Најверојатно затоа не дава антибиотик. Ама нема потреба, реално, ќе се исчисти, прскај и диво оригано соодветно за возраста, секој ден испирање (без аспирација) со физиолошки раствор. Дивото оригано има антисептично дејство. Крвната слика е ок.
Да ја имаше примено и втората доза ќе пиеше антибиотик? Не сфаќам, сега на следно течење нос одма антибиотик ќе пие? Секој ден да ставам физиолошки и покрај тоа што нема секрет?
Не. Не значи дека ќе пие антибиотик на секое течење нос. И подобро, нека се бори организмот. Штом не тече носето, не мора ништо да ставате. Јас на моиве им ставам навечер пред спиење понекогаш физиолошки онака за прочистување. Да знаеш што излегува, особено ако биле надвор подолго време... Секоја бактерија не се третира, особено ако не дава никаква симптоматологија. Сите сме носители на различни бактерии, до имунитетот е дали ќе покажат симптоми или не.
Стрептокока во нос не се третира ако не дава симптоми како качување Т. Имаше и мојот. Ставав физиолошки и оригано. Контролен брис не правев. Немаше зошто да го малтретирам кога нема никакви симптоми. Не инсистирајте на атб ако не треба. Имунитет треба да се гради сам, организмот да се бори. Децата не се стерилни и они се носители на бактерии со кои живеат и не е ништо страшно ако не им прават проблеми.
Знам дека 3-4 пати му се случи на син ми. И бактерија во нос и грло може да даде таков излив. Еднаш и во вратот се укочи, и последниот пат кога имаше излив докторот така не испаничи. Правевме некои генетски испитувања, и некои други анализи за да исклучиме артритис. Ортопедот па ни кажа, не се плашете ова е мн нормална појава за деца кои не мируваат кога се болни, туку постојано се активни. Само од себе си поминува. Како сте сега?
Вчера и денес не се жали. Ортопедот и нас ни кажа ако не поминува за недела две да се јавиме да не упати за испитувања...
Се извинувам за пост после пост. Мене у државна будала ме направија зошто со матичната лечиме стрептокока у нос само локално.. Викам зошто има само у нос, грло и кс е секогаш уредна, уше со дрзок тон е сега ќе пие антибиотик. После зборам со матичната и кажувам, вика а како видоа дека е за ант, по кс не бе викам не ни направија...не даде ант нели, не бе викам какво давање.. Тогаш памтам, испаничија ангина имала зошто имаше нагом за повраќање од стапчето шо и го битма до грло и така си даде дијагноза.. Па и викам на матичната, ја може не сум доктор ама си го следам детето и знам како изгледа и ангина и потечени крајници, цел живот се мачам со тоа. Само ден после тој преглед матичната исто не виде ништо на грло...
Дали блок макс би помогнал за болка во уво Керка ми два дена беше со растечен нос,денес беше добро но сега почна да се жали дека ја боли увото Не е често болката и се јавува кога дува носот или ако се искашла
Битно е носот да е про-дишен. Прскајте, капете капки, особено пред спиење, чисто да биде носето, да не се затнува. За блокмакс друг нека каже.
Да прскам спреј секако и инхалации со консултација со матичен и денес беше баш добра ниту и течеше носот,сега се пожали баш пред спиење
Искрено мислев дека е поврзано тоа со тоа што беше затната Значи нешто друго е во прашање Ти благодарам многу @Biljarkata
Неколку дена по ред на малото (16+) напладне или па ако сме излезени надвор му солзи само десното окце и му се зацрвенуваат очињата како ненаспан да е. Симптоми на настинка на болест нема,весел е си каде си спие нормално си цица.... Ми наби маж ми комплекси дека треба одма да го однесиме на лекар зашто е местни и може ќе крене температура. И мене толку му треба. Од друга страна па има избиено долна двојка и горе малку наѕирка 4ката. Има ли место за паника?
Здраво, ќе го ставам и овде мислењето со надеж дека ќе добијам повеќе одговори доколку некој имал сличен проблем?
Син ми имаше лани мислам,не третирав со ништо матичната ми рече дека се од сонцето и вејке му се изгубени.
Зависи која Дафи. Пнеумони, вака беше мислам, не се лечи, ама пиогенис мора. Да не се правам доктор ама нелекувана стрептокока пиогенис може да има многу последици. Од искуство иако излечена на време, реуматолог ме прати на кардиолог ради нејзе. И јас сум против атб, ама за бактеријата и да нема симптоми или слаби, како сега син, си барам.
Течење нос и кивање е поврзано со настинка или можно е да е од растење на заби? Долните четворки пробиваат, ама па и беше во градинка 3 дена после 2 недели дома... Исто ме интересира што му значи тоа што го исплазува јазикот и си го фаќа со рацете? Не му е бел да речеш да има нешто, нормално си е...
Дали ви се случило детето цел ден да ика? Син ми од сабајле неколку пати почнува да ика на некое време, престанува на саат-два и пак. Еве веќе неколку пати така цел ден.