A izvini sto kete prasam..Kako stavas ocet na stapalata?misles na corapcinjata i namokruvas?ako mozes da mi kazes i jas so mojava imam ist problem..na sekoj 4 saati t.t visoka.
@MilaSs12 јас колку што гледам овде не ми изгледа на ништо страшно. Некој инсект нешто или болва да го полазила. Не ми личи на друго нешто, почекај дали евентуално нови би се појавиле.
Да на чорапчиња. 50:50 растворено со вода, потопуваш чорапчиња, малку ги цедиш и и облакаш. Над нив други суви.
Сабајле имаше само кај курето, сега уште по две на бутките. Сменив се, ке видам утре како ке е. Ни мене не ми изгледа страшно, плус не се жали, не се чеша, весел е. Можно ли е од премногу месо да е? Намачкав со крема со цинк, се надевам ке се смири. Фала ви многу.
Обично температурата трае до 3 дена но некогаш може и до 5.Штом се симнува , значи веќе намалува на интензитет.Другиве симптоми може да траат и подолго.Давај домашна пилешка супа,многу течности и ОРС. До 38 не давај сируп само разладувај.Паднат му е имунитетот од вакцината и затоа закачил вирус.За носето даваш се што треба.Ќе пројде наскоро. Ако треба слушни се со педијатарот утре за мирна глава.
Да дополнам само, чорапчиња со оцет само на топли нозе.На ладни не.( Јас од неискуство ја направив оваа грешка)
А зошто не на ладни? Што се случи? Нели баш тогаш креваат температура. Кога се топли стапалата почнуваат да спуштаат и тогаш нема потреба од оцет.
Ова ми го кажа педијатар.Кога се ладни рацете и нозете обично качува висока температура.Со мокри чорапи дополнително ги ладиш а телото се труди да ги загрее и немаш никаков ефект.Кога ќе ја достигне темп. тогаш се стоплуваат рацете и нозете.Мојата имаше првиот ден 39.2 и топли нозе.Чорапчињата веднаш имаа ефект и се сушеа.Ама другите 2 дена додека не качи 39.5 и беа кочан ладни.Е јас ставав и немаше никаков ефект дури не и се ни стоплуваа.После педијатар ми кажа дека не треба.
Епа да. Оцет се препорачува само на висока температура. И мојата кога имаше 39.3 целата гореше, тогаш и ставив.
Полазано е, нешто го каснало. Од месо нема вакви реакции. Ќе му помине. Сега на поладново, сите инсекти внатре бегаат. И во алиштата знаат да се пикаат.
Сабајле беа повлечени тие на бутките, има една две над курето. Фала. @Alishan30 @Spidy Не, наутро јаде овошје со бисквити или житарки, ручек месо а вечера млечна каша. Секој ден јаде месо, на тоа мислев.
Дете ссо нос растечен чешма и температурата 37.5,, јас пред породување. Дали да чекам или да носам за брис да и земат за ковид, преплашена сум. Ниту со луѓе е смешана, не знам од каде би фатила вирус.
Вируси има еден куп сега, плус не е висока температурата. Обично растечен нос не е карактеристично за корона. Почекај ако не сте имале контакт со никој.