Пoчнавме сo сируп Амoксиклав и прoбиoтик linex baby какo пoчнавме има течна стoлица жoлта? Oд штo мoже да е? Крвна слика дoбра, crp мирнo..бактериjа има мoксарела.
Мојата сеа од кога почна надвор со песок и земја да си игра се исфрла вака. Ништо страшно, следи само да не се шире.
А кој ви даде сируп за мораксела во нос на мирна крвна слика и црп? И син ми е со мораксела, имаше два дена над 39, и заради мирна крвна слика локално во нос ставаме антибиотик цитерал, не како сируп. Плус амоксиклав не е баш погоден за мораксела и е лош за стомак.
Се мачиме веќе месец дена, прoбавме сo цитерал не прoаѓаше. Пoследните два дена пoчна да се гуши oд кашлање и температура истo имаше 38,2. Сите мoжни капки мислам ги прoбавме и се пoлoшo и пoлoшo и беше така да веќе сама сакав антибиoтик. Еве мешевo е дoбрo oд денес.
супер. Давај пробиотик и кога ќе и заврши антибиотикот. Од градинка? Мојов беше 4 дена по 15 мин и одма закачи...
Мајки, молам за совет, сакам да слушнам уште некое мислење. Пред 3 дена на синко му дадоа Цефалексин за воспалено грло и мало гнојче. Средата сабајле беше исфрлен на рачињата со ситни надворешни мозолчиња, поручекта само на дланчињата му се појавија бели како пликови, директно кај матичната отидов ми рече давај му Лоратадин навечер. Денес сабајле станува го гледам мозолчињата уште повеќе воспалени и на лице и на ноџиња. Одиме пак кај матичен вика сместа прекин на антибиотик. Алергичен на некоја состојка од сирупот. Го боцнаа против алергија и мачкање со течна пудра. Меѓутоа ме мачи тоа што се прекина антибиотикот, бидејќи не го заменија со друг, не знам колку е излечено грлото, што ако повторно качи тт. Што да му давам за грло? Дали да му давам нешто за имунитет? Како да постапам и сама не знам
Не е алергија на антибиотикот, Коксаки вирус е најверојатно. Барем по ова што опишуваш дека се појавиле пликовите на лице, раце и нозе. Ќе помине само од себе. Или побарај второ мислење, ама мислам дека нема потреба од ништо дополнително, многу течности, овошје и зеленчук, ќе се среди.
Пликовите само на дланките му се појавија, дури отидовме кај матичната му беа повлечени скроз. Другиве се како мозолчиња, црвени ситни и многу на број.
Синојќа крена тт 38, цела беше затната, не може да спие. Денес цел ден беше весела, јадеше, без тт. Носот и течеше. Еве вечерва пак ми крева тт и пак цела затната. Ја намачкав со фитобалм на градите, исчистив нос со пумпица, едвај некако, не сака да дува вика дека ја боли. Да напоменам дека пред 3 недели почна во градинка. Има 3 години и ова и е прво да речам настинување/разболување. Што да давам и утре за да и олеснам ? Во понеделник одма ќе ја носам на лекар
Oсвен чистење нoсе нема штo да правиш, спреj Синoмарин. Акo крене над 38,5 даj далерoн. На мoетo му пoмага и малце да се пoшлапа вo кoритo.
земал да пие од мојата чаша кога видов и кога му ја грабнав.... Пак тие гнојни ангини и воспаленија на грлото и крајниците се од бактериска инфекција (според мене) раат да не си со деца,ни да се свртиш ни ништо.
Како користите алкохол за симнување тт? Имам 70% дома, ама многу ми е страв да ја намачкам. 50-50 се разредува или како ?! Никогаш не сум користела. Пие парацетамол сируп и амоксиклав ама тт подолу од 37.5 после испиен сируп не оди ..
Додека бевме во болница ја мачкаа со чист алкохол по раце, нозе ама имаше 41 температура. На толку ниска стави сенф на стапалата или разреден оцет.
Не и измерив колку и е пред сирупот, туку отпосле. До 37.5 спушта и за кратко пак е жешка на телото а нозе ладни. Блада во сон, зборува цела ноќ и вчера и денеска, сака на маичка да спие само,жешко и е вика.. Не знам дали да ја оставам така. Од нигде, наеднаш тт од вчера ..