Пишував за малиов дека му е затнато носето. Матичната ни пиша да ставаме маст хлорамфеникол во носето... искуство некој со маста? Пред 1 месец почна да му тече, едно 10-14 дена го држеше. Па таман се среди, еве пак 5,6 дена му е затнато и има секрет. Горна двојка излегува, се надевам дека е поврзано со неа Дали треба да му давам пробиотик бидејќи маста е антибиотик? Дали имате искуство со лепенките Спиранто,дали смее да се користи кај 1 годишно дете?
Смее спиранто . Можеш да ставаш додека спие. Јас не гледам потреба од Хлорфеникол. Затнато носе не е нешто невообичаено. Ќе се пушти. Прскај почесто физиолошки и оригано. Ако не може да спие по една капка оперил за деца. Пробиотик не мора, локално е дејството. Ако сакаш да даваш за имунитет можеш.
Секоја зима со спиранто ја минуваме од мал. Има ефект кај нас, на горна пижама му лепам ко ќе му е затнато и во спиењето му помага да диши полесно.
Скоро сите лекови по стандард се назначени после 2 или 3 годинки. Нема ништо страшно во Спиранто да се користат над годинка. Смее слободно. Нема ограничување. Користи ги колку сметаш дека треба. На база на етерични масла се. Не смее да се користи само доколку детето е алергично на некое масло или асматичар.
Јас размислував брис да му направам, а оперил п му прскам од саботата. Знам дека 5 дена се користат,ама во 1 месец втор пат ги користиме,и тоа не знам колку е добро... Ставам 2,3 пати оперил и 3,4 пати аква марис,после аква марис ако има секрет влечеме со аспиратор
Jas mislam dodeka ne napraish bris nikakva mast, ama slushaj me zemi si upat za bris, istoto i se slucuvashe na Kjara, bakterija vo noseto, mast Mirobakt koristevme, za dve nedeli se sredi
Јас имав стрептокока -мрса во нос и на антибиограм ги имаше хлорамфеникол и миробакт, ми помина со миробакт и на мене. Вчера вечерта му го намачкав носето и подобар беше,ама не мислам дека заради маста туку зошто претходно убаво го исчистивме....дали е ок да ја прекинам? Па ако продолжи затнат нос да правиме брис.
Ако само еднаш имаш ставено , може да ја прекинеш. Чисти го убаво. Оперил ако имало пауза измеѓу можеш пак да ставаш. Гледај да не ви е дома сув воздухот. Ставај сецкан кромид до него,мириса многу ама помага.Топла купка пред спиење и убаво чистење, ќе помогне ептен.
Само еднаш ставив од маста и тоа малце зошто се двоумев. Вечерва убаво се пошлапка во вода,прснав оперил и исчистив. Утре ќе го однесам кај матичната да го ѕирне и да побарам упат за брис. Се тегнат како конци,греота е се мачи детето...
Не е нешто несекојдневно, нека не те плаши. Моиве деца се исти на мене во кожата, исто суви усни кои вака зимно време пукаат, се ствараат лушпи. Жолтата боја едноставно е од она што пие храната што ја јаде. Како што те советуваа само мачкај со нешто соодветно за хидратација, можеби ви е многу сув воздухот дома. Да пробаш да го исчистите носето со шприц со физиолошки раствор? Баш за вакви мрсули многу помага:
Воздухот е претерано влажен. Не знам дали од влажен воздух може вака, за сув знам дека влијае на кожата. Од влажниот воздух си имам јас мака, носот ми се затнува, а гледам и нејзи исто и влијае. Ама дали и како на кожата може да влијае не знам. Во петокот кога пишав и паднаа лушпичките, и мачкав кокосово неколку пати, тоа имав дома, ама еве од денеска пак има нови. Сега ќе барам друга опција...
А лекар да го види детето? Мислам нема зијан од масло, ама ако не помага да се види што е уствари проблемот
Следна недела секако имаме контрола за годинава. Карантин е уште, не можам да ја носам нигде ако не е нешто итно. Вака не изгледа за итно оти се останато е во ред..
Малата трчајќи ја наби раката. Ја снимавме ни рекоа набиеница и ја ставија во завој. Она не ја ни движи и се жали дека нон стоп ја боли. како да и помогнам?
Малата е скоро 4 год. Месец дена се жали понекогаш стомак ме боли,кај папокот покажува,а од пред една недела почна носе да и тече и да кашла. Направивме кс малку покачени гранулоцити црп 20,и во урината ретко бактерии и малку кетони. Докторката ми рече само инхалации да и правам. Нема тт. Вечерва повраќаше првпат,еднаш храна исповрати после само плукаше пошто изгледа нема више што да поврати. Што ли ќе е ова?
Сируп за болката давај и’. Мојата двапати ја има набиено раката, но не и’ беше во завој. Нонстоп исто се жалеше дека ја боли, не ја мрдаше воопшто, ни рекоа сируп да и’ даваме, за 3-4 дена помина. Само внимавај да е на растојание сирупот, како за тт што се дава. Јас давав Далерон, ако многу ја боли можеш и Блокмакс.
Знам, и мојата не ја движеше, и тоа истата рака двапати ја наби. Со плачки по цели денови поминавме, ама ќе пројде за брзо