Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.750
    Допаѓања:
    145.208
    Не е битно. Само да се испие цело. Можеш и во лажиче на неколку пати да го дадеш.
    Јас обично давам Пролајф суспензија оти има убав вкус. Или од капсулите за нас , прашокот го ставам во млеко( кога не повраќа) или на лажиче со сок. Помала количина е и веднаш го испива.
     
    На hello-kitty.90 и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.058
    Допаѓања:
    32.967
    Пол:
    Женски
    Не е битно во колку. Битно цело да го испие. Мојот го сака вкусот (некако благичок е) на био кој пробиотик па и така го лиже. Ама бидејќи е прашок може да залетне затоа подобро да се раствори во нешто (било каква течност). Малку течност и толку.
     
    На duffi и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  3. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.974
    Допаѓања:
    21.186
    На babydust му/ѝ се допаѓа ова.
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.750
    Допаѓања:
    145.208
    Сега има и Диастоп директ. За деци над 3 год . Ама слободно може и за помали. Нема никаква штета. Пробиотик е. Има убав вкус на малина и јагода и децата го прифаќаат.
    Капки сум давала само како бебе. После или прашак од капсулата или суспензија.
     
    На Sexybaby86 и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  5. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    25.029
    Пол:
    Женски
    Како да му помогнам да преспие ноќ со кашлица?

    Буквално не е спиен со денови.
    Матичната само некој балсам за мачкање на гради ни кажа и инхалации.
    Носот му тече, и кашлањето е ужас.
     
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.326
    Допаѓања:
    18.504
    Мојов кога кашлаше Салбутамол сируп ни даде,за ослободување на дишни патишта, полесно да диши.
    Кај нас друго беше проблемот, бактерија во нос па почна антибиотик, така да не гарантирам колку ефект имал сирупов. Чисто да прашаш да имаш на ум.
    Правевме купки со морска сол, од совети добивме да не јаде чоколадо ,леб или некој вид леплива храна пред спиење зошто му смета и кашла. Да биде доволно влажна собата кај што спие. И да се тапка по грбчето со свиткана дланка.
    Брисеви правевте?
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    25.029
    Пол:
    Женски
    Не сме.
    По прегледот рече немало потреба.
    Вади тројки плус, препиша на тоа...
    Фала Софи.
     
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.326
    Допаѓања:
    18.504
    И нашата така викаше ама кога виде дека после 10 дена нема подобрување направивме брис.
    Претходно и побарав сама упат зошто во декември имаше бактерија ,ама брис направивме само што му завршија симптомите и рече нема потреба да се лекува.
    Мислам и твоето оди во градинка така да не ја исклучувај таа можност.
    Малку му беше покачено црп на моето и други параметри за малку изместени од границите.

    Околу забите,на мојов му се растече носот претходната недела ама не било како друг пат да го бришам по цел ден туку еднаш два пати во денот.
    Правевме по еднаш дневно инхалации а во меѓувреме забележав дека му излезе последната двојка. Така да ,јас дури сега видов како изгледаат тие мрсули што се појавуваат кога никнува заб и не се ни слични со друг пат кога бил настинат.
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.485
    Допаѓања:
    9.404
    Пол:
    Женски
    Мукоплант сируп од борови иглички против ноќна кашлица, прашајте лекар дали би помогнал.
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.974
    Допаѓања:
    21.186
    Колку време е нормално да трае дијареа кај дете?
    Денеска е втор ден како има дијареа,претходно еден ден повраќаше,од денеска пие сируп Ентерофурил,пробиотик и електролити од првиот ден?
    Кога да очекувам дека ќе се стабилизира,немој да чекам дома па да направам поголема беља. Веќе 3ти ден како ништо не јаде,само цица. Можеби и цицањево да му смета,ама без цицање ем ќе е гладен,ем нема да прима течности и ќе дехидрира.
    Однесовме измет на испитување,резултати дури во понеделник,што може да преземам до тогаш?
     
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.463
    Допаѓања:
    38.521
    Пол:
    Женски
    Не може да дехидрира дури цица не се грижи и во млекото има елекролити. Нека цица колку сака, не му прави проблем. Ко беше мојот помал сите стомачни само на доење ги поминувавме.
    Со лажичка после секоја столица давај електролити за да се надоместат, плус супа од петел течноста и таа содржи електролити. Имал и по повеќе од недела мојот, само битно е да се надоместуваат течностите што ги губи. Храната не е толку битна дури не може, колку течностите.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    19.693
    Пол:
    Женски
    Има и неколку на вратот кај газето. Ми личат на овчи сипаници, јас имав херпес зостер можно е од мене да фатил. Како ви изгледаат на вас?
     

    Прикачени фајлови:

  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.646
    Допаѓања:
    202.132
    Пол:
    Женски
    Има под косата, зад ушите, на препоните?
     
  14. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    19.693
    Пол:
    Женски
    Нема ги пратив на неговата матична рече дека и личеле на варичела и да го проверуваме дали ќе почне да се нафрла по косата. Ќе видиме утре како ќе биде јас се сомневам на сипаница зошто јас имав на еднста страна на лицето херпес зостер и капакот на окото ми беше фатен, избегнував близок контакт со децава ептен ама сепак можно е да фатил неможев целосно да ги избегнам. Вака си е добар весел е нема некој тешкотии.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.646
    Допаѓања:
    202.132
    Пол:
    Женски
    Добро, следи, па ќе видиш. Ако не се направат нови, може е нешто полазено.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    19.693
    Пол:
    Женски
    @Annath
    Ако излезе дека е варичела, помалово дете 13 месеци не ми е вакцинирано дали може да има потешки последици ако фати и оно?
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.646
    Допаѓања:
    202.132
    Пол:
    Женски
    Не, не би требало. Секако кај нас нема вакцина за варичела.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.326
    Допаѓања:
    18.504
    Од неодамна му се појавија вакви ситни во форма на круг ,рапави бубулички на двете обравчиња.
    Понекогаш се вцрвенуваат. Сега гледам и помеѓу веѓите на челото има по некое.
    Педијатарот не го прегледа,само кога и кажав дека е исфрлен, рече да не го бацуваме,да го мијам со вода (освен на бањање секогаш само со вода го мијам) и да ставам ациди борици... имав дома Бепантен,мачкав неколку дена ама нема ефект.
    Од што би можеле да се појавуваат и што да земам за третирање?
    20210327_133622.jpg
     
  19. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.974
    Допаѓања:
    21.186
    Ентерофурил сируп треба да го давам додека да се стопира дијареата или и некој ден плус?
    @duffi
     
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.750
    Допаѓања:
    145.208
    3-5 дена. Доволно е.
    Ако има уште лекар консултирај.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.