Мора пробиотик. Нас ни даваа во 10 пробиотик во 1 антибиотик. Не се секирај лендацин е јак, точно, ама велат неговото дејство и неколку месеци подоцна штити. Мене ми го врати детето во живи..
Мене лендацин ми излечи упорна досадна еширихија, сега ќе си одам поштено и пак ќе си побарам. Не ја лечи ништо грдосијава.
Кај мене е долготраечка, веќе 15г трае, сензитивна е само на Бактрим и Лендацин, друго се не делува. Ама и бактримов гледам не трае долго.
Јас сум на работа и во гужва и затоа не видов дека ме прашувате, лендацинот е добар, ако мора-мора да се дади вторпат антибиотик за кратко време.црп то е високо и одлично ве третираат. Био гаја и линекс не заедно, исто е.или едно или друго давај. @LiliBoz се убаво ви пишала, слушајте ја додека јас да видам, ете брзо ви дала совет и одлично ви пишала @MamacitaBuena со лесно
После шести ден почна да не крева над 39. Денес шести ден со тт, 38,7 вчера. Претходните пет дена 39/40
Мојот имаше аква ситуација пред две недели и заврши со антибиотик. Потоа ситуацијата почна да се нормализира на контролната крвна слика. Ама моето имаше и покачено ЦРП.
Црп ни е ниско. Она веќе 5 дена е со Т (варира од 37.5 до 40) леукоцити исто нормални. Докторкава вика вирус.
Штом нема покачени леукоцити и црп,вирус е со сигурност. Ќе си почекате малку,тој е поупорен со времетраењето од бактериските инфекции,бидејќи само времето ги лечи вирусите,конкретен лек за нив нема.Време и трпение. И да се даде антибиотик,џабе е.
Мајки дали после антибиотик некогаш сте имале ситуација дундето на малата има како многу бело внатре Обично кога ја бањам ја чистам убаво па синоќа забележав премногу бело а и се жали одвреме навреме на печење Пиеше 4дена амоксиклав и 3дена Сумамед
Многу е можно да се развила габична инфекција после антибиотикот. Консултирај се со педијатар за да мачкате антимикотик.
А пробиотик не даваше? Нормално е, многу е тоа антибиотик, башка од Амоксиклав секогаш се прави. Одмивај ја со вода и сода, благ раствор, во литар вода мало лажиче сода. Ќе помине.
Мене лично ми ствара вртоглавици, не ми прија, сестра ми на внука ми го даваше, мислам над 4г се дава.
Над 6 се дава, затоа ми е шубе. Малово е две и пол години, докторката ми рече или тој или Тајлол Хот, пет дена да го давам.
Ни едниот ни другиот не би го давала. Мукоплант земи оној за добра ноќ, мене ми се нашол ептен. Мачкај со Експулмо на гради и грб, свежо цедени сокови и така ние настинки проаѓаме.
Ми рече и докторката за Мукоплант, секако го имам дома. И Спиранто лепенки ми препорача, вит. Ц, пробиотик, синомарин и оперил П, сето тоа веќе го користиме. Ама за грип се работи, не е обична настинка.
Ооооо... За грип нели оној сирупот Изопронизон го препорачуваа? Или не беше за тоа? Шо знам, мене лично Риностоп ме замајува, ваљда дека има во него лоратидин, ме успива, како пијана сум.