Мамички една помош ако може . детево ми е 2.ипол год. Не е болно нит носето му тече ама премногу кашла. Ко некој дтар човек да е . докѕорката вели дека е добар нема ништо на плуќа и дека грлото е добро . од што може вака да е ?
Течење нос и као да поврати шлајм сега. Ок беше цел ден. Што да правам? За на лекар ли е? Искачаат тројки иначе и неколку дена веќе почна да иде во градинка. Како да му помогнам?
Ништо страшно. Подобро е да ги повраќа и вади шлајмовите. Мојот редовно вака прави кога има шлајм. Го дразне и го повраќа. После мирно спие. Прски спрејче во нос и чисти го. Доволно е.
Може и од сув воздух дома, сега кога грееме тоа е честа појава, навлажнувач за воздух ако немаш, можеш до греењето да ставиш поголем сад, тенџере, со вода, колку толку прави влажност, почесто луфтирање и повеќе време надвор
Можеш и 5-6 . Нема штета. Природно е . Има и еден нов сируп на Форју, Виранто. За настинка. Со витамински состав, плус бозел. Природен и безбеден е. Доколку се одолговлече, можеш да пробаш. https://www.4upharma.com/вести/како-да-се-спречи-настинка-и-грип-а-как.html
Sinceto mi e 8 god i mocka vo gaki samo navecer ako ne go razbudam mocka a preku dena nema problem. Care nekoe?
Devojceto mi faka 2 pati vo eden mesec bakterija vo mokraca piese antibiotik i od vcera pak utre ke pravime urinokultura no pak Li ke pie anibiotik?
Фала Дафи, за сирупот одма помислив колешка ми го фалеше, ама пишува 3+, а малава е 2 години и 7 месеци па ми беше шубе да земам.
Детево е болно од петокот навака,почна со растечен и затнат нос,продолжи со кашлица и тт. Денес е подобар ама имаме друга мака. На менување пелена го приметив курето како отечено и како розевко,сменета боја. Пробав надоле да повлечам не сака да оди и има малце бело. Претходно го отваравме и се гледаше главчето,сега откако е болен рековме ај да не го малтретираме ама изгледа си направивме беља....што да очекувам?
Ако е отечено, веројатно за баланитис се работи. Јас на хирургија носев дете за ова, ми дадоа цефалексин сируп и да му правам купки, во кадичка топла вода и чај од камилица, да седи внатре по десетина петнаесет минути, да се чисти. После три такви купки во еден ден се повлече отокот. Консултирај педијатар за антибиотик, купкава секако може да ја правиш.
Можеш и на туфери да му ставаш чај од камилица кога му ја менуваш пелената и така да му стои. Нас тоа ни помогна. И микробакт мачкав 2пати на ден, 5 дена. За еден ден му се смири.
Фала на сите, секако сме на контрола за кашлицата ќе го види педијатарот и курето. Денес не му е отечено како вчера,ама залепено и со некој секрет и бело внатре. Крвната слика вчера беше уредна горе -доле,освен што е слабокрвен..
Јас му мачкав антибиотска маст и се повлече црвеното и отокот и истече еден куп бело од курето. Моето не се жалеше на болки и слично. Беше во екот на првиот локдаун за Ковид па само од сликање добив терапија од матичен за да не одиме физичи на лекар. По три дена мачкање се среди ситуацијата.