Не форсирај јадење, течности се битни за да се исфрли секретот. Млеко не, убаво ти кажаа погоре, се создава повеќе секрет и се лепи. Си почнала со антибиотикот, не го прекинувај, терај до крај, тапкај по грпче со главата надолу, да се одлепи секретот и да го исфрли дали со кашлање, дали преку измет. Секако јас не сум педијатар, ова од моите деца искуството го пренесувам. Ама како што кажав, сите деца не се исти.
И ние сме добивале вакви препораки дури и кога имала висока тт. Ако се сомневала на бактерија сме правеле брис. Само во носе имала стрептокока па сме лечеле локално, зошто кс стално била мирна. И задолжително по 2 дена на контрола да следи да не се влоши. Физиолошки во носе, после некоја минута влечам со пумпица. Инхалации исто така, тогаш мала беше и не доседуваше ама докторката вика ако, боље малце него ич. Извини што те цитирав тебе, ама само сакав да се надоврзам.
Затоа мора да се има доктор од доверба! Јас немам сомневање во тоа што го дал докторот. Ако кажал антибиотик, антибиотик, ако кажал само инхалации, само инхалации.
Па така треба. Следење на ситуацијата и реагирање по потреба. Матичниот лекар го следи детето и знае дали е склоно кон спуштање на гради, знае како реагира при одредени инфекции, знае што му одговара најмногу. Затоа се бира доктор на кој треба да му се верува безрезервно. Ако имате макар и најмал сомнеж за проценката на матичниот, се бара второ мислење.
Мојата често правеше опструкции, ако беше почетна инхалации со пулмикорт, ако потоа отиде надолу плус со вентолин, ама антибиотик за тоа не сме добивале, еве година и кусур се нема напиено антибиотик, сме биле само со инхалации. Мора да се има доверба во докторот, реши си ја таа работа и нека поминува побрзо.
Значи да купиме инхалатор добро ќе биде. Само како го поднесуваат инхалаторот помали деца? Јас не верувам дека мојата ќе трпи, кога ќе врисне ќе треба пак борби. За докторот ние сакавме кај друга докторка, ама немаше место и ајде кај оваа. А знам дека е така, испаѓа дека џабе ја носам на доктор
Инхалатор најубаво во консултација со доктор, да одреди што и колку. Ќе го занимаваш нешто, пушти нешто нека гледа, па ќе се навикне. Мојата и заспиваше додека ја инхалирав, од звукот веројатно.
од шо може да и е овоа на малата и ставив ракија ама плаче мн ја боле?шо да и ставм од домашни лекови
Неколку дена дете (6 години) интензивно трепка. Редовно и се случува тоа овој период од годината. Што може да биде, има некој идеја? Очињата не се зацрвенети, вели понекогаш ја чешаат. Некоја алергија на есен, постои такво нешто? Или дека почна кај нас грејна сезона?
Сув да не е воздухот дома или од ветер? Мене ми солзат очите кога дува ветер, макар и незабележително.
Следи да не се тикови. Знаат да се јавуваат на периоди и да се губат. Посебно се чести со трепкање. Само немој да ја опоменуваш или прашуваш цело време за тоа. Да не почна на училиште или да не имала некоја стресна ситуација?
Почна на училиште на 1 ви септември, ова се случува последниве денови. Ама од бебе има вакви есенски епизоди, не се нешто ново. Секогаш во есен, октомври, ноември. Како стрес би влијаел на очи?Како да познаам дали се тикови?
Ако е алергија би требало да се зацрвенети очите и да солзат. Ама кај тикови очите не чешаат. Ништо не се осеќа само субјективна потреба за трепкање. И ако и е од бебе не ми има смисла да се тикови. Веројатно некоја иритација на окото, може е осетлива на промена на време.
Штом од бебе се повторува само сезонски, веројатно не се работи за тик. Тиковите се несвесни повторувачки движења поврзани со невролошкиот систем и можат да се јават на многу места. Не сакав да те загрижам, само имавме сличен случај во фамилијата, па сакав да ти скренам внимание.
Малиот ми качи тт - 38,6. Преплашена сум заради Ковид 19, само што дознав дека сум трудна. Што да правам