И мојов е со алергија... Носот чешма проѕирни мрсули, очите ги чеша... Кај ни се погодија децава, егземи, алергии.. Ја аериус сируп давам, до сега 3 дена, ќе тераме 10.
Јас едно нешто сум забележала одамна - речиси со секој антибиотик ни даваат и антихистамник,односно сируп за алергија. И др мајки велат дека е така.
На моево не му тече многу носот, првиот ден два течеа проѕирни мрсули. Во последниве денови ќе протече неприметно, а после гледам суви жолти мрсули налепени на носето. Почесто му е затнато од што тече. Во пон ќе го носам на контрола и ќе барам упат за брис, да не се мачи како претходниот пат ако има нешто..
Пред два дена брат ми беше мн лошо повраќаше на секој саат, го однесовме на лекар рекоа труење. ( од Ројал хамбургер) само тоа јадеше. Сега син ми 3 год исто. Од синоќа два пати поврати.. Што може да е? Стомачен вирус?
Вирус е стомачен и ние поминавме, се уби од повраќање цел ден плус температура, ја однесов на клиника имаше уште најмалку 10 деца со дијареа. Утре дента и сопругот го фати, трае два дена, стави го на лесна исхрана и пробиотик давај
И вртам на матичната не дига никако. Што да му давам во меѓувреме? Душичка, прв пат му е да повраќа од бебе
Земи орс електролити за растворање и давај му голтка по голтка со лажиче,ќе се опорави и пробиотик обавезно.
Мерев тт веднаш штом влеговме дома,а се возевме во кола околу 20мин. Дали да го сметам за релевантен резултатот бидејќи колата беше загреана?
Зависи колку температура измери, до 37.5 може да е прегреано. Зошто не му измериш пак, расоблечи го прво.
Исто и јас и ќерка ми тек денес нормални да сме , 2 дена ја некња повраќав незн колку пати , клапнав скрос , вчера помалку , а она дијареа цело сабајле и денес малку само . Јас и давав само пробиотик и на исхрана лесна и двете си беме на крекери повеќе , ги мразам стомачниве вируси Земи електролити спас се , ќе мине за брзо
38.3 измерив, он е болен (затнат и растечен нос) веќе 7 дена ,а од вчера вечерта качи тт. Сега се вративме од контрола и веднаш земав да му мерам. Расоблечен е ,по кратки и без чорапи. Еве сега мерев по втор пат 38.1 Ноќеска највисока беше 37.9, од вчера почна и да кашла. Направивме и брис,утре кс. Ни даде 3 вида ампули за инхалација докторката...има спуштено и на плуќа
Тогаш има температура но не е уште за сируп, остај малку нека се бори телото до кај 38.5. Со помин нека му е.
Што можам да дадам за болка во мешето? Два дена беше со температура, и се жале на меше претпоставувам дека е стомачен. Еве веќе втора ден нема температура ама сега се жале ја болело мешето, нема дијареа само по течна столица (од 3 до сега два пати е какана) Давам пробиотик Линекс капки.