Не, шише никогаш не користела, вода си пие од чаша, последно време од класично шише од кое и јас пијам вода, не бебешко. На никој начин не и ја допира усната. Не знам стварно од што може да е.. Рацете и се нон стоп во уста, ама така е веќе со месеци.
Сега ми текна дека пие од некапечка чаша. Навистина не знам, синко исти такви имаше два три пати ама ептен мал беше, месец два.
Дали има болка, дали често ги лиже усните? Може од ладно, ветровито време да испукаат и потешко зараснуваат. Освен тоа цело време сигурно е со рацете во уста па постојано се влажнат усните и не може убаво да зацели местото. Може да е некоја инфекција или габичка ако трае подолго време, ама тоа со брис се утврдува. Може да мачкаш нешто од типот на лабело, значи некои балсами за уста, и помрсен крем ќе заврши работа. Ако не поминува од тоа, тогаш брис, да видите што е и соодветно да се третира.
Болка нема. На почеток личи како да собира течност внатре. Ама не можам со сигурност да видам оти надворешно е како сува лушпа. Рацете и се нон стоп во уста. И по ден-два веќе самата се одлепува и кога веќе само виснува како корче почнува да ја нервира и се фаќа често за устата, уште не може сама да ја фати и само потегне, освен на среќа ако се погоди, па најчесто јас ќе и ја тргнам и не покажува знак на болка никаков. Кожата веќе е регенерирана и нормална, не ја боли усната. По некој ден пак исто. Ова сега се случува некои 2 недели. Баш сега и врне доста, надвор ретко одиме. Каков балсам да пробам? Некој како за нас или има детски?
Немаше вакцина сега скоро? Паднат имунитет, малку витамин ц? Чисти ја редовно со камилица, мачкај масло, кокосово не е лош избор и сигурно не може да штети. А, ми текна, можеш и мед да мачкаш, подобра регенерација од мед нема, ама да се договорите дека нема да го излиже одма
Не мора посебен балзам за деца, може било каков. Може и кокосово масло, може нешто на база на невен или кантарион, што општо помага за ранички.
@Yowannty пробај со гелче за заби. На малава долната усна и’ беше распукана на средина од ладното што шетаме, крв и’ течеше дури. По совет на матичната мачкав гелче (стоеше колку што стоеше пред да го излиже ) и и’ помина за два дена. @Ano кај го има балзамот на Натура сиберика? Негде онлајн да го нарачам постои опција? За големата сакам, зошто става од моето лабело, а ич нејќам
Да го има на белина. Јас сега скоро го нарачував. https://www.bellina.mk/p/324/little-siberica-polar-baby-bebeshki-balsam-za-usni-10-ml?category=5
Детево вчера заспа во 22. Кога заспиваше малце му беше затнато носето ама без проблем цицаше. После саат ипол легнав до него, се превртуваше, цифкаше,плачеше во сон па се разбуди со рикање. Ама рикање зградата во воздух ја крена. Станавме отидовме во дневна, елката,играчките,пуштивме тв де смири некако,па дури и се насмеа. Му прснавме аква марис. Саат ипол дремеше, од кој 30мин нишкање во количка. Не сакаше да заспие. Го земав да цица заспа. После еден саат се буди пак со вриштење. Вриштење 10минути. Не знаевме кој крај да го фатиме,јас му викам на мм ајде во болница да го носиме,он вика што ќе им кажеме таму,детево плаче нејќе да спие? Тт нема, носето му се пушти. Го ставивме во кола и дојдовме кај баба и дедо. По пат заспа, да го префрлам во кревет се разбуди. Ајде малку со нив си поигра,одиме пак да спиеме, едвај цицаше со затнато носе и заспа со цуцла. После еден саат му ја вадам од уста зошто не можеше да диши, се разбуди со врескање. Пак 10мин обиди да го смириме. Му прснавме спреј,заспа. Пак по 1 саат се разбуди и веќе од тогаш се расони (7 саат беше) и расположен ,активен си играше со сите. Сега пак спие. Што може да е причина за врескање? Запчето што иде веќе месец дена, затнато носе, ноќни кошмари, трауми од градинка? Има 14м, 1 месец оди во градинка, апла кажуваат дека таму плаче, рика за менување пелена (однесов гаќички тешко им било тренерките да му ги соблечат).. Помагајте мајки ме плаши ноќта како ќе биде
И пишав на матичната не ми одговори. Преспа еднаш денес 2 саати,едвај издржа до 20и45...се надевам на мирна ноќ
Моево кога ги вадеше првите заби така правеше, се надевам во иднина нема повеќе. Цела ноќ рикање, ќе поспие 1 саат се буди од носот хистерично се дере. После неколку дена заб извади. Се надевам ќе имате мирна ноќ.
Хорори беше тој период, на 10 минути вриснуваше, никако не сакаше да спие, ни до нас ни во креветче, некако се местевме во фотеља, јас искривена цела..не знам колку траеше искрено... Мислев нема крај, утепана бев... После се смири па од 2 години па еве цела година дали 2-3 ноќи има сврзано сон, се друго е со вриштење,имам пишувано... Све пробав, џабе...
Јачмен на око кај дете,искуства? Да го носам ли на очен да дава терапија или можам да избегнам таква посета периодов...