Ти кажа и Дафи смени сируп може и е слаб Далеронот , и моето блада и кенка кога има температура. Јас кога е таква температура мачкам ладен сенф на стапалата и и ја симнува барем до 37. После пак ќе каче ама барем да е на 4-6ч.
Дијареа има керка ми и плаче дека ја боли стомак За рок од пола час 3пати одеше во вц Дома имам само линекс јуниор и дадов ама еве пола час уште се жали дека има болка,не нон стоп но повремено ја заболува и сака да оди во вц Што друго можам да дадам
Што давате за кашлица за дете од 2 години станува збор. Бевме на доктор ни дадоја антибиотик бидејки и грлото е црвено, капки за во носето но премногу кашла дури и поврати преге шлајмови
Ќе jа смири антибиoтикoт. Нас ни дадoа за да и oлесни oкoлу кашлицата тусербе jуниoр сируп на прирoдна база.
Одете на лекар и обавезно давај ОРС сокчиња да не дехидрира. Направете крвна слика. Што има јадено? Да не е труење со храна?
Исто сме и ние, повраќање и проливче плус температура. Бевме и на клиника вчера вирус е, имаше најмалку 10 деца со дијареа. Ништо не ни дадоа само диета, пробиотик и орс.
Малиот е настинат. Давам риностоп трети ден, носот не тече толку ама се убива од кашлање. Сува кашлива нее со секрет. Утре ќе го носам ма лекар ама како да му помогнам до итре да му се смири кашлицата? Салбукамол сируп знам одма ќњ го смири ама без рецепта дали ќе ми го дадат?
На мојата од ова и се среди кашлицата. Матичната рече било кој сируп па ми го пофалија овој и стварно имаше ефект.
Малиот ми е трети ден со температура првиот ден одеше температура до 39.3 бевме на лекар , според него се нормално мало вирусче и само парацетамол сируп да давам над 38.5 тој ден со парацетамол неможевме да ја намалиме температурата давав ибруфен туширав комприри сенф оцет и се стабилизираше.Вчера температурата одеше до 38.5 на секои 9 саати се покачуваше нема секрет не кашла а од вчера само носот како затнат i прскам со отривен капки 3 пати на ден .Денеска температурата оди до кај 37.8 па сама се спушта до 36.6 на секои 4 -5 саати, но носот нон стоп крчи кога спие. Прв пат е со температура и малку паники ме маваат , што друго може за носето или само да продолжам со капкиве и да чекам вирусот сам да замине да се избори телото. А и од пред неколку часа има мал осип околу вратот од температурата. Da se nadopolnam pokraj virusot vadi i 4 cetvorki toa e plus vo situacijata.
Нормално е сваќе од градинката.Јас давам само норофен по потреба.Тука тоа е стандарна терапија, парацетамол и капки и чекај да мине.Тешко, напорно, безпомошно се чуствуваш ама нема друго само чекај и ќе помине. Можеш да го мачкаш со ракиичка ако имаш 70% разредена со вода 50:50 сооднос,малку стопли ја и мачкај.Ем ке го опушти малку.Ако имаш обична ракија 30-40% можеш без да ја разредишАко симнува и сам тт не ни мора да даваш сируп.За носето инхалации со физиолошки можеш да му правиш исто 3 пати на ден.Ова како што кажу аш со осипот ми изгледа на 3таге фибер-розеола.Ќе му помине осипот сам. Да минува побрзу и со лесно
Не знаев во која тема да прашам, ако треба нека се премести. Упат за брис и крвна слика даден од мат.педијатар знае некој колку дена важи?
Вирусот му е ради четворките. Од чешање и раце во уста нафатил некој вирус. Од ова што го опишуваш најлошото ви поминало. За температура нема нешто повеќе што можеш да направиш. Штом веќе сам спушта температура ОК сте. За носот можеш ноќе кога спие да исечкаш кромид на парченца и да му ги ставиш во тањирче под глава (над под некаде блиску до главата или на ноќно масиче до кревет). Неверојатно е ама им пушта носето. Исто ако можеш мачкај на градите со некое средство што е за затоплување. Не знам какво има во Германија ама тука има баш избор. Јас користев кога беше помал едно на Expulmo (Павле за мачкање). За над три години има и од Mucoplant балсам од Еукалиптус. И тоа многу помага.
Утрово малата ми се пожали на стомак и дадов линекс и добра беше се до попладне почна пак да се жали Нема дијареа нема повракање добра е само што се жали повремено на стомак Еве сега пред 20мин пак почна да се жали Што би можело да е не ја боли цело време само повремено ја заболува Колку пати на ден можам да дадам линекс?
Да не не може да се искака? @Alishan30 @duffi малиов пројави симптоми на алергија и пие Летизен. Ама не знам колку дена трае терапијата,мм го носеше кај педијатарот и не запамтил. Дали е доволно 7 дена? Инаку му течеше/се затнува носе, чешање очиња,му се вцрвенуваа и насолзуваа па затоа се посомнева на алергија,или од што вади тројки настинка.