Не му паѓаше синоќа тт и го однесов во Козле. ЦРП мирно само леукоцити покачени. Ни дадоа антибиотик и еве од сабајле нема тт само носот му тече но си јаде и весел е. Фала ти @marchi-cool
јас многу паничам од висока тт. Ама секако не е за занемарување мора да се испита што е. Немој така од а да мислиш на корона
Може да ми кажете како да му помогнам на детето му се затна носето денес и сега неможе да спие. Се врти цело време како воздух да неможе да земе. Како да му олеснам, што да му ставам? Го легнав на висока перница ама пак истото.
Ќе дежурам вечерва. Од никаде нигде ја напипав прееска, топличка. Мерам - 37, со 5. Ја истуширав, касна малку, си легна. Мерам во 23ч, 37 со 8. Мерев пред малку, 38 со 5. Дадов сирупче. Се нервирам дека се има преладено. И ми е жал. Пуштајте среќа да помине.
,Спреј за нос, исецкај кромид до главата стави му кога ќе спие. Нас и инхалации ни помагале но само со препорака од лекар.
Добра е, сабајле во 7 имаше 38 со 3, дадов сирупче. Во 12 отидовме крвна слика да направиме, малку покачени гранулоцити. Вирус е. Пративме резултати кај матичната, рече само многу течности и електролити ако качува пак, млаки тушеви и супи. Сега е добра, ѝ мерев температура пред некоја минута, 37. Си побара супица кога дојдовме од боцкање, си јадеше. Ќе следам и денес. Фала што праша <3
Моментално имаме закажано кај темелковски,пред ординација сум ,јави се ако е итно кажи му сигурно ќе те прими
За тоа мислам треба на детски хирург,ама сепак нека праша и ваму,а детски хирург има во Ремедика,може и таму да се јават да прашаат. Мене ме интересира дали има сеуште педијатри кои се достапни и вон работното време за своите пациенти? Нашава кога и да и пишев нешто на вибер ми враќаше ,а сега наместо да ми одговори ми пишува која смена е и тогаш да и се јавам...
Втор пат истото му се случува на детево, зглобот го изместува. Првиот пат на ортопед му го наместија, па затоа прашав, ама ќе им кажам и за Ремедика, фала. Инаку за педијатриве, на матичен никогаш не можам да се ослонам кога е итно (уште па и ако не е на работа или е викенд, заборави). Веќе одамна не ни пишувам, во такви ситуации носам деца во Систина, тоа е тоа.
^^ нашата секогаш ми одговара... Сега се случува некогаш подоцна да е, ама не ме оставила без одговор. Ако ептен е зорт, пример над 39,5 тт носам дете на дежурен.
Мајки како да знам дали антибиотикот не делува како што треба? Од среда ноќта почнав со Амоксиклав (по препорака на лекар) но до денес уште течат мрсули. Детето го пореметив со аспирирање на нос, нели требаше до сега да се среди тоа? Ја променија бојата, сега се прозирни но пак ги има и тоа во поголема количина излегуваат.
Ако е вирусно, на тоа атб не оди. Носот ќе тече. Обично со завршување престанува носот, на крај. Ако е бактерија.
Меко е на допир, топло, го боли? Ми личи на апцесче, гнојна инфекција, нека го видат на дежурен на детска хирургија. Дали куренцето е натечено и болно? Ако е, може да се работи за баланитис, ама не би да давам дијагнози од ракав, убаво е доктор да го види, да не треба антибиотик и промивки.