Бејби оригано спрејот отворен лани ова време, стоеше цело време во фрижидер, дали може да се користи или нов да купам? (рок до 11.2022) * ако не е соодветно поставено прашањето нека се премести
Пишав вчера еве ме пак Почна со течење нос и кивање ден ипол,од вчера вечерта затнат нос. Пред да се затне ја прашав матичната за оперил ми рече ако се затнува при спиење да ставам и да мачкам фитобалм на гради. Ноќеска едвај протеравме со плачки,му беше залепена и спиранто лепенка,сега на истата му ставив од балсамот ама како да не му делува. Што можам да направам за да му се одзатне?
Оперил три пати на ден. Оригано Бејби во меѓувреме. Колку можеш почесто прскај. Топла купка. Тоа е. Оди во градинка, нормално е да има течење носе и затнување.
Ќерка ми е 3 ипол години. На стапалата и се појавуваат црвени кругови. Дали некој имал вакво искуство
Мајки ќерката 4 год прерасна да ја бацам ладно лицето.Мерам температура 35,6,ја покрив со јордан и дадов чај 35,9 се качи. Вика ништо не и е,активна сака да игра,дома е топло. Многу сум загрижена не знам што да правам?
Хипотермија е пониска од 35. Не се плаши ете си пишала да се качува температурата. Мене еднаш вака ми се случи ама лечевме покачена температура па затоа варираше. Ете и времево е сменето па малите се најосетливи. Сепак прати ситуација
И мереше пак темпераура? Може се прилагодува или првично се брани организамот ако има нешто. Ова за ладна пот не би знаела да ти кажам. Остани смирена само, девојчето ако е будна прашувај ја како е, дали има болка некаде, може дека наеднаш ја затоплуваш така реагира?
Ништо не ја боли ниту била нешто болна. Варира температура 35,7 до 36,1. Покриена под јорган се поти. Не знам што се прави во ваква ситуација. Маж ми легна до неа да ја топли.
Консултирај се утре со педијатар за секој случај, не верувам да е нешто. Може се препотила од играњето, со потењето се намалува температурата, се лади кожата. На мојот и обично му е пониска тт од 36.5, малку да качи го сеќавам ко ќе е со температура. Ладен е стално на чело нормално.
Исти сме од синоќа, само не му се затна носето туку цела вечер му течеше и се будеше од што е можеше да спие. Сабајле и температура крена. Сакав да те прашам за спиранто лепенките дали може да му ги ставам и јас, 13 месеци е.
Може,јас ставав на 14 месеци,му лепев на пижамата во пределот на рамото да му биде блиску до носето Моето нема тт,само е затнат и тече жолт секрет. Правевме инхалација со пареа (со апартчето од горење 5во1 што го користев за стерилизација ) една лажичка од балсамот од докторс и го држев дишеше над него 5 -10мин. Мислам дека му помогна убаво да спие ноќеска. Денес купив спреј од диво оригано,сега му шприцнав. Ајде ваљда ќе се среди за ден два.
да. Цел ден пред неколку пати со мали паузи. Ама не продавам големо значење. Не Мислам дека имањето е знак на нешто.
Немаше во аптека од лепенките, а и не е затнат, носето му тече. Земав една детска маст Експулмо - Павле Пакси балзам, па таа ни помогна, и Оперил П пред спиење за да се намали секретот. (препорака од педијатар) А за спрејот од диво оригано, јас сум ужасно алергична на оригано и секакви есенцијални масла од оригано, па страв ми е да немам пренесено и на син ми. Затоа со синомарин и пумпица чистам, постојано.