Мајки да ве прашам деновиве почна да има кашеста столица, како водеста кога ја бришам како лигаво два дена по еднаш имаше и вчера три пати третиот пат најмалце да и дадам оризова вода или нешто друго? Од што може да и биде? Сега на 5 ти 20 месеци ќе бидеме има 12 заба може ли од заб да е? Или настината? Пред неколку дена малце носот и течеше и и се затнуваше и кива
Мамии ај совет ако има некоја искуство со вакво нешто, на чупалево мое 1ипол год има веќе 1месец како приметив дека и се лепат усните на дундето. Значи големиве усни и се подзалепуваат па кога ќе менував памперс еднаш во денот и ги подотварав за да не се залепат и внатре и малите усни подзалепени и не мачкав ништо. Прашав на мојот гинеколог, ми рече ништо страшно мало дете од недоволно хормони и влажност, мачкај павловичева за да има подмачкување и да не лепат и така правев. Сега еве веќе 2,3 дена приметувам дека кога ќе и ги отворам е црвено како потпарено ии не ме остава вика болии, а и претходно заприметував дека чуствува болка меѓутоа не вака. На педијатар се јавив ми вели мачкај канестен, заради ситуацијава да не ја носам на преглед.Извинете на предолгиов пост ама навистина незнам што да правам, пред ова никогаш не и беа залепени и не ни чепкав таму.
Мачкам еве веќе трет ден со канестен и одмивам обавезно. Дали и на вашето му се лепеа усните, дали ги отваравте и дали го болеше?
Zdravo majki da ve prasam za gnojna angina kaj 2pol godisno dete kakov sprej mu davate. Bevme kaj maticnata mi preporaca eden sprej ali mazot mi koga ojde vo apteka mu dadoja sosema drugo a jas go zaboravic kako se vika. Ve molam za pomos
Да,се лепеа, тоа се случуваше додека уште носеше памперс, а во исто време имаше и уринарна инфекција. Искрено не знам дали тоа беше поврзано,одамна беше ,пред 3.5 год,но за една недела и помина. Може и хиперманган малку да и раствориш во коритце, да се пошлапка.
Покрај канестенот, одмивај ја и со хиперманган (ќе најдеш во аптека). Раствори го во вода и со тупфер памучен убаво натопен во течноста нежно тапкај и’ го дундето. Кога ќе го истапкаш, не ја бриши, остави само да се исуши, па тек потоа стави пелена. Многу помага хиперманганот, од лично искуство со малата, исто вака и’ се имаше случено. За 2-3 дена со комбинацијава се среди.
Ви благодарам многу, одмивам еднаш двевно со хиперманган и еве мачкам канестен се надевам дека ќе се среди. Многу се исплашив бидеќи прочитав некаде некое искуство дека на детенце целосно му се слепиле усните па хирушки биле отварани.Сега за сега Ќе терам вака
Здраво мајки детето прима терапија Суботамол и Панцеф од саботата .. денес го носев на контрола крвната слика уредна ,градите чисти ми кажаа црвено грло .. проблемот ми е што веке две ноки по ред само сто заспие се буди пд кашлање и поврака .. се мислам да не е од суботамолот не кашлаше до волку и пред терапијата ... некој ако може да ми одговори...
Јави се утре на матичен дали да го продолжиш. Нормално е да го разводнува секретот и да го дразни да кашла. Со повраќањето исфрла шлајмови.
Здраво на сите. Керка ми има 8 години и пред малку ми кажа дека осеќа чешање во десната града. Ја проверив и забележав ептем мала грутка, мека.. Бидејќи е касно не ја однесов на доктор,но сепак се јавив да прашам што може да биде. Д-р ми кажа дека нема место за паника, не било ништо страшно. Е сега дали некој имал слично искуство ,нека пише бидејќи немам мир. И секако ќе ја носам на лекар, да ја проверат детално.. Ви благодарам
Не е итно, ама веќе 7 дена е со мноогу секрет во носе. Ужасно многу. Аспирирам по неколку пати на ден. Секретот е нешто како прозирен и бел. Како дополнително да му помогнам? Ме плаши што веќе со денови е исто. Вади плус заби. Матичната вика не сме биле за на лекар.
Мене доктор ми има речено дека колку повеќе влечам толку повеке секрет ке има. Само капки за нос, физиолошки. Откако фрлив пумпици и аспиратори, дете не се затна.