Исто и керка ми (2г. и 6м) пред една недела имаше шлајм на грлото и нонстоп кашлаше од него. Толку многу кашлаше што навечер не можеше да спие, се гушеше. И правев инхалации со Sinomarin 1.5мл и Pulmicort budesonide 1мл, сабајле и вечер. За еден ден го снема шлајмот на грлото, продолжи уште 2 дена да се искашлува по неколку пати во денот но педијатарот ни кажа нормално е. Инхалации и правев 3 дена. Доколку не интервенираш постои можност да му се спушти надолу, со инхалации можеш само да го спречиш тоа.
Имам инхалирано само со физиолошки незнам на своја рака , ќе ја прашам утре матичната баш и најубаво да го почнам антибиотикот
Да прашам постручни и поискусни. Малата вчера качи тт. 38.6 ставив чеп. Но качува на секои пет-шест часа. Вода пие, да јаде несака. Касна сабајле една кеса смоки. Носот не е џатнат, нр тече. Самоо тт ми качува. Матичната рече три дена ако има тт ќе правиме крвна слика. Мене ми е ептен страв. Многу кратко интервалски качува. Што ако не симне? Да ставам ли плус и лепенки, оцет?
Може го фатила вирусот со тт 3 дена што трае па после дава осип. Кај моето така беше во септември. Скоро до 39 одеше тт. Давај течности ,вода,сок,чај,супа. Расоблечи и туширај на 3-4 часа. Јас вечерта го покрив со подебелко ќебе и тогаш качи најмногу тт. Му давав ефералган сируп. Кога качува тт(ладни екстремитети) не се препорачува ставање оцет,во спротивно може на чорапчиња. Може и масажа со разреден 70% алкохол со вода во однос 1:1. Ќе помине, јас не си го препознав детето во тие два три дена колку беше потиштено. Проверувај ја ноќеска почесто дали качува инаку сирупот може најкратко за 4 часа да се даде. Јас на моево кога ќе дојдеше време за нова доза (после 6ч) не му давав ако не беше покачена.
Битно е да пие што повеке течности за да не дехидрира, за јадење не ја форсирај доколку не сака. Масирај ја почесто со 70% алкохол, јас понапред ставав оцет на чорапчињата, сега ставам и на нив 70% алкохол, повеке делува од оцетот. Може и лепенки. Или е вирус, или воспалено грло. Керка ми кога и да каче температура секогаш е од грлото.
Мислам дека не е од грлоти. Вирус е некој. Пие од течност само вода. Залепив лепенка на бутче да не ставам чеп. Ќе пратам ситуација. Многу е уморно и исцрпено
Малиот 4год оди во градинка. Веќе недела дена како кашла ама само пред спиење неколку пати, во текот на ноќта може да се разбуди од кашлање и наутро може да се накашла кога ќе стане. На сува кашлица ми личи. Преку ден е ок. Нема тт, јаде, пие, се најнормално. Дали да го однесам на педијатар да го видат? Да не беше ситуацијава со коронава воопшто не размислував, вака малку ми е страв баш сеа во пикот, ама од друга стр па да не спушти.
И мојата е така, малку црвено грло. Но ми рече да ја носам на контрола да не случајно спуште на гради. Рече дека е вироза.
Ќерка синоќа качи температура, од нигде никаде. Се разбуди од спиење накај 1ч со температура која се качи до кај 39. Со чепче симна, преспа па сабајлево пак качи. Други симптоми нема. Не ми е јасно што е и од каде. Дома сме цело време, она не оди во градинка, ние работиме од дома. Контакт со луѓе во последните месец дена само со тетка и пред три дена. Гледам горе спомнувате некој вирус ама од каде би го фатила? Ќе се јавам кај матичната ама знам дека ќе каже чекај 2-3 дена за крвна слика.
Консултирајте матичен, око е, а другиве што даваат совети торбекс и слично не ми е јасно со кој памет делат совети од рака, бетер може да направите. Што е следно ме интересира, камилица да мачкате?
Мајки од што може да е вака цела вечер се отепа чешајки Има 5год Давам сируп за алергија 3дена ама не поминува
Точно. Се сложувам. Плус за мало дете се работи или бебе, тобрекс на невидено и јас сум против, може не е ништо страшно, а може треба и друга терапија. Лекар мајка, само тоа е спасот! @eli.karameli
Жени кажете помош. Малиот од вторникот/средата почна да не јаде ништо после градинка, буквално ништо. Од корка што му беше омилено па се до соленки и благо. Во средата го земавме дома со резервните алишта, го миеле таму се направил лом наводно многу какал. Го туширале. Четвртокот исто, вечерта и дома се направи лом, течна кака со светло жолта боја. Вчера на сопругот му рекле не какал а пак е со резервните ствари пратен и на нив убаво се гледа дека пак се направил лом. Сабајлево пак. Матичен само пробиотик ни дава а мене ептен ми е страв. Весел е вака, ама ништо не јаде. Незнам што да земам барав Диолин нема никаде.
https://24apteka.mk/product/diolin-liquid/ Тука имаш. Давај појак пробиотик, можеш и два пати на ден.
Големата од вчера многу хрчи во спиење, ама преку ден. Ко возрасен Навечер си спие убаво, не сум ја слушнала да хрчи вака. Секогаш ли е трет крајник во прашање? Да носам ли утре на доктор заради ова? Не е настината, нема ништо, здрава права е.. Се грееме на дрва, веројатно е сув воздухот, но вчера и во кола заспа и таму хрчеше.. Ме плаши вака..
Еден добронамерен совет до сите родители на форумов, особено на оваа тема. Читам си препорачувате лекарства, терапии, третмани за вашите деца, како да се играчки. Сериозна работа се лековите, а и секое дете е различно. Додека трошите време тука да дискутирате и праќате слики од вашите деца, подобро појдете или истата слика пратете ја на вашиот педијатар, сигурно подобро тој ќе ви каже што е работата или ако ви треба второ мислење побарајте го од друга стручна личност. Не пишувам за да се правам паметна или да се расправам со некого, само ви давам најдобронамерен совет. П.С. не објавувајте јавно секакви фотографии од вашите деца, секакви манијаци го читаат форумов.