За колку дена од прилика ќе почне со движење? Верувам дека е многу болно, ама бетер мислам ја боли од што и е вкочанета. Абее да не си раат.
Па мојава почна третиот ден по малку да ја движи, до вечерта повеќе, и четвртиот ко ништо да не било. Исто и двата пати беше, затоа мислам дека брзо ќе се врати во нормала и твојата. Инаку докторот (ортопед) тогаш ни кажа дека не ги боли до толку многу, туку болката им е нова, а се јавува при движење, па се плашат и затоа не ја мрдаат раката, не дека не можат. Мојава ама ич не ја мрдаше, само си ја држеше фатена во скут, живи гревови беше. Ќе помине
Јованти, цица уште? Ако цица може да и е од тоа,на малава додека цицаше некогаш знаеше да и се направи како мало пликче па после се сушеше како лушпа.
Не, веќе месец дена не цица. Ова почна после тоа. Си прави таа ам ам ам ам ам, што стигне бацува вклучувајќи и тепих и под и ѕидови и врати ма све бацува. Па се мислам да не е нешто од тоа.. Е сега ова го прави доста долго, не е од сега, ама ете, друго не ми текнува...
Не знам, а си ја приметила да ја шмука горната устичка? Во секој случај не верувам дека е нешто за загрижување.
Ќерка ми 3 год имаше, не многу страшна повреда на глава. Бидејќи после падот поврати, матичната не упати на ургентен. Од таму не препратија на томографија и го снимаа главчето. За среќа се е во ред и она си е супер расположена. Е сега една мисла ме мачи. Дали е штетно што ја снимаа и дали може да има некакви последици?
Поголема штета може да има ако има повреда а не сте снимиле. Сега знаете дека се е во ред и веќе не мисли на тоа.
Има благ оток,почна да го движи ама ограничено. Пример не може уште да го свитка. Ќе одиме утре пак на лекар,мене баш ме загрижува ова. Два вечери не ни спиеше од што ја болеше. Ептен беља голема.
Напредок е штом го движи, секако е ограничено сега на почеток. Мојава немаше оток, барем не забележлив со око, ама тоа зависи и каква е повредата. Одете секако нека ја видат, ама ќе биде добра, претпоставувам сега не се жали толку на болка веќе
Zdravo. Sakam da prasam za mislenje. Moeto dete ima problemi okolu 2.5 meseci so alergija. Posle nekolku mislenja od kozni lekari koi ne dadoa rezultat go odnesov kaj dr. Blagica Kostadinova, biofizicka medicina. Dali imate iskustva kaj doktorkata?
Здраво мајки,дечково мој од сабајле носот му е чешма,значи баш како вода проѕирно му тече,му земав некое спрејче за носе. Што може да е дали преладен или вирус? И нешто друго да му давам или само спрејчето?
Малава 3 ден се жали дека ја боли ногата кај бутот од предна страна, нема оток, модрица, црвенило, не е тврдо не реагира на допир, на вежби препорачани од физиотерапевт исто не даде реакција. Се пожали вечерта во саботата, ама заспа и ок спиеше, сабајле кога стана, плачеше и викаше дека ја боли и не сакаше да оди,куцаше. Дадов блок макс и цел ден беше ок не куцаше не се пожали, спиеше мирно. Денес цел ден супер, не се пожали, вечерва пак почна да куца малце ама сепак трчаше и скокаше. Но еве ноќва се жали многу, и не спие. Секако ќе се консултирам со матичната, ама сакав да прашам дали некој се соочил со вакво нешто и што би можело да биде.
Пишував дека има проблем малиот со затнат нос и со секрет. Правевме крвна слика и брис од нос и грло Црп 4,6 Лимфоцити% 41,8 Гранулоцити% 51,1 Благо покачени, брис од грло чист, брис од нос streptococcus pneumoniae. Откако се исплаче после боцкањето, му истече доста секрет од носот и од тогаш навака е добар (4ти ден) Педијатарот вика добри се резултатите, не треба терпија и дека не може да ја пренесе на друг ако нема секрет. Не ми е јасно како ќе се излечи бактеријата сама од себе?
Да не има прележано вирус со висока тт? На син ми три пати му се случи после висока тт, излив на кокче.
И неа 2 пати, ортопедот вика сигурно вирус прележала не сте приметиле.. Ништо стварно не сме приметиле затоа ми беше чудно ..