Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.063
    Допаѓања:
    178.976
    Пол:
    Женски
    @Mia Fuentes чисти нос редовно. Нема гајле мајка, ќе помине. :hug:

    @M&M @Biljarkata
    Судокремата се покажа многу ефикасна. Биљарке, ја чував во камилица 2 пати вчера, и малку ја оставив гола, распослав на кревет водоотпорни подлоги и игравме малку. Долу не можам да ја пуштам така, плочки се.
    Денеска веќе скоро ништо нема.
    Не беше баш исфрлана, повеќе беше како вжарено местото, црвено, не знам ни да објаснам, прв пат и се случува вака. :| Се надевам нема да се повтори. :worried:
     
    На Mia Fuentes, Biljarkata и M&M им се допаѓа ова.
  2. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    3.940
    Девојче, не прочитав претходно за што станува збор ама претпоставувам се вцрвило твоето девојче на интима. Јас користам bepanthol για συγκαμα μωρου и многу многу е добра, 2-3 пати да мачкаш и наредниот ден нема ништо. За малата земав до сега 2 пати ми се нафрла со ситни брунчиња црвенки одма и мине од таа крема.
    За sudocream читав некаде дека не ја препорачуваат веќе во Гр, има некоја/ои штетна/и состојка/и па јас до сега и никогаш ја немам користено..
     
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Што може да е ова?
    Не се чисти.
    Вчера го немаше 20201004_203504.jpg
     
  4. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Мене ми личи на модрица, можеби се има удрено негде без да запримети. И мојата е иста. Дека е бела и одма и се прават модрици. Види утре како ќе е доколку смени боја сигурно е модрица.
     
    На TeddyGrey и zuto им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.604
    Допаѓања:
    104.335
    Пол:
    Женски
    Да не има доџапано од некаде бетадин? Мене флека од бетадин 2 недели вака ми има стоено, се обои кожата и не мрда за жива глава. Уствари ова на ноџе е, да не има стапнато на капка некаде. Не ми личи на повреда дека има и подоле флека нели. Види ако не ја боли флека е.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.069
    Допаѓања:
    33.033
    Пол:
    Женски
    Може да е модрица. Може да е и бемка да и се појавува.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Solen☀

    Solen☀ Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2020
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    За настинка мачкам навечер од ова, го кпристам од 0+ еве и ние сме исто само што залади дете се поти и толку му треба
    fd6ad9c031abf064e10c06924bcfb3f.jpg
     
  8. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Да не е од хиперманган ако ставате при бањање?

    Инаку ние денес отидовме кај матичен излезе дека и се покачени леукоцитите и малку и било спуштено на гради па ни дадоа антибиотик алмацин. Што мислите за крвнава слика за антибиотик ли е? Мразам антибиотици. И каков пробиотик давате со антибиотик?
    20201005_162425.jpg
     
  9. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    мајки ако ве има будни ве молам кажете ми , незнам дали е баш за во темава ,ама синко мој 12+ стана во спиење пред малце на креветчето и падна на дрвото баш кај што нема ограда , се удри од страна на главата беше свесен но од болка снема здив , му дувнав почна да плаче , му дадов водичка го гушнав и се смири па продолжи со спиење. Но приметив дека има џумка на тоа место , до сега не ми се десило , незнам што да ставам ?
     
  10. калин95

    калин95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2017
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Дали има нагони на повраќање или повраќа
    Работам како општ доктор на ургентен слободно пиши
     
  11. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    вака беше: си спиеше и во сонот се разбуди со плачење...падна ,одма го кренав беше свесен , ама без здив , му дувнав и почна да плаче , дадов вода , го гушкав па пак дадов вода, му ја вратив цуцлата и продолжи со спиење, кога го враќав во кревет приметив дека има џумка странично на главата... моментално спие, нема знаци дека му се повраќа.. да не треба да го разбудам ?
     
  12. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.953
    Допаѓања:
    29.046
    Пол:
    Женски
    Не сум паничар..но сепск ми е во мисла.. . Од пред неколку дена му забележувам нс малиот мала грутка топче на мускулот од ножето назад.... Буквално тврдо како топче...има и мслку модро, како да е удрен негде се жали ако го допрам...дали е можно да е од удрено? Толку јако да се има удрено па да повредил мускулни влакна?
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.656
    Допаѓања:
    202.169
    Пол:
    Женски
    Го боли на допир? Може е удрен, следи дали ќе се повлече.
    Син ми има на раката топче, на ехо се виде дека е затнат канал на лојна жлезда. Требаше пролетта да го вадиме, ама со коронава се искомплицира. Не го боли, ама не му е пријатно да го допирам баш таму. Иначе му е од пред година и пол, сега е поголемо, ама ни рекоа дека ќе расте додека работи жлездата. Не е многу зголемено сега, како да стои исто. Планираме секако да го вадиме, иако радиологот во Систина рече нема потреба, да не го трауматизираме со општа анестезија за таква мини интервенција.
     
    На victoria и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.604
    Допаѓања:
    104.335
    Пол:
    Женски
    Како нејќеш антибиотик на спуштено? Не знам што ви помага вас, ама ние за спуштено задолжително сме пиеле Зинат. Сакаш нејќеш мораш. И инхалации со тоа. Најди си доктор од доверба, за да не се мислиш веќе.
     
    На lady.N и Cka им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.205
    Допаѓања:
    136.238
    Кога ќе рече д-р антибиотици, тогаш мора. Нема сакам нејќам. Зар треба да чекаме полошо за да реагираме? Мојата имаше шарлах, зар така да ја оставам? Или уво воспалено, темп 41, нема мислење. Др вика антибиотик, одма давам. Знам дека за 24 саати ќе помине. И пробиотик и овошје и се... Ама кога мора мора. Полошо е без антибиотик.
     
    На lady.N, MACKICA1902 и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  16. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Првпат настинува вака, никогаш до сега не кашлала, може по малку поткашлувала од црвено грлце, а сега немаше ни температура - од здраво дете за два дена со течење нос и кивање спушти на гради. Проблемот е што не сака да јаде и пие, како мравка јаде и млекото од 250мл сабајле и вечер сега едвај по 100 испива овие денови. Докторката ми е супер ама замената и е катастрофа, а скоро секогаш она ни се погодува да не прегледа.
    Почнав со Алмацин од вчера, знам дека мора, само кажав дека не сакам, многу ми е мачно со лекарствата се бориме буквално додека го испие, се убива од плачење. Па и морам да ја будам ноќеска за сируп, среќа оваа ноќ ми успеа со сок да го измешам и да го испие.

    Инаку ми рече да и правам дренажа, за инхалации не ми спомна. Како се прават инхалации кај дете да ме просветли некој?
     
    Последна измена: 6 октомври 2020
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.604
    Допаѓања:
    104.335
    Пол:
    Женски
    Со инхалатор ќе инхалираш. А млеко јас би ти рекла ич да не даваш сега ако јаде цврста храна. Од млеко уште повеќе лепат шлајм. Ама и за инхалации сепак доктор да препорача, не на своја рака. Јави се на матичната, кажи и дека сакаш да препорача инхалации.
     
    На lady.N му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.656
    Допаѓања:
    202.169
    Пол:
    Женски
    Крвната слика не е за антибиотик. Не секое спуштање на гради се лекува со антибиотик, шарлах секако мора, пошто е предизвикана од стрептокока. А леукоцитите беа десет ако не грешам, со намалени гранулоцити и покачени лимфоцити што воопшто не укажува на бактерија, напротив, укажува на вирусно воспаление. За леукоцити се толерира до 15, како што ми кажа педијатар. Е кај нас се дава антибиотик на секое спуштање, како превенција од бактериска инфекција. Ако била тоа причината, не знам зошто е даден Алмацин, кој што генерално е слаб антибиотик.
    Иначе инхалации, тапкање и редовно прочистување на носот ќе среди работа и без антибиотик.
    Ама тоа мора доктор да си каже, го знае детето, ние не сме компетентни да дадеме терапија. Секое дете е различно и различно реагира на инфекции.
    Ако веќе е почнат антибиотикот, нема прекинување. Мора да се испие целото шише.
     
    На Mihaela123456, Lolipop23, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  19. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Тебе те чекав. И јас спрема крвната слика проценив дека не е за антибиотик затоа и пишав тука ако знае некој да ми ја протолкува, иако не сум воопшто стручна на темата, ама претходниот пат со покачени неутрофили и ниски лимфоцити рече бактериско е, кога се покачени лимфоцитите е вирусно, а сега обратно ми кажува. Да го прочитав мислењево вчера ќе барав и кај друг доктор мислење немаше да дадам одма антибиотик. Многу се мислев ама си викам ај ваљда доктор повеќе знае од мене.
    Инаку моето дете додека цицаше еднаш се разболе само на 9 месеци и со антибиотик беше, ама брзо и помина и не кашлаше воопшто. А откога ја одбив пред 1 ипол месец вторпат настинува. Не е некое нежно дете болникаво, дури и кога е болна е активна не се познава дека не и е добро.
    А на тема млеко, морам да давам барем тоа да ја држи малку, не јаде ништо овие денови, по 3 лажички и толку. Еве вчера цел ден на пола чинивче мало ориз и месо и вечерта изеде 1 јајце.
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.604
    Допаѓања:
    104.335
    Пол:
    Женски
    Затоа ти пишав, мораш да најдеш доктор од доверба. Не оди на замената, чекај го вашиот доктор и тоа е.
     
    На lady.N му/ѝ се допаѓа ова.