажно, и после со растечен нос. Имаше на моменти и зелен секрет. Давав само домашен прополис и спреј за носот. Кс ден пред да се разболи беше добра. Сите деца околу нас беа болни. Или е некој вирус, настинка или корона. Се шалам Не се плаши, не е корона ваљда. Барем не кај вас.
Од синоќа почна со затнато носе, сега свекрва ми ми се јави топла е, поткашлува и има мрсули. Не е затната,кива и ги вади цело време. И рекла дека ја боли грлцето, дека бара почесто вода. Смеам ли Ногрипин сируп да дадам на своја рака? @duffi ? Да не ја влечкам по доктори, знам дека одма атб ќе и даде матичната.
Леле сите деца со исти симптоми. Јас давам Тајлол Колд или Ногрипин пред спиење кога е со мрсоли. Работата е што почна да ми ги одбива и да бира вкусови. Иначе со нив брзо се средува настинка. Секако имаат помала доза од Риностоп. Јас би дала. Утре може да ја носиш на лекар ако ти е мисла , нека ја слушнат. Пишував на мојот две недели му тече носот. Нека мине. Почнуваат настинките.
Каков е на вкус Ногрипинот? Мојата не отвара уста на ниту еден сируп, ама со сила ќе и дадам со шприц вечер. Втор пат за два месеца ми е со иста настинка,првиот пат само со Септаназал спреј во нос и Оригано, и секако кромид до креветче
Само Тајлол го пробав и некако нагорчува. Пробав и со леден чај или сок, никако не ми успеа. Тајлол е назначен за деца над 3 год, а Ногрипин над 6. Иако Ногрипинот е послаба доЗа . Не знам дали се сеќаваш, едно време беа сите над 3 , сега е променето. Дај помала доза ако прифати. И прскај спрејче.
Затнат нос, полн мрсулчиња прозирни. Не може да дише, автоматски ни да спие, ниту да цица. Не дава ни да и извлечам мрсули, пишти плаче. Едвај и прскам солени капки аква марис. 15месеци сме. Да намачкам викс? Тоа од оригано за која возраст е?
Можеш да мачкаш викс маст имала една и за деца можеш да прашаш во аптеката. На гради и позади на грпчето и вратот, а од кога ќе заспие и на носето надворешно, и на носот дури спие можеш два три пати во текот на ноќта да мачкаш, кога ќе осетиш дека пак почнува да му се затнува. И стварно помага. Јас лани зимата цела зима ја мачкав со викс маст на гради, грпчето и рамениците после бајнење(2-3) пати неделно, и помага од измрзнано и ако има шлакмови полесно ги раскапува.
И ние сме исто од вчера, и после едно измачувачко деноноќие педијатарот препорача оперилП максимум до 3 дена. Утрово ставив и носот се смири, па еве го конечно заспа. Бебето има 12м.
Ногрипинот го пишува над 2год х2.5мл, затоа и го земав. Ужасен вкус, со плачки пие. Ни дадоа атб денес, Црп 40, грло жар црвено, Макропен сируп во наредните 7 дена..
За што е Ногрипинот за настинка? Смеам да му дадам на моево? Правевме крвна слика и црп,црп мирно а крвната слика во прилог на вироза.