Не се жали ни моево,само кога ќе го фатам да го влечам надоле ми ги трга рацете и вика не, се надевам ќе поминеме без некој зафат
Синчето веќе подолго време е со тврда столица, мислам дека е последица од короната бидејќи долго имаше дијареа и пиеше Линекс и ентерофурил. Деновиве има и болка во мешето, се препотува и подуено му е. Се консултирав со матичната ми рече сируп Порталак да земам. Некој совет и за нешто природно да внесиме во исхраната? Чај пие, течности внесува доволно, супа, овошје, ама нема многу ефект. Не знам дали можам ленено масло некако да му давам.
Можеш да даваш ленено. Со јогурт или како ќе прифати. Компот од модри сливи, лажица маслиново на гладно.
Подобро масло, отколку сируп, пошто забите ќе му ги упропасти. Тие сирупи содржат многу шеќери. Смути секое сабајле прави му, со презреани банани, сливи, праски и кајсии, може да ставиш и ленено семе. Јас си правам секоја година компоти за да имам преку зима да правам смутија токму за вакви ситуации, со големиот имам проблем со потврда столица. Спреми го смутито, на гладно дај му лажица масло и нека го пие смутито одма после тоа. Подобро вака отколку со сирупи.
Здраво.. и хелп. Малата е 2год почна мн да и тече носето и да кива од сабајле ..не закажаа за утре на лекар ама ноќта кузнај како ќе ја поминеме... се мачи со носето тешко дише од време на време подкашлува вајда од тоа и ги фаќа ушињата ... Како да и помогнам до утре ( прскаме спрејче аквамарос и вадам мрсули ама течат цело време не може стално и плус и се спие душиче се мачи се приметува дека е огњосана ама не знам како да и помогнам
Спиранто лепенки и Оперил П ако немаш за вечер исечи кромид на ситно и стави го блиску до главата. Поткрени ја главата на перничка.
70 ден /лепенка. Можело и пред годинка да се користат баш @duffi пиша во друга тема. @Bupalu на база на еукалиптус, се лепи на пижамка и го олеснува дишењето.
Иста беше малата пред 4 дена. Нос течење река и кивање. Прскав марисимо спреј и спреј од диво оригано. Вадевме мрсули со аспиратор. 3 дена траеше. Третиот ден качи малку тт. Па после почна да поткашлува и инхалирав. Марисимо спрејот е супер а исто и спрејот од диво оригано. Правевме и брисеви, негативни кај неа а кај синко staphylococcus aureus во нос
Мајки малиот скоро 5г често пати ми кажува дека му се врти ама пак се заигрува Кс правевме супер е се е во ред Што би можело да биде,ме фаќа страв Док ми рече давај овошје витамини повеќе Оваа недела два пати ми има спомнато дека му се врти
Дали е ова вообичаена реакција од антибиотик? Прв пат пие антибиотик Аугментин и вака се исфрли цело пеленско подрачје. Мачкаме со канестен и миеме со хиперманган и сода ама утрово се проширени. Антибиотик пие од вторникот,вака е од среда вечерта. На допир е рапаво,кога го мачкам не реагира на болка. 16 месеци е @Alishan30 @duffi