Јас дадов Блокмакс, крена 39.4 на 4 саати после парацетамолот и уште ќе качуваше. Иначе парацетамолот престанува со дејство после два часа, и вчера и денес. Се жали на болка, вика окото го боли, претпоставувам главата е. И заб најде да му пробива, претпоследната петка, лом му е непцето таму. Барем јаден е, супа. За тоа не го мислам.
Се сетив, вчера колешка не беше дојдена на работа, детето со температура, главоболка и симптоми на стомачен вирус, повраќање, дијареа. И педијатар стомачен им кажал, со главоболка бил вирусот, може истиот е.
Денес не е јаден ништо, ама ич ништо конкретно, само јогурт и кисело млеко. Во очај направив и чоколешник, да се запише во историјата. Не и не. Нешто ќе има, што не знам. Вирус е гарант, мене ме корне, грло ме боли, кашлам... Една недела по пад на глава синоќа му протече крв од нос, пообилно, не светла туку потемна, мислам дека беше засирена крв пошто потече откако го штипнав за носе. Ај некаков совет?!
Засирена крв е дефинитивно, подобро штом истекла. Не форсирај да јаде, нешто витаминско сирупче да му дадеш, перли за апетит. Електролити раствори лажиче по лажиче давај, помалку а почесто @AngelOfArh
Не го терај да јаде значи повторувам. Не го терај да јаде. Организмот не може и со храна да се замара во моментов. Нема ништо страшно да се случи ако е само на течности. Баш напротив ќе има повеќе сила да се бори колку и да звучи чудно.
за затнато носе пробај и исечен кромид околу кај што спие да ставиш, убаво делува. леле значи да се спремам за кашлицава дека ќе ни трае за кашлица направив еден сируп, исто со кромид исечкан кромид и мед (за мало бебе може и шеќер) да отстои да пушти вода и да се пие од течноста како сируп по потреба. ама денес ништо неќеше уста да отвори еднаш само и дадов.. ќе пијам и јас. прополис имам сиров од него јадам. исто јадам црвена пиперка блага, има многу вит Ц, повеќе и од лимони и сл.
Ова изгледа таков е вирусов/грипов што и да е. И ќерка ми два дена со Т, пред тоа една недела кашлаше без Т. Вчера крена, а денес 40.4 Далерон два часа делува, па и јас дадов Блокмакс. И ја симна до 37.6 - 38 и дејствува 6-7 часа. Ама не давам повеќе од два пати во денот. Во меѓувреме мачкање со разреден медицински алкохол и парацетамол. Тераме некако. Колку време држи вирусов?
@KidA жити се,каков вкус има тоа од кромидот? Јас гарант не би пробала, а не пак дете. Сигурно помага, не велам не, ама бљуткаво е бре и гадно @An-na тие што ми доаѓаат на преглед деца и по 5 дена држат температура, првите 3 дена повисока потоа намалува, за жал доста ги држе
@An-na кај моево почна на 2ри февруари во сабота, до среда имаше тт, после до неделата само лежеше, без апетит, без сила. А до денес еве кашла уште, ама не како тогаш. Ужас. Ама кај нас беше грип сигурно. @Alishan30 моево само тоа со кромидот го пиеше без проблем, и кажа дека е многу вкусно. Јас не пробав, мразам кромид.
Вкусно е Алишан, и стварно помага кромид. Јас обавезно го ставам во супа, и така давам да јадат ако сакаат. Правам и чај од кромид за кашлица. Малово сега има 36.7, спие, ќе видиме до кога ќе тера вака. Не планирам пак да давам Блокмакс, освен ако не дигне пак над 39. Мене на аденовироза ми личи, висока тт особено попладне/навечер, стомачни тегоби и главоболка. Со големиот го имаме поминато ова, таа дијагноза ја добивме. Со помин нека е кај сите, да оздравите побрзо!
Гарант и кај нас е грип. Еве го маж ми уште се опоравува, цело тело го боли. Од него има префатено. Навикната сум јас на висока Т, кога качува најчесто е над 39. Сме имале и 41.6 штом тоа го преживеав немам гајле.
Не, не, кога не сака да јаде не форсирам. Пие јогурт, кисело млеко јаде, доста му е. Тук там каснува по нешто, не е без ич ич. Залче банана, залче јаболко, чај, нешто става во мешето. Се ствара имунитет од аденовирус? Ние прележавме еднаш.
важи истото и за возрасни кога имаат грип? јас мажот ми само го терам и го карам дека не јаде, јас па мислам ако не јадеш како ќе имаш сили. секако лесна храна, повеќе супи итн ама тој едвај по нешто става во уста.
И твојата качува толу многу? Минатиот пат кога беше болна на еден наврат скоро 41 отиде , еве ја ноќва околу 12 и дадов дслерон имаше 38.4 знаев дека ќе оди нагоре, сум заспала се разбуди со плачење дека и е жешко и фрлаше перница и се околу неа, едвај ја измерив од што мрдаше, 40.4 покажа, одма ја ставив под туш и малку ноџињата и ги измасирав, симна 38.7, сега се смири ја пипкам не е повеќе од 37. Преку ден на 2 пати крена 39.6 и еднаш само и дадов бчокмакс бидејќи немаше 4 часа поминато од далеронот. Секогаш качува 39 ама ова со 40киве ме плаши, уште не можам да се смирам Нема никакви други симптоми, само малку и е носети затнато.
Многу ми е жал за дечињата Ептен е лош вирусот, грип ли е, кој знае. Висока тт со денови. Моето не сакаше да оди. Само во раце. Кога ќе ја пуштев доле, одеше ко пијана и пак одма во раце. Многу лошо. Па и тт со денови и тоа висока. Со помин на сите.