@Sofi.ja да, пробиотик обавезно и променете антибиотик. Ништо не ви делува бидејќи сеуште го пие истиот антибиотик
Др вика не би менувала сега антибиотик. 2 недели е болен со кашлица, во меѓувреме од понеделникот јас сум позитивна на ковид....хаос
ti odgovorila dafi pred mene , i dobro ne saka da go smeni a sto dava plus za da se sredi sostojbata.Batalete ovoj period i kiseli raboti i citrusni.
Мајки керка ми има тт И сируп и дадов,ја истуширав и од фластерите за чело и ставив но тт не паѓа Помина скоро 1 час тт под 39.2 не паѓа Дали да чекам уште или најдобро да ја носам на лекар
Ќерка ми исто се исфрла од Амоксиклав (аугументинот мислам е амоксиклав) Го избегнуваме секогаш, ама стрептококата само со него и се лечи, обичен пеницилин не врши работа. Кога мора да пие, давам јак пробиотик, мачкам со канестен, афлодерм и џинџира. Цитруси и други високо алергени производи да се избегнуваат.
Откако тргна во градинка,на секои три недели беше болен. Стрептококата ја има од крајот на декември. Најчесто од симптоми се појавуваа течење на нос и затнат нос. Кога стигна резултатот од брисот веќе немаше симптоми и тогаш педијатарот рече не треба да се лечи. Од тогаш навака во јануари имаше затнат нос/со течење на нос,а следно разболување му е од 5ти февруари (кое уште трае) со затнат и растечен нос,плус кашлица, плус тт два три дена. Проба да избегне антибиотик, кога виде дека потрае ситуацијава ни даде упат за брис ,а додека стигна резултатот веќе почна да го пие антибиотикот детево. Кашлицата се намали,носето се подсреди ама ме исплаши осипот. Највеќе затоа што и јас кога сум била бебе,после пиење на антибиотик со пеницилин, сум се исфрлила две три точки на газе и веднаш докторката напишала дека сум алергична. Пред некоја година испитував алергија и ми рекоа дека не сум алергична но сепак да не примам лекови што содржат пеницилин. Инаку прв пат општо пие антибиотик и прв пат лечиме бактерија. Избегнувам овошје да му давам,само на мисла ми е дали тоа што јас сега пијам цедени цитруси заради ковидот смета и кај него затоа што го дојам? Од пробиотик давам провен,по едно ќесиче на ден. @monik55 тебе те запамтив дека прележавте корона,дали го тестиравте малото и како се одрази кај него ако имаше?
Синчето е 3 годинки, цела недела беше на минус темп. надвор на снег по 2-3 саати,завчера почна да кива, вода од носето да му тече, вечерта преку ноќ се затна со обилен секрет и некоја темп околу 37 не дадов ништо до вчера сабајле до 6ч,се разбуди едвај диши му дадов сируп ногрипин 2мл,кивњето и мрсулите се намалија, без температура ама некако мн помирен од обично,дадов ацерола и д3 како што давам секој ден, плус киндер имуно прашок, до нокеска до 2 саат беше ок, нокеска околу 2 почна да кашла во сон и тоа многу, го разбудив давав вода не престанува, му дадов млеко со мед и путер, и пак сируп но грипин 2.5 мл и после пола сат се смири, не кашлаше цела ноќ, тогаш измерив темп. 37 ноќта, сега уште спие ама пак почнува да се накашлува.Обично е здраво дете мн ретко настинува,што да му дадам да пие, да давам ли плус пробиотик, и што друго? Можно ли е да е ковид, иако лично неверувам, бидејки претера на ладно цела недела ама пак сум исплашена. Ве молам за совет.
Мајки малиов е 21 месец, од ко стана од дневна дремка ми поврати обилно и пребледе, му дадов да цица и тоа го поврати, вода пиеше и пак малку исповрати. Сега е омалаксан, пролив нема. Матичната ми рече капки против повраќање да дадам и електролити после 1 саат, а во меѓувреме да не му давам да јади. Ми е страв вака незнам од шо можи да му е и дали ке се крени од капките и електролитите само
Дали сирупчето се пие по потреба, или може и како превентива. Гледам има природни состојки плус и цинк, дали би било во ред да му давам по 1 доза секој ден, баш за периодов незнам дали е добар, зошто малиот 3 год, овој период зима пролет кога имаме смена, редовно ми се разболува. Еве од синоќа е како со суво блокирано носе, но не и растечено. Совет?
Господ здравје да ти даде со Вирантово. Одлично е, за 2 дена се смирија симптомите на настинка и ко ново дете да имам. Од сега натака, Виранто во секое време во домашна аптека
По потреба. Кога има симптоми на настинка. Превентивно нема потреба. Сега е на акција, 260. Ако ти требат залихи.