Крема не сменив специјално за ситуацијава. Ја купив да ми се најде за ако има потреба, оти од веледа сакав да се префрлам на сиберика. И еве одма ситуација. Кремата има цинк, ама се чини не помага, или тоа што беше искакана играше улога. Ова прв пат воопшто и се случува. Пелени исто не сменив со намера да сменам. Имав нарачано какви што користам за неа, ама не стасаа на време и маж ми вчера не нашол исти и земал други мало пакување дур стасаат нарачаните. И ете ти одма проблем.
Јованти и јас би рекла исто, не менувај ништо. Штом и одговара. Колку и да е природно и органско, не секоја кожа трпи се. Едит: сега гледам, не било намерно. Иначе прави се што ти кажа Биљарка. Судо користи го, ништо не му е , ставај и промивки со камилица. А доколку најдеш хиперманган, можеш и тоа. Консултирај педијатар за кортико. Штом толку плаче си има мака. Ама тоа само ако он дозволи. Тука дават Канестен со Белогент за вакви ситуации.
Разбирам и сакам да помогнам, само гледам многу смени се наеднаш. Спреми камилица чај и остај ја да поседи во такво, па после малку да поседи без пелена...Ваљда нема да се избербати Тоа е Дафи, хиперманган Не ми процесира мозокот денес
Оффф @duffi никогаш немала проблем со ова, затоа и сменив крема. Пак природна демек да ми се наоѓа по дома за некое помало црвенило како и претходно, одвреме навреме. И види одма беља. И со пелените. Никогаш не сум ги сменила, ги користев истите од старт паралелно со Лана. Значи како се погоди се..
Ќе помине. Оди прави чај. 4 кесички барем. И после купка (газе во леген со чај) можеш и да ја поминеш со кесичките чај како премаз. Така јас би направила. После секое какање измивај.
Не ја дочека камилицата, заспа. Утрово и порано се разбуди, и земав само ја измив под туш со млака вода пред да стане ужасно кенкава од што веќе и се спиеше. Намачкав судо. Иако овој пат и од сибериката изгледаше малку подобро. Утре промивки со камилица. Фала ви девојки.
Мојата има проблем од пелените, само 2 модели не и прават, исто така и и се прави ако е на многу овошје. Еве деновиве пак се нафрли ама јаде многу овошје и од каките што се киселкасти се исфрла. Само ја оставам пола ден без пелена и утре е како нова. Можиш и судокрема да ставиш.
Вчера пред спиење намачкав судокрема. Утрово се разбуди во 5, пелената беше полна, сменив, беше многу подобро, ставив пак судо. На следните менувања ставав сиберика, не знам колку често може судокрема да се мачка, а на сибериката стои дека може на секое менување пелена. Ама е многу подобро од вчера. Црвенилото е се помало. Вчера и каката и беше чудна, како посува од претходно. Па може и од тоа да беше...
Јас ставам судо крема на секое менување ама кога веќе ќе се исуши раната не ставам ништо. Остави ја гола некое време ако ви е топло дома ќе се среди одма.
Спомна некој канестен и белогент, кога имав вака проблем едно лето со малата во аптека ми рекоа баш ова да земам. После се јавив кај доктор, ме фсто шубе на свија рака да ставам нешто, и ми кажа само канестен без белогент прво да пробам, дека белогентот е коритко. Се смири само со канестен, ама стварно беше бааги исфрлена.
Да, белогент е кортико, за егзем се дава. А логиката со Канестен ич не ја разбирам, пеленски осип не е кандида
Мајки, малава се има исфрлено во устата, има бели точки на јазичето а и на долниот дел на устата. Афти ли се ова Приметив уште вчера , ама сега гледам по изразено е. Не плаче, нормално јаде. Што можам да и ставам ? Спојлер: ...
На упатството стои за гливични воспаленија, вајда не е само за кандида. Кај малава ми помогна, не сум ставала за благо црвенило туку за посериозен осип. Послабо црвенило и поминуваше и од бекутан со цинк
Носи ја на лекар. За ова ми давале да ставам метиленско сино. Иначе ова не се афти. Носи ја да ти дадат нешто.
Малата од петокот е со растечен нос и кивање, а од денес и кашла и искашлува и тоа многу како да се засркнува дури и на повраќање и доаѓа кога ќе се закашла. Температура нема. Мислам дека е настинка пошто во четвртокот вечер се открила и цела ноќ спиела така, премрзната беше сабајлето и одма и се растече нос. Ме загрижува што не сака да јаде и пие, само 100 мл млеко испи сега и 1/4 јајце изеде. Што би ме советувале, на доктор ич не ми се носи ради ситуацијава?
Ако не е подобра до утре ќе ја носам, некој совет за денес што да правам? Дадов витамин ц, спреј во нос е борба да се стави, ама ќе пробам пак да и прснам, земав септаназал оти од солен раствор немаше ефект. Цело време нудам течности, еве сега и малку сок се напи. А вака си игра весела си е. Инаку е 16 месеци.
Еве и моја мала е со блага настинка а за вакцинирање сме Тече носе проѕирни мрсулчиња и поткашлува. 14 месеци е, како да и помогнам??