Исто можеш и мед да даваш, многу помага за грло. Една мала лажичка и после давање 2-3 мин не давај течности за да може да се залепи на грлото медот.
На малата и е како фатен гласот од вчера, други симптоми нема, што да давам? Да носам ли на лекар и крвна слика?
@danichap тебе те тагнвам оти знам дека Ели е оперирана од полипи како што се сеќавам.Ние конечно по 3 години мака со кашлицата, дознавме дека малата има полипи, ама HNO докторката не прпорачува операција до 6 години.Ние со мм размислувавме и сакаме што поскоро детето да се спаси од оваа одвратна кашлица.Може ли да ми кажеш како стигнавте до операција и дали и правеа на Ели МРТ и како се одвиваше, со опојка или без? Дали операцијата е рутинска и лесна или поризична?
Полипите ги оперираа заедно со крајниците и рез кај ушите. Се будеше пола час после зафатот, поседовме уште 30-60мин и станавме си отидовме дома. Значи кај нејзе беа 3 во еден зафати и после еден час веќе беше фит и на пат за дома. Многу се плашев тогаш...ама лесно прелесно. 4г беше. Да, и МРт главчето е снимано, исто под целосна наркоза. Имаше и други зафати истовремено, па да се искористи наркозата. Будењето беше без апсолутно никаков проблем. Она беше околу 3г тогаш...па само со наркоза ми беше кажано како опција.
Толку брзу си отидовте Супер значи не е некоја ризична.Ние повеќе се мачиме со кашлицата и само ја клукам со сирупи и капки за нос.После од кашлицата добива болки во стомакот.За болки во синусите не зборувам, ама др вели немало причина голема Мојата е 4 години.Па ќе барам да ја средат вака не оди.Фала ти за брзиот одговор , гушка за лепотиците
Мајки, хелп ако има некоја будна во ова време. Бебе ми е со температура 38.6. И ставив чепче, после 4 саати пак крева. Дали може повтотно чепче или мора ибруфен? Последен пат го плукаше и поврати сирупот.
Не сум сигурна на 4 саати дали може, но туширање кај нас помага многу. Матичниот ми има кажано као може после 4 саати да се даде и сируп..
Луѓе помагајте, детево буквално на еден саат се буди со вриштење плачење веќе живот нема во нас. Малку и течеше носот.. Ја гледам и цуцлето го гризе поагресивно па дадов блокмакас. Се смири, заспа.. По 1 саат иста песна. Ова е трет пат што се буди а саатот е 5 сабајле. И прснав и спреј во носе. Сега се смири па ќе заспие. Ама ме плаши што може д биде работата? Плаче корне... Немоќни сме скроз во ситуацијава. Помислив да ја носиме во брза помош ама што ќе и прават таму? Нема ни температура, ни кашлица.. Хелп
Има и чепчиња Неофен . Само незнам која возраст сте. Сируп со шприц, дирекно во грло. Со фатен нос. Ќе го голтне.
Да не вади заби? Колкава е? Ќерка ми така вриштеше во сон и се будеше кога ги вадеше тројките и четворките.
Утре точно година. Успеав еднаш да и дадам ибруфен. Почна и на помалку од 4 саати да качува. Ќе ја носам сега на педијатар. Неофен е во составот ибруфен? И од која возраст ако знаеш?
Na mojava i so ibrufen i kacuva na 4 saati..ja tusiram i malce ke i padne..ama taa ima i treska cela se trese..pomina dvee nedeli otkako i davav antibiotik..i eve sme pak so temperatura..neznam i jas sto da pravam.
Проверете урино култура. Може да има некоја бактерија, доколку нема респираторни проблеми, носе да течи, сигурно е од тоа. И јас ја туширам, ама пак не се намалува. Сирупот за температура пола го исплука и поврати, а од чепчето по 10 мин. се покака и не знам дали ќе делува
Se slusnav so pedijatrata..utre ke i pravam complet pregledi..ako ne i padne provaj pak sirup ama mislam da pocekas barem eden saat..taka mi velese pedijatrata.
21 месец има, си викам и јас дека се забите. Само досега другите вака не ги вадела со пиштење вриштење.. И затоа се извадивме од памет. Фала ви девојки.
На синко му излегоа неколку вакви точки. По две на бутките и над курето, одприлика кај рана пд царски што е, уште две три. Сабајле имаше само над курето, сега гледам и на бутки има. Не се чеша. Температура нема и немал деновиве, односно никогаш. Памперс ист користам со месеци, исто и козметика. Нови вкусови немам дадено. Анемичен е, пие малтофер. Пие и бекутан мултивитамин, ама до пола шише ги испи и двете. Една недела, 10 дена максимум, јаде по три оброка, воглавно месо. Цица ама ништо немам сменето во исхрана. Прашок и омекнувач не менував скоро. 14 месеци е. @Alishan30 @Annath @Spidy Или некоја членка да има искуство? Спојлер: Слика
@Magic13 ако подолго време не спушта и има висока тт стави оцет на стапала. Минатиот пат нас тоа ни помогна покрај сирупот и после тоа веќе не крена. Не е прва опција, ама во ваков случај можеш да пробаш. Не се грижи, периодов сите сме така, ќе и помине ко на кутре.
И јас да се пријавам во загрижените мајки. Синко е година и 9месеци, прв пат настинува, ама саглам е ова. Од понеделникот ноќта е со висока температура, од 39 се до 39.8. Вчера држеше околу 38.5, денес околу 38. Носот му е растечен, прскам Изомар и Оперил спреј и влечам со пумпица. Му направивме кс, црп е 15, леукоцитите се мирни. Матичната вели вирус е, да давам Далерон и Блокмакс сирупи комбинирано. Давам на 4 саати оти повеќе не дозволува, и пред тие 4 саати пак качува. Немам искуство па да прашам, колку време траат овие вируси? Од денес веќе не кива толку многу, и секретот не е толку воден, туку згуснува и го гуши на моменти. Во петокот минатата недела му ставивме мрп вакцина, ама беше здрав и со одлична кс.