Зошто ти забранила туширање? Кај малово повеќе некогаш од сируп и помага, и да исто ми имаат кажано со топла не со млака вода. Ноќеска на 38.5 и дадов сируп и сме заспале, за еден саат се разбуди со плачење и со 40 т, не можев ништо да и давам дека само 1 саат имаше поминато, ја истуширав убаво малку стопалата и ги намачкав со разреден алкохол и одма почна да симнува, до сабајле не качи повеќе од 37-38. Кога стана имаше 38.4 се мислев дали да и дадам сируп ама ја истуширав пак и еве ја цел ден повеќе од 37 не мрдна.
Една украинка педијатар советуваше да се замота детето голо со чаршав натопен со млака вода,така ги лекуваше децата и имаше ефект. Неколку мин така и намалуваше температурата. Не е лошо и ова да се знае како совет.
Во Битола во болницата така му симнуваа на внуче температура, го виткаа со влажни тетра пелени. Јас имам лошо искуство со чорапи со оцет, на моево цело тело му е жешко ко ќе има тт, и стапалата, и ко ставив чорапи стапалата се изладија, а температурата се крена во главчето. Порано го туширав со топла вода, ама и за тоа читав дека може да доведе до грчеви и се исплашив. А за деца исто имам читано и влажна крпа дека не смее на глава да се става, а памтам нас така ни ставаа на секоја температура, мајка ми ја менуваше крпата ко ќе се исушеше. Сега да не знаеш како да постапиш од толку различни информации.
Оф бре не ме плаши јас па секогаш ја туширам со топла вода, и кај големиов кога беше мал ми помагаше ако не спуштал од сируп иако он не качуваше толку како малово. Плус и од педијатар ми е ивој совет. Јас не и топам чорапи само и ги мачкам стопалата по малку со разреден алкохол и не и облекувам чорапи.
Ви се десило да го гледате детето и да знаете дека кај и да е ќе се разболе? Осеќам, го гледам и знам дека ќе се разболе. Два дена му течеше темна засирена крв од носето, од падот била, не ме грее некако тоа. Два дена не јаде ништо освен јогурт. Синоќа касна малце кифличка (на Мариз сарајлиите) и јаболко, друго ништо. Од памет сум извадена. Дајбоже да сум грешка ама мислам дека ќе се разболи побајаги. Не знам што да правам, дали да му вадам крв или да чекам да има симптоми некакви, секако следна недела некои испитувања ќе правиме па може да им кажам тогаш и обична крвна слика да извадат. Мрсули, кашлање, кивање, нема ништо, ни тт, само како малаксан е некако, не е во полна форма, паѓа често и се удира и не јаде.
Мајки некоја да ми појасни искрено не ми е јасно на првата слика цело време си мислам тоа хгб е хемоглобинот но сега ми стана ептен нејасно зошто на едната слика е друго а на другата друго Не се разбирам мн од овие раб па да ми разјасни некој ако знае
HGB е хемоглобин, WBC се леукоцити. Само црп ви е покачено како што гледам, најверојатно некоја бактериска инфекција. Ај брз одоговор за ова.. матичната вика задоволителна крвна слика, а јас за ммр сакам да ја носам. Сега сме тука, да ја прегледаат... некако мене па не ми е ок оваа крвна за вакцина... И леукоцити над граница се, гранулоцити, моноцити, лимфоцити се горе доле... @Alishan30 извини што досаѓам... да ѕирнеш ако можеш..
Да не имала скоро некоја настинка или вирус? И на малава и беа покачени лимфоцитите прилично, ама и матичната, а и др. на вакцина рекоа дека е од мината настинка и рекоа дека може да ја прими вакцината без проблем и ја боцнаа. Инаку беше настината недела-две пред крвната слика. Едино за леукоцитите да видиш што ќе кажат. Ако дадат докторите зелено светло, немаш место за паника
Не.. супер си изгледа, јаде убаво. Освен што е нервозна за забите, друго се е океј. Црп е мирно, 4 е тоа. Гледам до 3г други граници има, па според тоа може и океј е, бар леукоцитите се најверојатно океј според тоа 6-17 е до 3г... Чекаме ред па ке видиме..
Јас мислам дека е сосема ок според вредностите, но еве и јас би ја повикала @Alishan30 за совет. Да не се правиме доктори кога имаме доктори, нели
12,9 се леукоцитите и асоцираат на вирусна настинка заради покачените лимфоцити. На преглед ќе ја видат дали има црвено грло, кај нас со овие резултати не ги вакцинираат. Не се лоши но испод 10 се додека не се леукоцитите не вакцинираме. Не е ни за антибиотик, вирусно укажува ова
Mene so ama bas skoro ista vakva krvna slika ne mi ja vakciniraa kajnnas bea i poniski leukocitite i ne ja bocnaa,a i poarno za tri dena posle toa eve ja nastina trup,kasla kiva nosot zatnat katastrofa e,podobro sto ne ja vakcinirav i kaj nas crp bese mirno leukociti i se drugo malce pokaceni i ne ja bocnaa,a da ti kazam i se spasiv eve ja sega e katastrofa
Речиси секое разболување, не баш вака како што опиша ама ете некој мал знак што ќе ме растревожи, ќе отидам на работа наредниот ден и ќе ми јават за некој саат од дома дека качила т. Го мразам ова глупо претчуство или пак не е претчуство едноставно знаемњ како дишат. И големиот го приметувам обично дента пред да покаже обично побледува некако во ликот. Да не те плашам не значи ова дека е нешто и кај вас, немаш некој основ уште сега да го мкнеш по прегледи, што лу би можело да покаже, обично за к.слика викаат најдобро 24ч по појава на симптоми, но ако мислиш дека некако може да превенираш не знам, пробај.
Океј и беше и грлцето, ја слушаше, ја прегледаа, ја боцнаа. Па сега ке си се чуваме дома и ке се надеваме дека без страшни реакции ке поминеме.
Супер Ајде лесно да поминете и без реакции И јас уште сум под штрек за мојава, денес 6-ти ден. Мислам дека после 15-тиот ќе се смирам
Фала Јас некако како да се каам, крвнава не ми се свиѓаше, а и они ваму рекоа океј е, матичната рече океј е. Па богами и јас после 20тиот ден ке се смирам. Фала @Black girl