Да пробаш чорапи со оцет 50-50 разреден со вода? Или да масираш со 70% алкохол разреден 50-50? Ако не спие можеш да ја истушираш,да проветриш соба. Сум читала мајки крпчиња со ладна вода натопени дека ставале на свивките,под пазуви и под колена. Со лесно
Само што заспа по 2 пат тоа е проблем и одма почна да качува. Ставив сега оцет на чорапите ќе пробам дали ќе смени нешто за да не ја будам. Ако не пак ќе ја будам нема друго. Фала
Лепенките ни кажа педијатар џабе немаат никаков ефект што и во пракса се испостави дека е во право. Колкаво е малото и каков сируп му даваш?
Поголеми сте од нас, да не се правам педијатар, моето е 14м нас многу ни помогна блокмакс. Што да кажам издржете ја ноќва па утре носи го на педијатар. Со лес
Туширај со млака вода... мене сирупите ми ги повраќа и ако е висока чепче ставам најбрза и ефикасна варијанта... е сеа дека веќе има пиено сируп не знам когс смее пак, уштене научив тоа, да прашате дежурен или во аптека...и мојата е 2 ипол
Парацетамолот може да не делува кај поголеми деца. Пробај да смениш со Ибупрофен (Блокмакс или слично). Или евентуално пробај да земеш Парацетамол сируп од Алкалоид (на моево само тој му делува, горчи малку ама е ефективен).
Малиот очекувано качи температура 38.8 после 3 дена во градинка. Му дадов ефералган, давам течности и го расоблеков. Освен температурата нема други симптоми, па си мислам вирус е, многу е малаксан. Треба да го носам на доктор крвна слика да правиме? И кажете ми од аптека со што да се обезбедам да бидам спремна зашто првпат е болен.
Внук ми прв пат кога се разболе му ставаа чорапи со оцет и највеќе тоа спушташе исто кожа на кожа го држеше сестра ми расоблечен и тоа дополнително му ја влечеше температурата. Плус кисело млеко ако имаш воведено тоа му даваа божем намалувало температура ( памтам како мала кога бев болна стално попари со кисело млеко ми правеа)... првиот пат памтам толку 3 дена го држеше
И јас мислев сега кисело млеко ама заспа. Чорапи само што му ставив ама со вински оцет, не знам каков треба. Гревче ми е ептен, не можам да го препознаам
Ептен се жални не знаат што им е ...ќе помине инаку ставаа обичен јаболков за дома што сме употребувале за јадење валда е ок таков. И одма за пола саат му се сушеа чорапите и пак на ново тоа значело делува ја вадело темп. ќе набилда имунитет внук ми така се разболе на почеток еве 5 години се нема разболено од градинка ќе го помине
Секоја година штом почне по кратки да искача на сонце му се прават вакви како ситни топченца на лактовите. Со што би можело да ги мачкам, имате ли искуство со вакви??
Ништо друго. Мнооогу течности, вода, млеко, било што, нуди го нон стоп. Јадење не го нуди ако не сака, нормално е при покачена Т да немаат апетит, ама телности мора обавезно! Со помин нека е само.