Едниот нокт долу на ногата нон стоп и влегува во месо, некни го сечев убаво, после тоа почна да расте нов нокт врз стариот и едното ќоше и се воспали, жар црвено со жолта кожичка. Ставам белоген, малку и се смири црвенилото, што друго можам да ставам?
Ќерка ми имаше мала несреќа со врело кафе, и ставивме мелем со чист восок два пати и пред спиење гледам дека има надвисната кожичка. Црвенилото е околу 4-5 цм и внатре има делче каде најверојатно најмногу ја допрело кафето и е како кожичка надвисната. Мачкав и јекодерм, кажете нешто друго несакам белег да и остане..
Како успеа не знам, отвори една крема ја гризна и нешто од кремата му се истисна во уста. Освен да давам многу течности и да цица не знам што да сторам. Пробав со вода да му го измијам веднаш јазичето и видов дека нема многу во устата од кремата. Веднаш дадов вода. Сега треба да цица и да спие. Не знам што да правам. Да носам на лекар некако не ми се оди во оваа гунгула на вируси
Леле мајки не знам што повеќе да правам. Откако е тргнат мали во градинка (18 месеци има) цело време сме по лекари. Носот полн од пред 3 недели се воспали и уво. До сега 2 по 7 дена Амоксиклав, па Оперил, па Бруфен, го отрув со капки, пробиотици и свашта нешто. Јас сум исто со синусит, не знам дали он на мене или јас на него му пренесувам ама веќе немам сили. Трудна сум 3 месец ништо не можам да пијам бар јас да го средам мојот проблем. Не знам дали повеќе го потенцирам проблемот со носот со тоа што го аспирирам цело време. Почнав и на тоа да се сомневам, но не може да дише дете, сабајле станува целиот затнат, ко ларингит да има. Некој некаков совет, веќе очајна сум
Брисеви правевте? Иначе мојата 1 недела беше во градинка 2 дома на почетокот. Со високо температури секој пат, мрсули, но никогаш не била на антибиотик..1или 2 пати до сега пиела.
Еве дури сега однесов, ќе ги видиме резултатите. Но нас по 10 дена ни траеа мрсули и ако не почнеше антибиотик нема крај
Пробај со експулмо маста, нас докторката нинпрепорача во вода да ставаме од неа кога ја бањаме.. Само внимавај мрсна е и се лизга.. Исто така сме правеле и инхалации само со физиолошки. Спреј диво оригано бејби имало најдобар ефект. Крвна слика како е? П.с. сепак за секој совет добиен препрашај лекар.
Не е за во темава прашањево, ама не знам каде да прашам. Добивме покана за систематски за син ми, 4г е. Арно ама, во градов врие корона. Еден куп лекари заразени има. Прашањето ми е дали и каква одговорност би сносле ако не се јавиме на преглед?
Ако воспалува уши внимавајте многу. Кај некои деца отитис е честа појава и мора да се внимава да не се искомплицира. Видете брисевите што ќе покажат. А за аспирирање нос јас би продолжила, ако не се чисти соодветно може да се искомплицира. Кај малиот мој така од повторлив отит на крај со мастоидит заврши што е прилично опасно. И како што ти кажале јас со спрејот од оригано раат видов. Откако почнав да го користам многу подобро беше.
Детево ми е 13м Од вчера вечерта почна да му тече носето Прв пат до сега му тече вака, се гледа мрсулче тече од носот накај уста. Проѕирно е,нема боја. Вечерта се превртуваше немирно спиеше Има 5 заби, се лигави веќе 2 месеци (тогаш му излезе 5тото забче) Сабајлево кивна неколку пати и повеќе му тече носот Дали да поврзам со зaбите или со тоа што викендов јас бев со растечен нос? Педијатарот рече да ставаме капки и да чистиме со аспиратор и витамин ц 10 капки Другарка ми вика не влечи со аспиратор ќе направиш беља со ушите Купив аква марис спреј
Во врска со аспираторот за влечење ако гледаш дека има секрет и неможе да го издува, ќе влечеш со него. Јас колку што знам не се препорачува аспираторот кога е затнат носот но е без секрет. Освен физиолошки раствор прашај дали можеш да ставаш од оперил за деца или септаназал сптејот. Значи од кога ќе го исчистиш носот од некој од овие два спреја. Кај мојата имам приметено подобрување од овие спрејови. Друго што ми е кажано од доктор кога секретот е бел прозирен не е страшно, кога е зелен и густ обично било бактерија.
Како да не влечеш?! Ако има секрет обавњзно се влече во спротивно може да направи проблем со уши. Сите орл тоа ќе ти го кажат. Добро чистење на носе, за да не отиде секрет во каналот уво нос. Така настануваат тие воспаленија.
Ако е течен секретот не мораш да прскаш, само влечи. Битно е носето да му е чисто. Ако подзаглавува тогаш прскај па влечи. Во секој случај јас како паталец многу внимавам носот секогаш да е чист.
Да баш така прскаш физиолошки раствор ( аква марис), можеш и носето да му го растриеш надворешно за да убаво се растече внатре и влечеш со аспираторот, најдобри се тие како со цревче, и се дури има внатре секрет се осеќа при влечењето. За тоа колку пати нема пишано правило. Кога ќе видиш дека му е полн носот ќе чистиш. А ако користиш и оперил тоа се става два до три пати во денот по едно прскање во ноздра. Додека со физиолошкиот раствор секогаш кога е полн носот.
@Sofi.ja сега се сетив можеш и при бајнење да му направиш повеќе пареа и од тоа се отпушта носот и почнува да тече, на гради и грпчето викс маст можеш да мачкаш, од кога ќе заспие исто ептен малку на двете ноздри надворешно да поминеш со викс маст. Ептен го олеснува дишењето и не дозволува да му се затнува додека спие. Е сега ти пишав на спиење дека има мирис на ментол па да не случајно се чепне со рачињата и во очите да си стави.
@Sofi.ja влечење обавезно штом има секрет, инаку слегува надолу и прави проблем со грло и уши. Не се влече само при затнат нос, штом му тече обавезно. Јас сум користела кај моиве Септаназал спреј (со црвено капаче), убаво одзатнува и мирно спијат со него, ама тоа било по препорака на педијатар и кога биле многу размрсулавени. Прашај доктор дали смееш, овој спреј (исто и Оперил, Мералис и некои слични) не се само морска вода, поразличен состав се, имаат и други помошни супстанци. Кога сум го користела Септаназал, препорака било не повеќе од 3 дена и само навечер, пред главното спиење. Спреј морска вода можеш секојдневно, тоа нема штета.
Му прснавме вчера од аква марис,ЕДВАЈ , детево кога е болест во прашање се е со сила ,и капки и сируп,мерење тт... не дозволи со аспиратор се плашеше и плачеше. Убаво спиеше ноќта денес не му тече..
Ги добивме резултати од брисеви. Има бактерија,Moraxella која е резистентна на Амоксиклавот кој 2 пати по ред го пиеше. И овој сега сируп го немаше на антибиограмот и завршивме со Лекоклар. Тоа ужасно нешто од антибиотик, толку одвртен вкус има не знам како ќе го терам да го испие до крај.