Јас би ви рекла да дадете антибиотик уште одма, мојата ја имаше зимото, матичната не маткаше дека е вирусче, нема потреба од брис и антибиотик па на крај линдацин примаше, тт имаше над 39. Направи и кс и брис после антибиотикот
Дадов антибиотик уште вчера вечерта амоксиклав денес попладнево веќе е подобар не качил ни температура ,иначе крвна слика правевме добра му е .
Девојки, бебла беше вознемирена ноќва. Се будеше на 10 минути со плачење и последниов пат ми бљуцна шлајм. Претходно приметив крчкаше на нос и и ставив физиолошки. Температура нема. Сега е будна, ја пресоблеков се расположи и си игра. Да дадам нешто превентивно треба? Сируп парацетамол колку време може да стои отворен? Во фрижидер ми е, ама да знам да пратам маж со време нов да зема.
Превентивно утре супа со црвен кромид. Парацетамол сируп, 6 месеци по отворање, ама тоа у моја зона, ако можеш прочитај си го упатството. И не давај парацетанол ако нема тт.
Значи иста песна ко пред 2 месеци. Цела ноќ беше вознемирена и еве утрово почна да крева температура. Ама овој пат полна е шлајм. @Alishan30 што да правам во овој случај? Да носам на педијатар?
Јас би ти рекла да однесеш, шлајм знае да се спушти. Или јави се бар на педијатарот. Иначе за секрет јас имам една маст налик Грчкана Викс, само за деца е со Камфор, нема еукалиптус, мента, многу му олеснува. Туширам со потопла вода, ако нема тт нормално, мачкам убаво гради и грб и нозе, облакам топло и во кревет, до сабајле ко ново. Ама само ако нема тт, ако има друга песна е. Исти сме иначе и ние, ден пред да се разболи ќе се утепа од икање, од ќенкање, од цвикање, нема да спие убаво ни он ни јас и следен ден пупунец.
не е лошо да ја види. Има сирупи експекторанси, и служат за да ги исфрли шлајмовите, преку каките или со кашлање или да ги поврати. Може такви да ви препишат. Нека ја види педијатар
Дете се лизна на плочките во кујната и падна директ на глава. Заплача и за кратко се смири. Кој се симптоми на потрес на мозок, како да препознаам да не и е нешто
Поспаност, нагон за повраќање и повраќање, вртоглавица, недобра рамнотежа, покачена температура, проблем со видот. Следи го овие 2 дена, не би требало ништо да е, ама за секој случај. Ако има болка дај му парацетамол, течности многу, витамини исто.
Детево ми е 2 год . Додека отидов у вц ја преместил наткасната и излижал од отровот за мравки . Што да правам ?
Оф Боже...мојава една лапна од тоа памучкиња шо бутаме на краевите од вратата во вц, со средство за бубашваби натопено.. шо да ти кажам, ко видов... ама ништо не се деси...ваљда испарено било, кој ќе знае..
Во случај на блага температура што да се дава превентивно, нели не смее сируп до 38.5?? плус за проливче?
Зависи колку е температурата.Се расоблекува да не му е топло.Може и да се тушира со помлака вода. За проливот пробиотик и орс.
Синко е година и 9 месеци. Цела ноќ се буди и плаче, приметив кога сака да голта, веројатно грлото го боли. Што се дава од страна на природни 'лекови' кај болно грло? Да го носам на преглед кај матичната?
Прополис без алкохол може да прскаш. Ќе видиш како ќе биде буден, па ќе се консултираш што понатаму. Дали да носиш или да следиш.
Дафи и малата кај мене е со црвено грло и алмацин си доби.Дали можам покрај антибиотикот да и прскам прополис за да и помине побрзо да не ја боли или не?Има 2 годони и 1 месец