@AngelOfArh си го знаеш детето. Следи го, ама ништо не можеш да превенираш за жал. Јас кога ќе приметам дека се млитави и не се ко вообичаено, знам да искоментирам дека се разболуваат, мм одма мрчи, демек видовита сум била. Не сум видовита, ги знам како дишат. После ако се разболат, ми вика дека сум кобела, затоа се разболеле. Маж, оди па објасни му. Малово е фала Богу подобро, вчера беше ок, не крена веќе тт, а последно сабајлето беше 37.7. После ја префати малата од золва ми, таа поголема е, 9 години, ама сепак ептен омалакса, повраќаше, крена малку тт, имаше главоболки, аденовироза е дефинитивно во прашање. Големиот само со затнат нос е, претпоставувам дека е имун, оти со него го поминавме ова еднаш пред три и пол години.
Превенираш ли некако? Пример повеќе вит Ц, овошје, чаеви, сокови? Јас вчера му дадов место 7 капки, 10 витамин Ц и 4мл Омега место 2ипол, на своја рака. Киви давам и цедам сок, јаде многу јаболки моево па бутам јаболки. Јогурт пие колку и да му дадеш, кога и да му дадеш, давам јогурт и не инсистирам да јаде. Супа понудив нејќеше, не инсистирав, денес пак супа им оставив, кога ќе дојдам мевце мисиркино ќе му дадам. Да имав сега пиперки би му дала, тие се убави. Му гори душичката и за вода па му давам и вода почесто, чај од камилица чист како сок.
Јас секој ден давам пробиотик, цинк, селен, вит. Ц и Д3. Јадат многу овошје и зеленчук, свежи скоро секогаш, манџи, чорби. Надвор се секогаш кога дозволува времето. Тоа е тоа што правам, не може се да се превенира.
И јас давам и пробиотик и Бевиплекс плус. Д имам во Молерсот, не купив плус, а се мислев за Вигантол ама не купив, ми кажаа доволно е, тројца доктори (ортопеди) и продолжив така. Апсолутно не може да се превенира, тоа е.
Може да ми кажеш за цинкот, дали е чист или мешан со некои витамини? Еднаш кога прашав во аптека ми рекоа дека не постои за деца чист цинк
Комбиниран со витамин Ц. Давам или Цинковит Ц, цела таблета на големиот, пола на малиот, или пак пробиотикот Провен Fit for school, содржи цинк и селен, една таблета пробиотик на големиот, пола на малиот.
Па што знам дека лимфоцитите покачени беа... за леукоцитите рекоа дека се океј, зашто тие вредности таму за возрасни се. Ја прикачив погоре кс. Она е супер вака, а зашто покачени незнам... Вади заби, па ако е можно од тоа нз.. зашто со крвче и се, ептен ја мачат. Бидна, па сега ке се чуваме дома, ке се пазиме..
Нема во тој провен, само во овој за деца на школска возраст. @mariz мислам до одредена возраст е нормално да се покачени лимфоцитите, само не знам дали до година или повеќе, не сум сигурна.
A moxe da se dava na dete od 2 godini? I ako moze slikce kako izgleda da zemam da bildam imunitet? Fala
Моево има две години, на таа возраст јас го давав Провен пробиотикот што се дава до 4годишна возраст, ама бидејќи го нема веќе, го давам овој Пола издробена таблета му давам на малото.
Ние пак си заработивме инфузии. Крвна слика катастрофа,леукоцити 13,црп 59,хгб 104 ќе си пукнам од мака. @Alishan30 ако може да ми одговориш,дали е во ред после 12 дена од инфузии пак на инфузии со антибиотик.Сега примаме Лендацин со витаминска терапија.Сумњаат на бактериско,земаа брис од нос и грло.Му видиа грло,немаше ни црвено ни гној. Од симптоми имаме вака ...упорна температура од 37 до 38.4 ретко повраќање,малку потечна столица но не честа,затнато носе а на гради ништо,ни поткашлување нема и чисто е.
Син ми имаше примано 2 пати антибиотик со пауза измеѓу 2 недели. Кога мора да прими-мора. Не можеш ништо да смениш. Вториот пат исто на лендацин беше.
Фала ти Лили,ме утеши мислев многу често е дека јак антибиотик бил ова.Сега може да му давам Линекс Јуниор и Био Гаја заедно,бидејќи гледам му се разводени столицата после инфузијата?