Мајки малата денес ми се пожали на главоболка и вчера навечер ама мислев дека си измислува што не слуша нас,ама денес пак и плачеше малце повеќе од инает ама после тоа ми крена и тт малце,викенд ме фати матичниот не работи до понеделник,дадов парацетамол и одма вика дека главата и се смирила не ја болела повеќе а и тт нема,има место за загриженост или некоја со слично искуство,прв пат ми се жали на главоболка па извадена сум од памет,совет некој ве молам?
Мене еднаш малата ми се жалеше на главоболка. Прво исто помислив дека измислува, ама два три дена по ред ми повторуваше, за една ноќ да се разбуди од болка со плачење. И крена малку и температура. Исто како и ти, ѝ дадов парацетамол и се смири, мислев дека ќе се разболува и цела недела ја држев дома, ама после тоа повеќе не се пожали. Супер си беше сѐ. Докторката ми рече дека било од некој вирус. А јас уште на што не помислив, се изначитав сѐ и сешто по интернетов. Знам дека не ти помогнав многу, само сакав да ти кажам дека поминав низ истото искуство со ќерка ми. Доколку не се пожали пак, понеделник консултирај се со доктор за да бидеш мирна.
Дете е со стакло кожа, никогаш ништо немал, ама наеднаш деновиве околу уста има сува кожа. Се почна по едно пиење Бучен козјак јогурт, се вцрве околу уста, и од тогаш кожичката е рапава на допир, а ништо нема вака на лик. Крем за лице од бебе не сум му ставила, а и тогаш Веледа еднаш ја ставив и толку бидна. На сувово не знам дали да намачкам крема масна или хидратантна. Не е нешто страшно изразено, малку е ептен, нејќам одма еуцерини, мустели, па и поскапи креми да ставам, сметам дека е непотребно веднаш, но што би можела да намачкам вака за малку? Дома имам само 1 крема со ланолин што ја користиме за изгореници.
Син ми речиси секогаш пред да качи т се жали на главоболка. Можеби не е ни класична главоболка ама осеќаат некое чудно чувство а не знаат како да опишат.
Абе и ние кога не сме арни со Т или болки во телото, како се осеќаме? Ккако да ни тежи главата, главоболка и сето тоа е нормално и за дете, само што оно не може убаво да се објасни како и што точно го боли. Од температурата е се тоа што се случува
Сепак не, од масна крема бетер стана. Јас павловичева не користев скоро ич, имам аверзија на мрсна крема што затвара пори, ама ај стаив сега ко да се влоши. Купив колд крем на Балеа со невен, од 3 мачкања се смири.
Треба да патуваме а сега гледам локомотив има рок до 2.2021. Во ред е да му дадам или нов да земам? Пред 1 год е отворен отприлика.
Можеш да дадеш. Некои лекарства може да се користат и 1-3 месеци после истек на рок, а овој е од оние на природна база така да слободно.
Во градинка ми рекоа дека е малце блед да провериме железо Ова се резултатите, што мислите? Крв му земаа од прст ,рекоа дека се земало од вена за да се испита железо, да потпишеме изјава дека не сакаме од вена (во авицена) Дечкото рече исто е од каде ќе му земат крв,ама да потпишеме.
Лишај ли е? Само на ова место има, на рачето. Кожата му е рапава на допир и изгледа вака. Ќе пратам ситуација да не се шири, со што мачкате, немал до сега нешто вакво?
Па хемоглобинот е низок. Железото ок, ама хемоглобинот е баш низок. Однеси резултат на матичен. Мислам дека не е лишај, туку или изиритирано или ако седи во некоја положба кај што трие раче. Намачкај нешто хидратантно (не павловичева) и почекај дали ќе се повлече. Кај нас се појави на лице и со крема од Балеа со невен против студ му помина.