дете со растечен нос, па затнат и лесно покачена температура до 37.7 ? Има таков вирус? Дали ова влегува во симптоми на ковид? полудувам
Настинка е,вирусче.Не паничи мајка,мрсули и ковид не иде заедно.Прати тт да не крене над 38.5 па да дадеш нешто за симнубање,и прскај во нос солен раствор.со помин да е.
Колку треба да се лимфоцитите кај дете од 3 год? И што значи покачени лимфоцити? Сабајлево правевме крвна слика, се е ок, само лимфоцитите и се покачени 5.8. Матичната е втора смена, па дури да се јавам да ве консултирам.
Луѓе малата ми е 5 дена со запек и докторот му рекол на маж ми пробиотик да даване и ако не се искака да ја носеме на детско.Ве молам за помош не сакам да ја носам и така се плаши да кака тоа ептен стресно ќе и дојде. @Alishan30 помош?
2 години.Иначе и дадовме маслиново ладно цедено, компот од слива и пробиотик ваја и де искака, камен од срце ми падна.
Замисли 2 чепчиња не успеаа да ја протераат, јас го ставам она со газето го враќа,се плаши.Нејсе,важно успеа да се искака и бевме многу среќни и двете
Мајки, малиот ми качи висока температура над 39!! Се извадив од памет, од нигде негде. Расположен беше цел ден, си јадеше се супер и одеднаш почна да омалаксува ептен дури да му паѓаат очите. Му дадов одма сируп за симнување и со туширав со млака вода. Многу се плашам од високи температури, некое искуство плус би ми значело, пошо матичниот не ми враќа
Исто ми се случи во саботата со малата. Си беше расположена и одеднаш почна да омалаксува и да качува температура. Но еднаш само пред спиење и дадов сируп, ноќта пак се затопли ама не ја будев да и давам сируп и сабајлето беше како нова, не качи пак. Некое летачко вирувче ќе да беше.
До која возраст кај машките деца треба да се 'стационираат' тестисите во ќесите? Синко е година и 10м скоро, уште му се мобилни. И уште не му е отворено курето. Искуства некои во врска со ова?
За тестисите би рекла до 1 година треба. Ако не, да го прегледа доктор А за курето од 2 до кај 4 години, различно кај секое дете.
Син ми има 4ипол па уште знаат да му варираат, не како порано, ама знаат. А курето откако фати инфекција му го отвори хирург и од тогаш нема проблем. Јас мислам дека што порано тоа подобро е за курето, на моето му беше скоро цело отворено скроз, само малку залепено па пак му се слепи цело и му се инфицира. Однеси си го на лекар да види, и за тестисите треба да си види доктор. Нас до 1г не пратеше редовно, после знаев да прашам случајно ако одам и погледнуваше.
За тестисите прашај доктор. Тоа е многу битна работа кога стануваат помобилни зашто може да се вклешти и тогаш е опасно. За курето на мојот на 4 и пол години уште не му е отворено скроз и ми рекоа ако нема проблем со инфекции тогаш до кај 6 години да го оставиме само да се одлепи (нормално на секое бањање ние му го отвораме докај што може и миеме со вода).
Девојки бебла се исфрла по прв пат на и околу дундето. Вреска кога и менувам пелена не можам да ја измијам не дава.. ја боли многу. Премалува на секое менување пелена. До сега знаела сосем малку да се вцрвени одвреме навреме, мачкав веледа и од еднаш на следно менување пелена ништо немаше. Сега се префрлив на литл сиберика намачкав еднаш до сега, овој пат беше уште поцрвена од претходно, и сега не знам дали кремата и делува лошо или тоа што била искакана, а не приметив навреме, или и двете.... Иначе сменив пелени вчера па се сомневам дека е од новите пелени, оти само тоа ново е. Што можам да намачкам друго? Имам судо крема, има рок, не е воопшто отворена, друго што можам да купам за ова?
Измивај со чај од камилица и мачкај судо. Не поправај што не е расипано, не менувај креми и пелени. Да ти кажам да ја остаиш без пелена? Не сум сигурна цинк оксид дали може за ова или како веќе се викаше тоа што бои вода љиљаково @duffi ?